Шокантно - анексите на сдс и грција

Член од
6 март 2009
Мислења
11
Поени од реакции
1
Слушај вака,абе ние како да живееме во различни општества ебаго,кога ти им веруваш само на индиции а без докази и судски постапки тогаш си закочена во минато,ама одамна минато време.
Левинска Моника го обвини Клинтон дека сексуално ја малтретирал кога му го пушела,а Клинтон се заколна дека не и свршил “внатре“,е сега кога можеше Моника тоа да му го направи на Клинтон зошто Мирка не го тужи Бранко за нешто поиндикативно како што самата тврди дека има “индиции“,ние овде се препираме оти имало индиции,носиме заклучоци без судски постапки и никакви докази.Си има суд,нека поднесе Мирка кривична пријава и доколку го осудат Бранко ќе бидам првиот што ќе барам истата да се прогласи за национален херој,дури и споменик да и се направи на сред плоштад,веднаш до оној на Александар.Мрчите нешто без врска,кога и сами знаете дека е само предизборен маркетинг од кој нема толку голема потреба.Бранко заминува во историјата по недела-две а со Миркините изјави само му го билдате рејтингот,како да сте му секретарки ебаго.

Мене едно ми пречи што ни од далеку немозат да се споредуваат личностите Б.Ц и Никола Груевски.Тоа ми пречи.

И Јас велам судски процес,се слозувам целосно.

Тоа Мирка што го изнесе во јавност се поклопува 100% со она сто ни се случува.Немој сега да се навредуваме со ова ме навредуваш дека јас незнам правилно да расудувам.Дали изнесе дека Македонија ке ја прават Унија на народи?Дали слушаш ти на последните митинзи како Фрчко директно и јавно казува за кантонизација на Македонија и дека ке го смени името?Мислам полека.

Дали лично бившиот Претседател Глигоров јавно каза дека Фрчковски му нудел пари за името?Кој да го тузи?Јас да го тузам?Си има институции за тоа.Па кога го слушнав на еден митинг Фрле како изјавува тој бил националист!:pos2::pos2::pos2::pos2: Се згазив од смеење!

А биди сигурен дека јас ке тузам секој оној кој ке проба да го смени името,без име да не се лаземе идентитетот неповратно го губиме.Мозат да лазат колку сакаат не им верувам.Погледни околу нас имаш Србија чудно таму зивеат Срби,имаш Бугарија таму зивеат Бугари,имаш Грција таму зивеат Грци.Имаш Албанија таму зивеат Албанци.Е кога станува збор за Македонија тоа немозело да биде така.Е ке се прашаме!!!И НЕ МИ СЕ ВЕРУВА ДЕКА ОДВНАТРЕ,ЗНАЧИ НАШИ БРАКА МИСЛАТ И ПОДРЗУВААТ ПРОМЕНА НА ИМЕ.МЕ УБЕДУВААТ ДЕКА ЈАС ТРЕБА ДА СЕ УКИНАМ ЗА ДА ВЛЕЗАМ ВО ЕУ И НАТО!

Тузбата во овој случај треба Б.Ц да си ја поднесе.

Ке те прашам неколку работи за да знам на која основа разговараме

Мислиш ли дека во Македонија нема демократија?

Мислиш ли дека во Македонија се врши антиквизација?

Ја подрзуваш ли тезата дека патриотите кои си ја сакаат татковината треба да се нарекуваат Македоноиди?

Мислиш ли дека Груевски е крив за економската состојба во Македонија?

Мислиш ли дека Македонија е изолирана?
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192

Види вака Надица,јас или ти како поединци во оваа држава воопшто не сме битни,па според тоа станува беспредметно да дискутираме што нам ни смета како поединци во државава.Споредби на Б.Ц. со Н.Г. не може ни оддалеку да правиме,а и во чија корист би било тоа?Ние можеме да дискутираме за тоа дали е исправно тоа што Мирка го изнесе во јавност како предпоставка или индиција,без да покрене обвинителен акт против Б.Ц. за “наодите“ кој како што тврди таа ги поседува.А и Б.Ц. сигурно не мислиш дека е толку глуп сам да си поднесе тужба за злодело чии факти и докази ги “поседувала“ Мирка.
-Во Македонија владее некадарна технократија наместо демократија.
-Во Македонија не може да се врши антиквизација затоа што таа е постара и од антиката.
-Сите луѓе што се родени на оваа територија се стекнуваат по автоматизам со право да се нарекуваат едноставно Македонци,се разбира во зависност од нивните сопствени чувства,како што исто така можат сами себе да се нарекуваат и Албанци,Грци,Срби или Бугари.Никој не може да им го одземе тоа право слободно да се викаат според сопствените чувства.
-Мислам дека прилично голем дел од вината за лошата економска состојба во Македонија сноси и Никола Груевски,покрај многумина други,во последно време пред се поради катастрофалниот избор на “експертите“ кој го опкружуваат.
-Македонија е најизолирана земја во Европа,а за несреќата да биде поголема,народот во оваа земја не може целосно да се посвети кон изнаоѓање решение за излез од таа изолација,зошто мора огромен дел од своето време и сили да посвети врз сопственото опстојување како Македонски народ,изборот на Председатели и Премиери кој ќе продолжат да му ја кројат судбината понатаму,како и врз задржување барем на сопствената територија која засега ја има стекнато со отцепувањето од СФРЈ и прогласувањето независност.:toe:
 
Тука си во грешка голема и тоа како јас и ти сме битни и тоа што го мислиме.Индивидуата е на прво место секогаш.

Технократија,а не демократија велиш?
Не се слозувам со тебе како никогаш до сега во Македонија има слобода на говор,печат,плурализам на сите мозни полиња.Значи се согласуваш со оцрнувањето што го врши опозицијата врз Македонија надвор од неа!

Не ми одговори на прашањето,јас и ти не сме политичари да ми даваш политички одговори,те прашав дали мислиш дека во Македонија се врши антиквизација?Крако да или не.
А се слозувам со тебе дека Македонија е постара и од антиката,ако тргнеме од карпестата уметност мозе опозицијата да поцне и карпеизација да го нарече како јас го нарекувам Македонско созревање кое ни беше одземено кога сите околу нас го дозивуваа!Но некој одвнатре се обидува да ни го попречи нормалното созревање!

Епа не е така Фрчковски кој гледам е гордост на опозицијата директно го проблематизира Македонскиот идентитет,со изјави како ке сме се нарекувале славомакедонци,македонци(со цртица)македонци за да сега бесрамно излегува и збори за проблематизирање на иденитетот од страна на власта.Тоа е лицемерие парекселанс!

Мозе небев јасна прашав дали сега што се случува како последица на глобалната криза,тврдиш дека е крива Владата?Кој го среди катастарот,кој ја доврши инвестиционата зона Бунардзик?Кој беше ставен на 4то место како најпогодна земја за инвестирање?Дај немој те молам,направија се сто беше во нивна мок,признај го тоа.И не се слозувам со експертите.Погледни ги изјавите на "независните"(опозициски) експерти кој промашија се сто казаа и предвидуваа!

Хахаха се почнува да ми е јасно кога ке прочитам дека Македонија е изолирана.Добро ти пратиш вести?Не слушна дека Европската Комисија ке препорача датум за отпочнување на преговри?За каква изолација говориш ти??Од што сме изолирани ние?Мозеби немаме војници во НАТО мисиите во Авганистан??Каде тоа сме изолирани?Ако мислиш на визна либерализација па дај немој кој немрдна ни со прст да исполни барањата кои ги има ЕУ за да ги спушти бариарите?Кој ги исполни сите потребни критериуми?

И немозам да верувам дека ниеден весник,ниту медиум провладин,проопозициски не каза ниту призна ниту спомна дека ова што се случи со посетата и изваштајот на независниот експерт на ОН за малцинствата во Грција беше директен резулатат на писмата сто ги испрати Никола Груевски до сите Мегународни организации,НАТО,ЕУ,ОН!!!

Македонија мора да застане на здрави нозе да се спротивстави на сите негирања и тоа зестоко да одговори веке ми е мака од банана политиката која ја води Македонија кон се што доага однадвор!А тоа е резултат на чуството на инфериорност и страв кој опозицијата им го всади на Македонскиот народ!На кој му доага крајот!Победничкиот дух треба да не води на не инфериорноста!

Како мозе да му се збори на народот дека Македонија ке се распадне ако не гласаат за нив!Бог да чува!Нормални се тие?
 
Во друга земја индивидуата не е битна колку што се битни нејзините права,како можеш да ми тврдиш дека Македонија е демократија кога ни Мирка не може да го тужи председателот со “аргументите“ кој ги поседува.Впрочем и самиот премиер кога дојде на власт изјави дека тој бил повеќе технократ одколку демократ,најверојатно оти така го советувале од “фабриката“ да изјавува.Во Македонија нема потреба да се врши антиквизација зошто таа сама како Македонија си има антика многу повеќе од сите други окулу неа,значи мислам дека антиквизација не се врши туку нормално си се класифицираат одредени работи кој досега намерно беа потиснувани од одредени па и внатрешни структури.
Фрчко со фенерче да го бараше опозицијата немаше да го најде,затоа што тој и таму не ужива некој посебен рејтинг,па најмалку членови на СДС ќе гласаат за него,според информациите што ги добивам од одредени членови кој побрзо би гласале за некого случајно избран од улица,одколку за Фрчко како нивни кандидат.Впрочем намерно бараа некој избламиран и не толку инволвиран свој член кој не е ни кој знае каков активист во партијата,барем во последно време.

Катастарот е среден,ама состојбата со земјиштето е хаос,особено одкако владин предлог излезе да си го купиш сопствениот двор за 5-10 евра од квадрат,иако предходно уредно си платил за комуналии и право на користење на земјиштето.Значи Македонските граѓани кој си купиле плац,си изградиле легално објект на истиот,сега со одлука на оваа влада ќе мора да платат дополнителни 2-4 000 евра за истиот тој плац кој еднаш веќе го платиле пред извесно време.Ако тоа го викаш за среден катастар,тогаш немам зборови.
За инвестирање немој ич да спомнуваш,оти и тука не си во право кога ќе размислиш која будала би инвестирала во земја со најскапа електрична енергија и со монопол за продажба на истата,која сега моментално низ Европа е 2-3 денари од kW/h,додека кај нас,еве конкретно кај мене во објектов е 13-14 денари од kW/h?Koј би инвестирал во реален сектор кога водата која јавното претпријатие во Прилеп ја плаќа по 1.7 денари од кубик,а мене ми ја препродава по 58 денари од кубик?Има ли таков ненормален инвеститор кој нема да праша за овие основни трошоци кај секоја посериозна инвестиција?А од друга страна дури и ти си убедена дека имаме многу добри услови за вложување со фамозното 4то место од кое ни ги отекоа мадињата по медиумите.
За стравот на народот,мислам дека не е толку многу од ставовите на СДС,иако и тие допринесуваат прилично многу,туку е од реалноста со која се соочува секојдневно тој ист народ,во континуитет веќе 18 години.Македонците се деградираат на сите страни,изолацијата “вришти“ а ние живееме практично во ГЕТО и само пристрасни и провладино ориентирани луѓе од кој по некои се и со дипломатски пасоши се прават “на Тошо“ дека не е така,иако реалноста е сосем спротивна дури и според оценките на некои европски организации кој извршија сондирање по амбасади низ Македонија.Страшен процент од младите Европа ја виделе само на реклами и по каталози а ти ми мрчиш немало изолација,или се заебаваш колку да не ти студи или му ги тинтраш на Џорџе,според неговите дудлачки изјави,во кој тој не се чувствувал изолиран.:tapp:
 
Член од
3 декември 2008
Мислења
321
Поени од реакции
8
Демантот на птетседателот

СООПШТЕНИЕ

Ова соопштение само што го добивме од кабинетот на Претседателот на Републиката па еве веднаш на увид на јавноста

Телефон: 02/ 3112 037

Факс: 02 / 3112 147

СООПШТЕНИЕ

5 март 2009 год.

.

Реакција од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија во врска со текстот објавен во дневниот весник "Нова Македонија" на 4 март 2009 година, со наслов "Македонците се бришат, Македонија станува Унија на народи" од авторот Мирка Велиновска:

Во изминатиот период Кабинетот на Претседателот на Република Македонија одбегнуваше да коментира различни конструкции и шпекулации пласирани во електронските и печатените медиуми кои се оденесуваа на ставовите и активностите на Претседателот на државата. Овој пристап го почитувавме уште повеќе кога се работеше за текстови објавени од автори со одамна изгубен професионален и човечки кредибилитет.

Имајќи во предвид дека овој пат делови од текстот "Македонците се бришат, Македонија станува Унија на народи" објавен во дневниот весник "Нова Македонија" се презедоа во неколку електронски и печатени медиуми (сакаме да веруваме дека се работи за чиста случајност, а не за предизборно сценарио разработено во нечиј партиски штаб), решивме да го објавиме следниот демант:

1. Целиот текст е лажна конструкција без било какви факти и аргументи и без било какви допирни точки со реалноста.

2. Ставовите на Претседателот на Републиката во однос на спорот со Грција се добро познати и во безброј наврати јавно соопштувани пред македонската јавност. Никакви тајни планови не постојат ниту пак има потреба од такво нешто.

3. Летото 2007-ма во Охрид се одржа средба со професорот Адиџес, која беше организирана не од страна на шефот на државата туку од страна на премиерот Груевски. За тоа говори фактот што средбата се одржа во премиерската, а не во претседателската резиденција, како и составот на останатите присутни: Зоран Ставревски - потпретседател на Владата, Њубиша Георгиевски - претседател на Собранието и д-р Срѓан Керим. Претседателот на Република Македонија на оваа средба учествуваше како поканет гостин од страна на премиерот Груевски.

4. Македонското државјнаство на г-динот Адиџес му го врачи премиерот Груевски, а не Претседателот на државата.

5. Претседателот на Република Македонија ниту има информации, ниту пак има покренато некаква постапка или иницијатива за доделување на академски статус на г-динот Исак Адиџес.

Инаку, претседателот Бранко Црвенковски со професорот Исак Адиџес се познава долго време, имале повеќе средби, заклучно последниот пат при неговиот престој во Скопје, пред неколку дена, кога на покана на претставници на бизнис заедницата професорот Адиџес одржа предавање. Но и на таа, како и на која било претходна средба, ниту се разговарало, ниту можело да се разговара за посредништво или за медијаторство на г-динот Адиџес во спорот околу името.

Претседателот им порачува и на нарачателите и на изведувачите на вакви сценарија дека времето за лажење во Македонија полека но сигурно привршува. Соочувањето со вистината за многумина ќе биде горчливо, но во исто време и неизбежно.

Кабинет на Претседателот на Република Македонија

Одговорот на Мирка.

Манипулации во демантот на претседателот Црвенковски сака унија, ама Груевски да ја потпише

Автор: Мирка Велиновска
Исак Адижас е експерт по менаџмент и организација. Работи и живее во САД. Поседува израелско, македонско, а од минатата недела и црногорско државјанство. Со Македонија е врзан и поради своите корени. Тој е роден во Скопје и со своите родители ги минал овде детските години, сè до Втората светска војна. Во годините на осамостојувањето почувствува потреба на својата прва татковина да и помогне со своето знаење, па со оглед дека владејачка партија во тие години беше СДСМ, тој и ја понуди својата помош на македонската влада, односно, на Бранко Црвенковски. Така се запознаа. Но тоа познанство не се претвори во конкретна соработка.

Адижас, во времето на транзиција на економијата од општествено самоуправна во пазарна, на тогашниот премиер Црвенковски му препорачуваше модел на приватизација сличен на словенечкиот – ваучерски. Црвенковски меѓутоа го преферираше својот модел на првобитна акумулација и тука заврши и соработката.

Пред десет дена Адижас имаше минитурнеја низ Западен Балкан. Беше во посета на Црна Гора, каде што Мило Ѓукановиќ му го врачи црногорскиот пасош, го очекуваа во Србија, во Нови Сад, каде што професорот има фирма, но таму не отиде по престојот и средбата со Црвенковски во Скопје.

Од Подгорица во Скопје тој дојде со изнајмениот државен авион што го плати Светозар Јаневски. Тој и „Семос“ се организатори на трибина на која, за 250 евра од слушател, Адижас можеше да ги елаборира своите знаења за кризен менаџмент на фирмите.

За време на својот краток престој тој оствари средба со Бранко Црвенковски и Киро Глигоров, а не успеа да се види со актуелниот премиер Никола Груевски, иако е негов советник. Резиме на таа минипосета даде самиот Адижас и во интервјуто за Алфа, но и за своите пријатели од младите години. Како што веќе напишавме и објавивме, нашиот сограѓанин Адижас, на средбата со Црвенковски, слушнал за неговиот план за новата етапа во транзитирањето на Македонија од држава на македонскиот народ, преку рамковна мултиетничка и формално унитарна држава, во некаква унија на народи со ново име. Тој свој план опозицијата ќе почнела да го остварува оваа есен користејќи ги лошите економски состојби во државава, со процена дека масовните протести ќе доведеле до демисионирање на Владата.

Професорот Адижас на своите пријатели им изјави дека „сега првпат е мирен во поглед на иднината на земјава оти изложениот концепт му се допаѓал и го поддржувал и Киро Глигоров, кој бил интелектуално и сè уште е свеж“. И така, мирен, тој замина за Израел виа Атина. Професорот Адижас имал и приватна причина да ја оцени својата посета за успешна. Добил ветување дека ќе стане академик.

Купиште различни ставови

Кабинетот на Претседателот овие наводи ги демантира така што ги нарече чиста измислица, конструкција и небулоза на новинар со нарушен интегритет. „Особљето“ во Кабинетот тврди дека ставот на претседателот во врска со името и бил добропознат на јавноста. Тоа не е точно. На јавноста и е познат само моменталниот став по ова прашање на Бранко Црвенковски.

Имено, како почитувач на новопроизведени реалности, неговите ставови се менуваат според моменталните состојби. По конкретното прашање, од почетокот на грчко–македонскиот спор, тој ги имаше следниве добропознати цврсти ставови во врска со името: Македонија не може да го смени своето име зашто тоа име го носи и мнозинскиот народ. Македонија не може да преговара со јамка околу вратот. За Македонија решение во спорот е двојната или т.н. „ирска формула“. Македонија досега направи многу отстапки и нема што да дава понатаму. Македонија смета дека последниот предлог на Метју Нимиц за проширена двојна, односно, тројна формула е добра основа за натамошни преговори. Двојната формула е официјално мртва, а новата реалност едно име за сите употреби мора да се прифати. Треба да бараме гаранции за македонскиот идентитет. ЕУ да стане посредник во спорот. Македонија мора да се преименува, ама Грција да не биде официјален кум за новото име. Кум ќе биде Фрчкоски, кој ни вети дека ако биде претседател, ќе ни изберел далеку поубаво име од она што го носиме во ООН, демек, Грција се расправа со нас за нова референца, а не за трајно име. Очигледно Кабинетот на Црвенковски, како и Хидрометеоролошкиот институт, впрочем, треба да излегува со дневна прогноза, за да знаеме што нè чека наредниот ден во поглед на неговата „политика“.

Црвенковски не разговарал со Адижас за името, вели Кабинетот. „Особљето“ не било присутно на разговорот, па и не знае дека Шефот разговарал, и тоа конкретно за името Северна Македонија. Му објаснил на идниот академик дека тој веќе го прифатил, а Груевски бил тврдоглав и го одмолчал предлогот (кога и каде државниот врв „дебатирал“ на оваа тема веројатно ќе слушнеме во некоја друга пригода). И не само што разговарал туку професорот Адижас во електронска комуникација ова го потврди повеќепати, убеден дека единствената пречка за новото име бил Груевски. Ова име не е избор на Црвенковски од вчера. За ова име тој разговарал и со грчкиот премиер Костас Симитис при неговата посета на Скопје, јануари 2001 година, во „Александар палас“. Но тогаш јавно за таква опција нè извести само тогашниот премиер Љупчо Георгиевски и медиумите, истите што сега се под импресии на новата реалност, го качија на „криво магаре“. Црвенковски, како и секогаш вешт во манипулациите, го одбегна јавниот гнев, критикувајќи го тогашниот премиер за предавство, но се обиде да го истестира предлогот преку мене, јавно деклариран поддржувач на јавната политика на СДСМ. Мојата реакција на оваа негова непристојност беше објавена во „Фокус“, на 21 јануари 2001 година, на четири страници.

Тогаш првпат констатирав дека не само Георгиевски ами и Црвенковски води политика на менување на името на државата. Значи, Северна Македонија не е нов предлог на Нимиц, туку е стар грчки предлог, со кој своевремено се согласија двајца македонски премиери, а сега и соборци. И сега, логично се поставува прашањето чуму тогаш толкав застој во македонско–грчките преговори. Зошто Црвенковски не го затвори тоа едноставно прашање по својата сјајна победа на 15 септември 2002 година, особено што имаше постигнато консензус со Георгиевски? Зошто ликуваше кога во новогодишното интервју во 2006 година рече дека „сака да го види тој политичар што на Македонците ќе им соопшти дека им го сменил името“.
Продолжува....
 
Член од
3 декември 2008
Мислења
321
Поени од реакции
8
Замка за „брадосаните“

Има три причини: промена на името на државата води до промена на името на народот и сите придавки што означуваат негова идентификација. Затоа операцијата „име за надворешна употреба“ етапно се претвора во голем пакет за историско затворање на македонското прашање. Втората е, со прифаќање на деноминација во пакет оди и внатрешно преуредување на државата во унија на народи, конфедерација, кантонална творба. А третата, каде што се гледа мајсторијата на Црвенковски, е како да ја избегне историската одговорност за овие проекти за да го задржи статусот на современа митолошка фигура. Имено, од 1998 година сите драматични хируршки зафати врз Македонија се изведени кога СДСМ бил „немоќна опозиција“. Така, историјата нужно ќе констатира дека првата македонско–албанска војна се водела кога ВМРО-ДПМНЕ била на власт. Војната ја загубил и капитулацијата ја потпишале врховниот командант и претседател Борис Трајковски и премиерот Љупчо Георгиевски, обајцата вмровци. Македонија беше обвинета пред Хашкиот трибунал за воени злосторства сторени додека ВМРО била на власт. Македонскиот државотворен народ е деградиран во етничка заедница кога ВМРО била на власт. Никола Груевски требаше, според замислата на Црвенковски, да биде третиот одработувач на неславната историска низа на македонската десница. За него беше замислена улогата на гласник што ќе ни донесе лоши вести. Кантонизатор и продавач на името. Затоа два месеца пред Букурешт СДСМ почна јавно да го прозива за предавство, за продажба на името. Шеќеринска дури пушти изборен спот со исповед на Лазар Еленовски за согласноста на Груевски (не и на Црвенковски) за името „Република Македонија (Скопје)“. Впрочем, нели од сите кандидати за наследник на Георгиевски, лидерот на СДСМ го преферирал токму неискусниот во политика Груевски (ние знаевме дека е политички неискусен, вели Емилијан Станковиќ). Како што во пресрет на фингираната војна, во широката коалиција од три предлози на Георгиевски, токму тој го избра Љубе Бошкоски за министер за внатрешни работи.

Зошто од лани претседателот заигра толку нервозно и невнимателно откри дел од својата подземна агенда? Веројатно зашто Груевски не игра како што си испланирал папата на СДСМ. Згора, голема ставка во неговите илузионистички претстави има публиката. А таа веќе не му аплаудира, и покрај сите спин-мајстории и медиумско-невладини фабрики. Последна надеж му е економската криза. Тоа го разговарал со професорот Адижас и тој задоволен од планот рекол дека „сега првпат си заминува од Македонија мирен“. Очигледно, плус и намирен со титулата академик, за која Адижас вели „то је готова ствар, тако је рекао Бранко“. Се мисли на оној чие „особље“ тврди дека тој ниту знае, а уште помалку се меша во работите на МАНУ.

Од лани почна наменски и на перфиден начин да се проблематизира и македонскиот идентитет. Прашањето го отвори „научниот“ тим на претседателот Црвенковски. Етапно се претвори во „дебата“ за антиквизацијата на Македонија како антиисториски и штетен за државата процес. Поводот, нормално, е најден во ирелевантното, историски и политички бенигното преименување на еден провинцијален аеродром, еден автопат и еден споменик. Во суштина, се работи за атака врз симболот Македонија, кој е антички (стар) пар екселанс. Оттука и навредливата кованица на претседателскиот кандидат на СДСМ за „македоноиди“ и промоцијата на словенскиот етнички корен, кои треба да доведат до конструкција на ново име. Професорот Адижас, кој со Црвенковски наводно не разговарал на оваа тема, а како економски експерт за организација и менаџмент, во интервју за Алфа, а потоа пренесено од „Капитал“, доби „спонтани“ новинарски прашања токму за спорот со Грција и за македонскиот идентитет!? На првото, за преговорите околу името, одговара дека „како мачка сме се качиле на дрво, па сега запомагаме да дојде некој пожарникар да нè симне“.. А на второто, за идентитетот, вели: „Вие не знаете кои сте, да знаете не би ви пречело кој како ве вика, важно вие ќе си знаете кои сте“. Експертот по менаџмент очигледно не е експерт за прашања што задираат во човековите права, иако како етнички Евреин би требало да е добро едуциран на оваа тема. На пример, Македонците во Грција добро знаат кои се, ама тој факт не им помага да бидат она што се, макар и за по дома. Идентично како во Бугарија. Перманентно и со безброј насилства на државата, црквата, врз нив се изведува културна, јазична и историска асимилација. Но очигледно дека она за што разговарал со Црвенковски, како и во многу пригоди со својата пријателка Бакојани, тој го соопшти јавно, на скопска телевизија и на своите стари познаници. Дали Црвенковски ваквите свои размислувања би му ги соопштил, на пример, на кој било свој гостин? Не. Доколку сакал тие да останат тајни, токму на Адижас не би му ги соопштил, знаејќи за неговите семејни врски со Бакојани. Затоа, демантов за темите на разговор е неуверлив.

Република Српска во Македонија

Што се однесува до идејата за трансформација на Македонија во Унија на народи, односно, конфедерација на кантони, во која Албанците би биле Република Српска, а остатокот збирштина на етнички заедници, која тешко би се самоуправувала, не е јасно што демантира „особљето“ од Кабинетот на Црвенковски. Само два дена по посетата на Адижас, во револуционерен асномски Прилеп, кандидатот на Црвенковски за претседател на Македонија, самономинираниот македонски националист Фрчкоски, објави дека „доколку Македонија не влезе во НАТО, односно доколку не го смени името, ќе се кантонизирала“. Коинциденција? Нема шанси! Се работи само за јавна промоција на делови од разговорот во функција на етапна градација на постбукурешката теза дека ако Македонија остане надвор од НАТО, Албанците ќе се отцепеле. Белки за тие итно да се зачленат во НАТО оти ги исполнуваат сите „бенчмаркови“!? Оваа „експертиза“ на Фрчкоски е политичка брљотка, неталентирана импровизација и е логички неодржлива, но е разработувана политичка агенда на која и се бара добар повод за активирање. На пример, дали Албанците со својот кантон самостојно би се зачлениле во НАТО? Или можеби би уследило ново прецртување на меѓудржавните граници? Кој ќе го спонзорира политички кога светов е тотално тумбосан на самиот почеток на економскиот колапс? Ако се спои со Косово, Албанците повторно нема да станат член на НАТО уште најмалку дваесет години. Ако се спои со Албанија, кој ќе им го дозволи тоа пред истото да го стори Косово? Од друга страна, албанските барања за федерализација не престанаа ни по потпишувањето на рамковниот договор, па тие и не се сврзани со грчко–македонскиот спор, ниту досега се поврзуваа со името Македонија. Проблематични се повторно нетранспарентните радикални промени во политичкиот став на СДСМ, кој тврдеше дека рамковниот договор и обезбедува на Македонија унитарен карактер и ги исцрпува сите, и најрадикалните, барања на Албанците.

И последно од прашањата на кои нужно ќе мора еднаш да одговори планерот Црвенковски е дали во која било форма НАТО, ЕУ и Грција ни испорачале „бенчмарк“ за промена на општественото уредување на Македонија? Ако не, зошто толку тврдоглаво ја наметнува својата теза дека Албанците повторно ќе се радикализираат ако брзо не се зачлениме во НАТО, и покрај рамковниот договор за кој гаранти, нели, се токму ЕУ, САД и НАТО? Значи, се работи за етапа во остварувањето поширока, а илегална политичка агенда, која почна со промена на Преамбулата на Уставот од 1991 година, со територијалната поделба од 2004-та како втора фаза и кантонизација како трета. Зборуваме за декомпонирање и тотална делегитимизација на Македонија. Можеби дури станува збор и за интимен договор со политичките фактори на Албанците (Ахмети или Тачи) за цврсто постизборно партнерство со Бранко Црвенковски, преку испорака на дополнителни барања на грбот на Македонија и Македонците.

Заканите од шефот

Тврдењето дека Македонија надвор од НАТО ќе се кантонизира води до тезата дека Македонија без членство во НАТО е неодржлива држава. Ова упатува на дилема што ќе се случи со Македонија кога НАТО ќе престане да постои? Што ако како НАТО-членка демократски се трансформира во Унија на народи? Дали сегашната опасност веќе утре ќе стане пример за позитивна „нова реалност“ со која ќе се фалат како со своја заслуга истиве застрашувачи? Што пак ќе биде Македонија ако го смени името, се деноминира мнозинскиот народ, а НАТО престане да постои? Под чиј чадор ќе мора да одиме за да постоиме како тазе произведен народ?

По сето ова, на крајот, навистина не е јасно што фактички демантира Кабинетот на претседателот? Дека претпоследната средба со Адижас не била лани, туку преклани, и била во организација на Никола Груевски, а доказ е местото каде што се одржала таа средба – вилата на Владата во Охрид. За што се разговарало и зошто организаторот ја напуштил таа средба, нема демант. Зошто јавноста не била запознаена со настанот? Пак не знаеме.

Од друга страна, без никаква потреба се акцентира дека Адижас добил државјанство од Никола Груевски, зашто истото и ние го напишавме, но има, ако претседателот се сетил дека на неговиот пријател Адижас, токму по негова усна наредба, МВР (Фрчкоски како министер) му издаде македонски пасош уште во 1994 година!?

И на крајот, сосема непотребно, а во познат арбитрарен стил „особљето“ трансферира порака со закани од Шефот до едикојси нарачатели и изведувачи (новинари со нарушен интегритет) на вакви сценарија дека времето за лажење во Македонија полека но сигурно привршувало. А соочувањето со вистината ќе било ем горчливо ем неизбежно. Па токму тоа не е никаков демант, туку, напротив, основна намера на текстот што дигна толкава бура. Единствено јас, како автор и „Особљето“ како демантатор се разликуваме во ставот дека времето има каква било допирна точка со лажењето. Имено, нема време за лажење и време за кажување истина. Тој што е склон да лаже, лаже кога ќе стигне и кога ќе зине. Особено оној што на лаги изградил првокласна политичка кариера. Тој што нема политички интегритет, вопреки времето и сите вложени напори да стане митолошка фигура, ќе мора еднаш да се соочи со вистината. Тоа соочување изгледа веќе почна и мора да е горчливо, ама, ете, е неизбежно.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=336&top=1&ArticleID=19776
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Мирка почнала да се вади од замката која сама си ја наметна со својата брзоплета изјава кај Миленко.Ќе биде интересно како ќе се одбрани доколку Бранковата машинерија ја земе под свое,и да ги изнесе нејзините “придонеси“ кон остварување на Мојсеј-2 планот.:pos2:
 
Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
28
Види вака Надица,јас или ти како поединци во оваа држава воопшто не сме битни,па според тоа станува беспредметно да дискутираме што нам ни смета како поединци во државава.Споредби на Б.Ц. со Н.Г. не може ни оддалеку да правиме,а и во чија корист би било тоа?Ние можеме да дискутираме за тоа дали е исправно тоа што Мирка го изнесе во јавност како предпоставка или индиција,без да покрене обвинителен акт против Б.Ц. за “наодите“ кој како што тврди таа ги поседува.А и Б.Ц. сигурно не мислиш дека е толку глуп сам да си поднесе тужба за злодело чии факти и докази ги “поседувала“ Мирка.
-Во Македонија владее некадарна технократија наместо демократија.
-Во Македонија не може да се врши антиквизација затоа што таа е постара и од антиката.
-Сите луѓе што се родени на оваа територија се стекнуваат по автоматизам со право да се нарекуваат едноставно Македонци,се разбира во зависност од нивните сопствени чувства,како што исто така можат сами себе да се нарекуваат и Албанци,Грци,Срби или Бугари.Никој не може да им го одземе тоа право слободно да се викаат според сопствените чувства.
-Мислам дека прилично голем дел од вината за лошата економска состојба во Македонија сноси и Никола Груевски,покрај многумина други,во последно време пред се поради катастрофалниот избор на “експертите“ кој го опкружуваат.
-Македонија е најизолирана земја во Европа,а за несреќата да биде поголема,народот во оваа земја не може целосно да се посвети кон изнаоѓање решение за излез од таа изолација,зошто мора огромен дел од своето време и сили да посвети врз сопственото опстојување како Македонски народ,изборот на Председатели и Премиери кој ќе продолжат да му ја кројат судбината понатаму,како и врз задржување барем на сопствената територија која засега ја има стекнато со отцепувањето од СФРЈ и прогласувањето независност.:toe:

Море УМММ, Шо би рекол Џумерко. Земјак не глуми лудило.
 
S

smart ass

Гостин
ABC....... Страшен процент од младите Европа ја виделе само на реклами и по каталози а ти ми мрчиш немало изолација,или се заебаваш колку да не ти студи или му ги тинтраш на Џорџе,според неговите дудлачки изјави,во кој тој не се чувствувал изолиран.

Човек за ова што го кажа така е....ама немој те молам зарем во 98 одевме без визи за германија? Па изолирани сме уште од 90година кога и се осамостоивме изолирани сме од тогас а не откако дошол Грујо,..Па токму и оваа влада ги заврши сите критериуми за ослободување од шенгенот.... не те свакам овде
 
Kajgana Shop

На врв Bottom