Ninja
Кајгана на око
- Член од
- 15 мај 2005
- Мислења
- 623
- Поени од реакции
- 9
Поновите случувања на политичката сцена во Р Македонија, не само што не ги унапредија македонските надворешно-политички интереси, туку ја зацврстија постојната и создадоа нова аргументација во прилог на нивното уназадување. Поразително! Особено заради тоа што во прашање се стратегиски надворешно-политички интереси. Бедно е отсуството на волја и свест за обврска кон граѓаните да се остават настрана партиските и личните интереси и суетите кога на државата и' се повеќе од потребни зрелост, сериозност, мудрост и единство во настапот и ставовите на клучните политички фигури! Кога на тоа ќе се додаде и нетранспарентноста на т.н. лидерски средби и на последните состаноци врзани за спорот околу името, ме ужаснува не само било какво коалицирање на постојните политички ликови, туку и нивното понатамошно опстојување и делување на македонската политичка сцена.