Оној шпански што го говорат во „шпанските“ серии не е оној официјален.
Стандардниот шпански може да се слушне во
оваа.
Па не е баш така. Шпанскиот, како и англискиот, е светски јазик со повеќе официјални (односно стандардни) варијанти. Во Шпанија официјалниот јазик е кастилијански (castellano) но, во останатиот дел од светот (околу 20 земји) се зборуваат поинакви
стандардни варијанти кои се разликуваат по фонологија, морфологија, синтакса, итн. Постои и асоцијација на академии
Asociación de Academias de la Lengua Española која ги регулира овие стандардни варијанти на шпанскиот јазик. Значи, не се работи за еден стандард и многу дијалекти, туку за повеќе стандардни варијанти. Речиси секоја хиспанофонска земја има
свој стандарден шпански и локални дијалекти. Слична е ситуацијата со англискиот каде има повеќе
стандардни варијанти: британски, американски, канадски, шкотски, ирски, австралиски, јужноафрикански... со таа разлика што во англо-саксонскиот свет утврдувањето на стандардот денес не го регулираат академии.
Имаше коментари дека шпанскиот не е перспективен. Напротив -- шпанскиот јазик е и тоа како перспективен (како прв и втор јазик го зборуваат половина милијарда луѓе). Во САД, на пример, шпанскиот е де факто втор јазик. Во Флорида, Тексас, Ново Мексико, Аризона, Калифорнија, Невада е задолжителен за многумина коишто работат во банка, ресторан, туристичка агенција, хотел, аеродором, владини агенции, болници, полиција, судови...За 15-20 години се очекува САД да бидат нација со мнозинско хиспанофонско население.
Гледам има некои кои се интересираат за курсеви по шпански. Во Скопје има
одличен специјализиран центар за шпански јазик
CASTA DIVA кој е единствениот во МК акредитиран од
Шпанската влада -- Институтот Сервантес. CASTA DIVA е единствениот центар во МК кој организира курсеви и издава сертификати за познавање шпански кои се признаени во сите хиспанофонски земји.