Осамен егзил во планините
(Лајка-шамани ||дел)
Племето на Лајките долго време го одбегнувало контактот со остатокот од светот.
Лајките биле присутни многу поодамна пред Инките кои во тоа време регирале на таа територија.
Пред 30000 години планинареле поаѓајќи од Сибирија во време на леденото доба во правец на северна Америка,менувајќи го правецот накај југ.
"Чувари на земјата" се нарекуваат до ден денес.
Уште во тоа време поседувале едно од најголемите богатства на човештвото"Знаењето и лечењето со внатрешна енергија".
Пред 500 години кога шпанците ја освоиле територијата на Инките,успеале Лајка Шаманите да побегнат во планините.
Постоела опасност нивната мудрост и традиција да бидат поништени од европјаните кои во тоа време ја ширеле католичката религија.
Не сите од Лајките успеале да побегнат во планините.
Некои од нив биле обвинети за вештерство и магија да би биле на крајот и погубени.
Во нивниот осамен егзил единствената мисла која им давала надеж била:
"Времето на големите промени ќе дојде".
И очекуваното време дошло во 1949 година.
Група од 10 Лајка Шамани тргнале од пределот на минатото во областа на сегашноста.
5 години покасно првиот Лајка шаман заедно со Оскар Нунез де Прадо се симнал од планините,бил како курир пратен да ја разгледа територијата и сигурноста на истата да би
во наредните години следела и коплетната преселба на шаманите од планините во Перу.
Нивната порака гласела:
"Ние можеме да направиме светот да замисли дека е присутен во сегашноста".
Со други зборови:
Секој единствен човек поседува безгранични можности да го промени сопствениот живот(акога ќе го промени својот ќе промени и дел од светот).
Внатрешни повреди(духовни),разочарувања,очекувања и слично оставаат во нашето тело траги и лузни и со тоа се намалува енергијата во истото.
"Само оние кои можат да погледнат со срцето и чии мисли се исполнети со душата на љубовта,би можеле да ги излечат тие повреди" велат Лајките.