Демантот на птетседателот
СООПШТЕНИЕ
Ова соопштение само што го добивме од кабинетот на Претседателот на Републиката па еве веднаш на увид на јавноста
Телефон: 02/ 3112 037
Факс: 02 / 3112 147
СООПШТЕНИЕ
5 март 2009 год.
.
Реакција од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија во врска со текстот објавен во дневниот весник "Нова Македонија" на 4 март 2009 година, со наслов "Македонците се бришат, Македонија станува Унија на народи" од авторот Мирка Велиновска:
Во изминатиот период Кабинетот на Претседателот на Република Македонија одбегнуваше да коментира различни конструкции и шпекулации пласирани во електронските и печатените медиуми кои се оденесуваа на ставовите и активностите на Претседателот на државата. Овој пристап го почитувавме уште повеќе кога се работеше за текстови објавени од автори со одамна изгубен професионален и човечки кредибилитет.
Имајќи во предвид дека овој пат делови од текстот "Македонците се бришат, Македонија станува Унија на народи" објавен во дневниот весник "Нова Македонија" се презедоа во неколку електронски и печатени медиуми (сакаме да веруваме дека се работи за чиста случајност, а не за предизборно сценарио разработено во нечиј партиски штаб), решивме да го објавиме следниот демант:
1. Целиот текст е лажна конструкција без било какви факти и аргументи и без било какви допирни точки со реалноста.
2. Ставовите на Претседателот на Републиката во однос на спорот со Грција се добро познати и во безброј наврати јавно соопштувани пред македонската јавност. Никакви тајни планови не постојат ниту пак има потреба од такво нешто.
3. Летото 2007-ма во Охрид се одржа средба со професорот Адиџес, која беше организирана не од страна на шефот на државата туку од страна на премиерот Груевски. За тоа говори фактот што средбата се одржа во премиерската, а не во претседателската резиденција, како и составот на останатите присутни: Зоран Ставревски - потпретседател на Владата, Њубиша Георгиевски - претседател на Собранието и д-р Срѓан Керим. Претседателот на Република Македонија на оваа средба учествуваше како поканет гостин од страна на премиерот Груевски.
4. Македонското државјнаство на г-динот Адиџес му го врачи премиерот Груевски, а не Претседателот на државата.
5. Претседателот на Република Македонија ниту има информации, ниту пак има покренато некаква постапка или иницијатива за доделување на академски статус на г-динот Исак Адиџес.
Инаку, претседателот Бранко Црвенковски со професорот Исак Адиџес се познава долго време, имале повеќе средби, заклучно последниот пат при неговиот престој во Скопје, пред неколку дена, кога на покана на претставници на бизнис заедницата професорот Адиџес одржа предавање. Но и на таа, како и на која било претходна средба, ниту се разговарало, ниту можело да се разговара за посредништво или за медијаторство на г-динот Адиџес во спорот околу името.
Претседателот им порачува и на нарачателите и на изведувачите на вакви сценарија дека времето за лажење во Македонија полека но сигурно привршува. Соочувањето со вистината за многумина ќе биде горчливо, но во исто време и неизбежно.
Кабинет на Претседателот на Република Македонија
Одговорот на Мирка.
Манипулации во демантот на претседателот Црвенковски сака унија, ама Груевски да ја потпише
Автор: Мирка Велиновска
Исак Адижас е експерт по менаџмент и организација. Работи и живее во САД. Поседува израелско, македонско, а од минатата недела и црногорско државјанство. Со Македонија е врзан и поради своите корени. Тој е роден во Скопје и со своите родители ги минал овде детските години, сè до Втората светска војна. Во годините на осамостојувањето почувствува потреба на својата прва татковина да и помогне со своето знаење, па со оглед дека владејачка партија во тие години беше СДСМ, тој и ја понуди својата помош на македонската влада, односно, на Бранко Црвенковски. Така се запознаа. Но тоа познанство не се претвори во конкретна соработка.
Адижас, во времето на транзиција на економијата од општествено самоуправна во пазарна, на тогашниот премиер Црвенковски му препорачуваше модел на приватизација сличен на словенечкиот – ваучерски. Црвенковски меѓутоа го преферираше својот модел на првобитна акумулација и тука заврши и соработката.
Пред десет дена Адижас имаше минитурнеја низ Западен Балкан. Беше во посета на Црна Гора, каде што Мило Ѓукановиќ му го врачи црногорскиот пасош, го очекуваа во Србија, во Нови Сад, каде што професорот има фирма, но таму не отиде по престојот и средбата со Црвенковски во Скопје.
Од Подгорица во Скопје тој дојде со изнајмениот државен авион што го плати Светозар Јаневски. Тој и „Семос“ се организатори на трибина на која, за 250 евра од слушател, Адижас можеше да ги елаборира своите знаења за кризен менаџмент на фирмите.
За време на својот краток престој тој оствари средба со Бранко Црвенковски и Киро Глигоров, а не успеа да се види со актуелниот премиер Никола Груевски, иако е негов советник. Резиме на таа минипосета даде самиот Адижас и во интервјуто за Алфа, но и за своите пријатели од младите години. Како што веќе напишавме и објавивме, нашиот сограѓанин Адижас, на средбата со Црвенковски, слушнал за неговиот план за новата етапа во транзитирањето на Македонија од држава на македонскиот народ, преку рамковна мултиетничка и формално унитарна држава, во некаква унија на народи со ново име. Тој свој план опозицијата ќе почнела да го остварува оваа есен користејќи ги лошите економски состојби во државава, со процена дека масовните протести ќе доведеле до демисионирање на Владата.
Професорот Адижас на своите пријатели им изјави дека „сега првпат е мирен во поглед на иднината на земјава оти изложениот концепт му се допаѓал и го поддржувал и Киро Глигоров, кој бил интелектуално и сè уште е свеж“. И така, мирен, тој замина за Израел виа Атина. Професорот Адижас имал и приватна причина да ја оцени својата посета за успешна. Добил ветување дека ќе стане академик.
Купиште различни ставови
Кабинетот на Претседателот овие наводи ги демантира така што ги нарече чиста измислица, конструкција и небулоза на новинар со нарушен интегритет. „Особљето“ во Кабинетот тврди дека ставот на претседателот во врска со името и бил добропознат на јавноста. Тоа не е точно. На јавноста и е познат само моменталниот став по ова прашање на Бранко Црвенковски.
Имено, како почитувач на новопроизведени реалности, неговите ставови се менуваат според моменталните состојби. По конкретното прашање, од почетокот на грчко–македонскиот спор, тој ги имаше следниве добропознати цврсти ставови во врска со името: Македонија не може да го смени своето име зашто тоа име го носи и мнозинскиот народ. Македонија не може да преговара со јамка околу вратот. За Македонија решение во спорот е двојната или т.н. „ирска формула“. Македонија досега направи многу отстапки и нема што да дава понатаму. Македонија смета дека последниот предлог на Метју Нимиц за проширена двојна, односно, тројна формула е добра основа за натамошни преговори. Двојната формула е официјално мртва, а новата реалност едно име за сите употреби мора да се прифати. Треба да бараме гаранции за македонскиот идентитет. ЕУ да стане посредник во спорот. Македонија мора да се преименува, ама Грција да не биде официјален кум за новото име. Кум ќе биде Фрчкоски, кој ни вети дека ако биде претседател, ќе ни изберел далеку поубаво име од она што го носиме во ООН, демек, Грција се расправа со нас за нова референца, а не за трајно име. Очигледно Кабинетот на Црвенковски, како и Хидрометеоролошкиот институт, впрочем, треба да излегува со дневна прогноза, за да знаеме што нè чека наредниот ден во поглед на неговата „политика“.
Црвенковски не разговарал со Адижас за името, вели Кабинетот. „Особљето“ не било присутно на разговорот, па и не знае дека Шефот разговарал, и тоа конкретно за името Северна Македонија. Му објаснил на идниот академик дека тој веќе го прифатил, а Груевски бил тврдоглав и го одмолчал предлогот (кога и каде државниот врв „дебатирал“ на оваа тема веројатно ќе слушнеме во некоја друга пригода). И не само што разговарал туку професорот Адижас во електронска комуникација ова го потврди повеќепати, убеден дека единствената пречка за новото име бил Груевски. Ова име не е избор на Црвенковски од вчера. За ова име тој разговарал и со грчкиот премиер Костас Симитис при неговата посета на Скопје, јануари 2001 година, во „Александар палас“. Но тогаш јавно за таква опција нè извести само тогашниот премиер Љупчо Георгиевски и медиумите, истите што сега се под импресии на новата реалност, го качија на „криво магаре“. Црвенковски, како и секогаш вешт во манипулациите, го одбегна јавниот гнев, критикувајќи го тогашниот премиер за предавство, но се обиде да го истестира предлогот преку мене, јавно деклариран поддржувач на јавната политика на СДСМ. Мојата реакција на оваа негова непристојност беше објавена во „Фокус“, на 21 јануари 2001 година, на четири страници.
Тогаш првпат констатирав дека не само Георгиевски ами и Црвенковски води политика на менување на името на државата. Значи, Северна Македонија не е нов предлог на Нимиц, туку е стар грчки предлог, со кој своевремено се согласија двајца македонски премиери, а сега и соборци. И сега, логично се поставува прашањето чуму тогаш толкав застој во македонско–грчките преговори. Зошто Црвенковски не го затвори тоа едноставно прашање по својата сјајна победа на 15 септември 2002 година, особено што имаше постигнато консензус со Георгиевски? Зошто ликуваше кога во новогодишното интервју во 2006 година рече дека „сака да го види тој политичар што на Македонците ќе им соопшти дека им го сменил името“.
Продолжува....