F
filmadzijka
Гостин
Работник: Би сакал да земам една недела одмор.
Шефица: Кога?
Работник: Па, од понеделник...
Шефица: (заинтересирано) Одиш некаде?
Работник: Не.
Шефица: (студено) Нема одмор за седење дома.
:bip:
Ова не е виц. Му се случи вчера на еден близок пријател кој работи во голема (сеуште) државна институција. Неговото работно место не е клучно (далеку од тоа), а врзано е за секојдневно возење по 100 км во периодот 12.00-16.00 во застарено возило без клима уред. (Потсетувам на екстремните температури и лекарските предупредувања овие денови). Неговите работни задачи можат да ги вршат барем две третини од другите вработени и не бараат посебни квалификации.
Кој за што е платен.
Да, но дали треба шефицата да ја интересира како ќе го користиме одморот па според тоа „да ни’ пресуди“ дали ќе го добиеме тоа што според закон ни следува? Можеби дотичната треба да ни’ напише шема со детални упатства и дози: како, каде, со кого, колку да правиме додека траат тие неколку дена во годината што таа-нејзиното-височество толку великодушно ни’ ги допуштила.
Дали е знак на слабост и отсуство на авторитет ако претпоставениот ви пристапи како на човечко суштество и ви ги каже причините (доколку постојат) зошто не е погоден момент да ги остварите своите работни права?
Едно време, не толку одамна, не’ учеа дека сме среќни што живееме во општество каде сите луѓе се еднакви - хумано општество. Денес во редовното образование се воведени предметите Етика и Граѓанско ... Ха! Е па кога нашата шефица „одеше на школо“ такви предмети не постоеја, а за жал изгледа дека и денешните деца џабе ги учат, оти теоријата и праксата кај нас се антоними во буквална смисла.
И на крај: Дали правото е „во џебот“ на моќниот?
Јас го знам мојот одговор. Што мислите вие?