Шефица!

  • Креатор на темата filmadzijka
  • Време на започнување
F

filmadzijka

Гостин
Работник: Би сакал да земам една недела одмор.
Шефица: Кога?
Работник: Па, од понеделник...
Шефица: (заинтересирано) Одиш некаде?
Работник: Не.
Шефица: (студено) Нема одмор за седење дома.
:bip:
Ова не е виц. Му се случи вчера на еден близок пријател кој работи во голема (сеуште) државна институција. Неговото работно место не е клучно (далеку од тоа), а врзано е за секојдневно возење по 100 км во периодот 12.00-16.00 во застарено возило без клима уред. (Потсетувам на екстремните температури и лекарските предупредувања овие денови). Неговите работни задачи можат да ги вршат барем две третини од другите вработени и не бараат посебни квалификации.
Кој за што е платен.
Да, но дали треба шефицата да ја интересира како ќе го користиме одморот па според тоа „да ни’ пресуди“ дали ќе го добиеме тоа што според закон ни следува? Можеби дотичната треба да ни’ напише шема со детални упатства и дози: како, каде, со кого, колку да правиме додека траат тие неколку дена во годината што таа-нејзиното-височество толку великодушно ни’ ги допуштила.
Дали е знак на слабост и отсуство на авторитет ако претпоставениот ви пристапи како на човечко суштество и ви ги каже причините (доколку постојат) зошто не е погоден момент да ги остварите своите работни права?
Едно време, не толку одамна, не’ учеа дека сме среќни што живееме во општество каде сите луѓе се еднакви - хумано општество. Денес во редовното образование се воведени предметите Етика и Граѓанско ... Ха! Е па кога нашата шефица „одеше на школо“ такви предмети не постоеја, а за жал изгледа дека и денешните деца џабе ги учат, оти теоријата и праксата кај нас се антоними во буквална смисла.
И на крај: Дали правото е „во џебот“ на моќниот?
Јас го знам мојот одговор. Што мислите вие?
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
[FONT=&quot]

Закон за работните односи
Годишен одмор[/FONT]


Член 137
(1) Работникот има право на годишен одмор во траење од 20 до 26 работни дена.
(2) Повозрасен работник, инвалид, работник со најмалку 60% телесно оштетување и работник кој негува и чува дете со телесен или душевен недостаток има право на уште три работни дена годишен одмор.
(3) Работодавачот е должен на работникот да му издаде решение за правото на користење на годишен одмор.



Не знам зошто некој некому не му дал одмор од една недела кога правото на одмор е едно од основните права од работен однос. Покрај другото наведуваш дека не трпи работниот процес ради неговото отсуство пошто човекот, колку што успеав да прочитам, работи како возач.

Ако си е професионален возач тогаш на неговото работно место може да работи друг професионален возач, а не пола фирма без разлика што се возачи останатите.



Мислам дека кај нас несогласувањата и личните препукувања меѓу вработените (овде мислам повеќе на вработени во државна администрација) и посебно суетата почесто се причина за вакви забрани.



 

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Знак на слабост и непознавање на законската регулатива. Главниот (психолошки) фактор за мене е самиот работник т.е. колку тој самиот се чувствува сигурен во своето работно место и решение ако истото го загуби.

совет: диктафон во минијатурен облик секогаш да се има со себе кога се поставуваат прашања кои "висат" на законски конец.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
И после ќе прашате зошто е битно дали твојот шеф има јајца меѓу нозе или нема.
Шеф не би прашал зошто ти е одморот, твоја работа, терај си.
А шефицата, чашитка женска, мора да праша.
 

Daniela

Мијаааууу....гррр...
Член од
14 јули 2005
Мислења
302
Поени од реакции
3
Многу ви е глупо дефинирана темата. Инсинуирате дека жена на раководна позиција не зане да ги води работите. Фантом успешно се надоврзува на тоа иако сака да направи шега.
Не сте воопшто "gender sensitive".
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Многу ви е глупо дефинирана темата. Инсинуирате дека жена на раководна позиција не зане да ги води работите. Фантом успешно се надоврзува на тоа иако сака да направи шега.
Не сте воопшто "gender sensitive".
Фантом сакаше да направи шега која што содржи голема доза на сериозност.
Мислам дека понетата му беше дека и машките шефови би го направиле истото но нема да прашуваат каде и со кого туку едноставно би го одбиле.
Барем во тој случај ќе кажеш и на колегите а бе шефот ни е педер не дава одмор. А вака само ќе дојдеш до заклучок шефицата ме мрази само мене.:wink:
 

SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Kaj ima sila a se nema vrski nema pravdina
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Direktorka zlostavlja ceo menadžment
(вести од соседството) но не е поразлично ваљда и кај нас - само што кутрите молчат

direktorke Vesne Gaćeše. Tvrde da je bahata, da ih maltretira,snima i prisluškuje, zabranjuje kontakte sa nadležnim ministarstvom...

Direktorka Vesna Gaćeša sprovodi pravi teror...Uvela je skupu video-opremu, koja služi isključivo da se posmatraju zaposleni. Na njenom ličnom računaru instaliran je softver za praćenje kamera, koje su postavljene u agenciji i koje se koriste za kontrolu svakog pokreta zaposlenih

http://www.backatopola.in.rs/vesti-iz-zemlje/vesti-iz-zemlje-149.php
 
Б

Бат Елохим

Гостин
штета што е навистина така. Мене лично многу ме нервира што некои жени на овој начин покажуваат супериорност. Ко што треба некои мажи да ги пљукнеш за да сфатат дека се мрсулковци, на некои жени треба да им се мавне заушка...Само да не се генерализира...
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
штета што е навистина така. Мене лично многу ме нервира што некои жени на овој начин покажуваат супериорност. Ко што треба некои мажи да ги пљукнеш за да сфатат дека се мрсулковци, на некои жени треба да им се мавне заушка...Само да не се генерализира...
од обата пола има вакви неандерталци- но, се прашувам зошто таквите се толерираат од страна на оние кои треба да ги казнат, отстранат, ....- треба преиспитување на случај, доколку не се работи за поединец- во случајов тоа се над 13 потписници- некој треба да си стави прст на чело и да разбере дека нешто не штима -токму кај посочената
- но, таквите случаи се заташкуваат и ко никад и да не постоеле
 

Kajgana Shop

На врв Bottom