Школски друштва

Член од
4 септември 2010
Мислења
1.002
Поени од реакции
582
Во оваа тема ќе зборувам искључиво за друштвата во кои има деца од 13,14,15 па и 16 години.Не зборувам за пушачи дрогираши и незнам какви. Во оваа тема ќе зборувам за друштва кои се формираат нашколо, и тука ќе ги опишувам типовите деца кои се во едно друштво. Еве вака:
Пример влегувате во некое школо и пред вас има друштво какво што опишав предходно, гледате секакви деца: убави, не убави, паметни, глупи, и нерд. Кои деца го сочинуваат друштвото:


1.Главни фаци: Тие се најчесто убавите, побогатите деца(не оние кои се расфрлаат со пари), со добро фризурче, добра облека, барем средени се. Тие можат да бидат, онака нормални, значли да не се глупи( незначи дека ако имаат слаби оцени се глупии), и можат да бидат глупи, но сепак се главни фаци. Нив најчесто не им одат физиките, хемиите... нив им одат предметите како физичко, македонски, некогаш историја, или се таканаречени фраери.


2.“Споредни фаци”: Така јас ги нареков, уствари тие се деца кои што се убавки, не мора да се богати, но сепак се најблиски со главните фаци, и најчесто муабетите се меѓу нив.


3.Глупави деца: Тука се децата кои се малце погрди, но некогаш и убавки. Тука се и буцкастите, и се најчесто мета на зафркавање, на гибање, тепање( не мислам на некои многу јаки тепачки). Тие најчесто слушаат муабети меѓу главните и “спoрединте” фаци. Доколку се малце богати, ќе имаат некој убав телефон и оние главните фаци и ќе им ги бараат телефоните на овие, а овие пак ќе им го дадат. Значи се многу наивни, и секогаш само ќе лупнат некоја глупост. Ако во друштвото има барем уште еден таков, тие ќе си бидат заедно, и ќе си комуницираат.


4.Нерд. Е тука се оние кои што се пресериозни, само бубаат, на пример сега професорката вели за денес ни беше домашното ил иза утре? Сега сите ќе речат за утре, а само овие деца ќе речат за денес. Овие деца спаѓаат во оние загулените деца, каде што спаѓаат и бр 3.


Тука го опишав моето друштво како е, а мислам дека повеќе то друштва во школите е составено од вакви деца. ЈАс како помал спаѓав во групата на 3,4(измеѓу нив), но сега се се менува.
А, најчесто кај оние бр 3 цело друштво се собире околу нив и ги зафркаваат, ги маваат а овие не враќаат.

Паа, дополнете и вие, или кажете некои доживувања на главните фаци, загулените(бр 3 и 4)
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Јас освен дека се мотавме со сличиња на одмор, друго не памтам.
А и овие групиве се со поминак рок. Деца како деца, можат 5 групи да менат во 5 минути.
Споредбите ти се смешни, искрено.. Не глупави, туку смешни.
бтв, баш на 15-16год се пали првата цигара со тутун или лоша трева, и најчесто нашколо ;)
 

Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Nerd бе, нема врска nerd-овите се секогаш сами. :(

Мене најкул ми беа децата на докторите, директорите, судиите, нив мама и тато и покрај то што имаја пари ги праќаа по Словенија, Италија да шетаат, а кога требаше да земат дете за престој (неколку дена) од тие држави секад си го вадеа газот. Инаку од нив имаше стварно добри и паметни деца, ама повеќето не ги биваше за сува слива.

Воглавном кога бев јас средношколец имавме:
-паметни и трудољубиви деца
-мамини и татини
-глупи
-сељаци

и Јас. :icon_lol:
 

fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
Мене не ми оди физиката т.е формули или решавање задачи, не сум богат т.е колку од повеќето во Македонија ( зборам за средната класа ), а камоли да се расфрлам со пари. Не често во друштво, незборлив многу, али кога е во прашање историја или пак македонски добро ми оди :). Уште пак фраер ќе изигравам. Е сега незнам како ја дефинираш убавината ... :D. Сега во каква "група" спаѓам?
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
И што е поентава на дефинирањево на школски друштва, дали само од овие површни карактеристики и по категории може да се заклучени на пример што ќе стане со истите по завршување на школото... На пример овие нердовиве можеби ќе се образоваат во ајти сектор или пак тие што најчесто зафркавале други ќе станат бандити и непослушни идиоти... Just saying.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Што сеа доби на лото па си у тие првите ? :D
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Сека ќе испадне како да се фалам ама ќе ја кажам вистината.
Со другарите ние бевме како главни фаци, главни во канцеларија(кога ќе се спомнеше нашето име професорите мењаваја фаци), не учевме, на сите им одеше македонски, биологија, економија, бизнис од рака додека мене ми одеше само историја и математика...
Еден другар кој беше нерд се приклучи со нас после стана како нас, пиење, ги зафркаваше другите и така...
Немаше некој што се расфлаше со пари затоа што сите бевме и сме деца на просечно семејство.
Глупи...имаше едно дете глупо ама го избегававме затоа што мислеше дека се знае...

Ако мисли некој дека се фалам ова она не ме цитирај само ингорирај...
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Генерализирање ала американ стајл.
Барем јас додека бев во средно освен ептен ако не си чудак(и/или смрдиш) имаше дружење.
Нормално не може секој со секого ама немаше поделби по некакви како што веќе кажав американ стајл клише групи.

П.С Уште имаме дружба класот од средно нормално не како тогаш, но се оддржуваат контакти.
 

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Батка значи уствари сега ти од тие клошарите полека изгура во тие јаките фаци, сега си ебачка фаца, претпоставувам дека си позаебан од нив оти си бил во 3та група, имаш јак телефон, али не го даваш на никој да го чепка туку ти чепкаш се живо и диво. Ги моташ јаките женски (уствари тие што мислат дека се јаки на таа возраст), не се ебаваш да учиш физика и хемија. Силен и јак, ваљда ти никнуваат мустаќи сега и си уште позаебан :D
Абе деца деца, сега си мислите дека можи и господ за јајца да го фатите за некоја година од тие шо ги дупите ќе има фаци кај кои што ќе треба да се клањате али ќе ви дојди тогаш памет. Од тие батките шо се главни сега, добар процент ќе останат и понатаму да се главни на улица и со курчење ама за неколку години ќе бидат никој и ништо. Многу мразам накурчени фаци уште од дете ко бев, отсекогаш сум живеел и со батки кои се силни во „мафијата“ што би ја рекле но и со фини дечки со кои може да застанеш и да направиш паметен муабет. Со првите ги одржувам контактите за да имам грб во секој момент и за секаде и да ми бидат отворени вратите на секаде (претежно се битанги кои сега работат како обезбедување, а сум му шиткал дозволени недозволени средства за вежбање), а вторите си се дечки со кои живеам бидејќи се интересираат за наука и такви чуда и може веќе да се направи некој покултурен муабет. До тој степен ви е развиен мозокот засега и затоа правите поделби такви, во мое време имаше некоја поделба слична како таа кај Gregor погоре, а сега интернетов ги испусти децава да пробуваат да го живеат американскиот сон, кој по мое мислење пробуваме да си го наметнеме уште од времето на беверли хилс ко го даваат па народов виде нешто ново кое го нема, а мисли дека сака да го има и тука.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
jas bev od tie seljacite na pocetok, u prva godina ednash mi tekna na rknam vo sred ucilnica, mi se cinese mene toa normalno, i edna srcka koga pocna da vrishti.. pa ti normalen li si sto pravish .. bla bla .. pred site, ne prekinuva, me potona vo zemja. Vaka taka morav da se opraam, epten deka u korcagin se naogav​
 
Член од
4 септември 2010
Мислења
1.002
Поени од реакции
582
Хмм, со ова што го напишав не реков дека сум таков, дека сум јака фаца. Мислам погрешно ме разбрафте
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.141
Поени од реакции
1.085
И ќе се запишеш на факултет и улогите ќе се сменат за 180 степени.
 

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Хмм, со ова што го напишав не реков дека сум таков, дека сум јака фаца. Мислам погрешно ме разбрафте
Слушај ме сега, немој да бидиш скромен сега кога знаеш и самиот дека не си. Трај си прај си крцкај си дури си на врво е убо, оди таму на некој од тие од 3-4 група шо ти се наброени (некој шо е дебел или пак мирен и наивен, или пак некој ко педерче шо се однесува) земи му рекет, стисни го малку да се осети кој е газда тука и можи и женска ќе фатиш и то од тие јаките од прва група шо се јаки фаци, а и че ти се позацврсти позицијата меѓу овие од прва група и нема трте мрте после со тебе.
Ќе ти кажам една приказна кратка, јас си бев така помирно дете (од тие малку паметни,оти трудољубив не бев ама ми фаќаше црпката то математиките, физики, хемии, биологија, информатика) и еден од тие шо ги викаш прва група во прва година ми се проба да ми се курчи па морав да правам инцидент и да трчаме по болници и чуда да му прават преврски на носето шо дотогаш му го галеле дома, оти чунки израснав во населба каде што битангите се секојдневие, шверцот и лева рака десен џеб добро утро и добар ден, а тепачките се како за поздравување. Затоа да си пазиш со групирањата да не те изненади некој од тие шо си ги групирал во тие групи.
Едно да запамтиш, не се курчи али не се прај и некој чудак да мислиш дека ќе смислиш нуклеарка. Биди си некоја средина, но со добро однесување и култура оти идиотите ќе ги сакаат некои девојчиња кои се истерани од дома и ќе бидат главни додека завршите средно, а понатаму ако си ебачиште не треба да си багабонт, ако сакаш да си главен во друштво ќе играат други услови улога така да не летај со вакви глупости.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Еве мое искуство :)

Во "главни фаци" постојат две гранки кои најголема катастрофа предизвикуваат кога ќе се спојат во едно.

Првата: Фаци чиј родител работи у школото. Тогаш те мазат сите професори и ти прават лигави "шеги" за истото. Децата кога ќе помислат на тебе, прво што мислат е "Овој е дете на професор". Сеа не значи дека истиот мора да е лигле и да се понаша ко фаца, во моето искуство 4/5 беа лиглиња.

Втората: Тука се оние кои имаат сепариња у дискотеки, се знаат со газдите на истите, прават журки по кафичи и вријат со пари од истото со што си купуваат Ајфон. Живеат на високо ниво на хиерархијата во средно школо, сите ги гледаат ко "кремот" и сите женски барем еднаш (ЕКСТРЕМЕН МИНИМУМ) имаат посакано бар една вечер да поминат само со еден од нив. Машките им се лижат пошто мислат дека така и они ќе станат од тоа друштво (а притоа најчесто си ги шиткаат правите другари), а женските кога им идат на журки се облакаат колку што може попровокативно и цело време кружат околу нивното сепаре со цел да бидат видени (Сакаш да си фаца од Слаткар, буквално). Секад си вртат по 3-4 (ДЕМЕК) наивни девојчиња, со една прекини, со друга продолжи и така у круг. Needless to say, ваквите деца се поомразени од професорите пошто почесто се дел од "бунтовничкото движење" и демек они не учат и никад нити помагаат, нити бараат помош за учење, а на крај некако пак завршуваат со повисоки оценки од рајата.

Which leads me to... рајата. Уствари повеќето припаѓаме таму, тоа се оние спортисти, заинтерсирани за музика, оние кои од мали веќе имаат став за некоја mature дискусија (најчесто наметната од родителите, па они уствари се залагаат за тоа да испаднат образовани иако врска немаат, политичките и поготово патриотските ставови се најистакнати), гикчиња и тн. Значи тука спаѓа све што е у граници на нормалата, фини деца. Тука не може да се генерализира пошто секаде различно си се прават подгрупи. Има металци, отфрлени од општеството, оние што зборат за спортска цело време, оние шо зборат како се начукале претходната вечер, билдери, шмекери, курви шо се палат на горнонаведениот тип на фаци, две-три девојчиња што цело време се држат за рака и си се смешкаат, еден што се истакнува како претседател на класот, јавниот говорник во име на класот, озборувачките... и тн. Посебна под класа, најчесто изразена во првите две години, се гиковите. Значи тоа не се типичнине бубалици, туку тоа се оние кои вредно си учат, истовремено можеш секад да си направиш муабет со нив, али имаат некоја таква карактеристика да не сфаќаат како се одвиваат работите. Помалку наивни, повеќето од тие се дешава да бидат исмевани од останатите заради некој нивен "чуден" интерес (Стар Ворс, гејмање, хентаи или нз што друго). Али и тие спаѓаат у рајата пошто се најнормални и имаат најзаеднички особини со мнозинството.

И за крај, двата типа: Лижачот и Бубачот.

Лижачот е ендемски вид пошто се повеќе и повеќе се збори за таквиот тип, па тој полека исчезнува од страв да не го тепаат. Стереотипно дека лижачот е дебелко дете со тазе испеглана маичка и залижано фризурче, али у последно време овој вид почесто преовладува во женската половина. Тоа е пошто, ко што кажав, женските никој не ги тепа, па затоа почнуваат да преовладуваат над машките. Тој учи, али не колку Бубачот, али пак на лижење си се вади со добри оценки.

Бубачот го има сегде. У 99% од случаите машко, Бубачот е дете за кое се е исто, не ја гледа подреденоста помеѓу децата и различните друштва, би му направел муабет за квантна физика или лекција за митохондриите во клетката на секој. Овие деца сите ги избегнуваат пошто едноставно немаат осет. Кога учат, ќе научат повеќе од цел клас, али пред тест мора да повтараат цело време за случајно да не им се падне нешто што не го знаат. Досега неам сретнато Бубач што испаднало дека стварно нЕшто не знае. Исто така не поткажуваат на тестови, дури и ако професорот не е у училната, од страв тој до него да не има ист одговор како него (нормално дека ќе е ист коа тој е точниот одговор, али ајде). Бубачот сака да игра баскет и фудбал на физичко, али толку е анти-талент што не може да го погоди обрачот од кошот, да скокне, или да трча 5 минути без да се измори и каже "доста ми е за денес", па затоа никој не го бира. Иако никој не му праи муабет, обавезно сите земаат пенкала од него пошто ги носи од 4 до 6 во уредното приборче, па ќе ги даде сите освен едно кое ќе остане за него (најчкуљавото, во екстремните случаи децата си бираат кое пенкало ќе го земат) и после часеви ќе ги брка сите за да си ги врати назад, кога ќе дознае дека му го скршиле, изгризале, фрлиле и тн. Бубачот исто така се поти кога девојче ќе седне до него, тек па кога некоја ќе го заебава и ќе му каже "ај се муваме", тогаш Бубачот се приближува колку што може до најблиското другарче од паника. Бубачот чека да наполни 18 години за да почне да пие. Али тоа не го прави на дискретен начин за себе, туку во фазон: PARTY TIME !! Нема везе. Ќе проба пиво првпат на 18 години и нема да може да го пие пошто организмот не му е навикнат и му отишло цело средно таман кога се понадевал дека конечно ќе му почне забавата.

Мислам дека тоа е тоа отприлика, од моето искуство вака стоеја работите :)

П.с: Ништо од ова не е статично. Улогите се мењаваат. Богатите осиромашуваат па паѓаат на друго ниво, на некое гикче ќе му се посреќи со женски и ќе го гледаат повисоко, некој ќе смени стил што многу ќе му помогне или одмогне и тн. Све пролази, ал Бубач и Лижач остају исти :LOL:

A на крај со секој имаш убави и интересни спомени, без разлика кој-каде припаѓал у средно :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom