jas samo sakav da vi kazam deka postojat i hrstijanski radikalisti niz mk
no ti se stavas vo grupata na "muvite"
Како успеа да поврзеш ,,ја убил мајка му,, со христијански радикалист, те молам објасни ми?
Или мајка му муслиманка била? И од кај знаеш па дека овој воопшто христијанин бил?
--- надополнето: 18 јули 2012 во 00:31 ---
нигде не спомнува маалски оговарања, напротив, почит кон таткото.
Па татко му не е жив. А и без оглед на се, ништо, ништо, ништо не оправдува убиство, а посебно не за ваква причина.
Погрешното воспитување води до ова - и не само неговото, туку општите норми во Македонија, се се пика под тепих, има огромен расчекор помеѓу тоа што сме и тоа што се трудиме да го мислат за нас.
И што, мајка му е вдовица, има партнери, што?
Па со мене живее 64 годишна баба, раскина со едниот дечко, сега друг има. И што?
Да дојдат да ја убијат децата и внуците нејзини?
Секој има право да одлучува за сопствениот живот, и никој нема право да му се меша.
И овој не бил дете од 13 години, туку возрасен 23 годишен маж. Ако толку му пречел животот на мајка му ,можел едноставно да не комуницира со неа.
--- надополнето: 18 јули 2012 во 00:35 ---
Види,никој не го оправдува тоа што го направи...но погледни од негова страна како сето тоа изгледало.Убаво си напиша Out of reality врати се страна,две назад прочитај му го уште еднаш постот.
Како ќе се осекаш ти доколку татко ти почине,а мајкати се курва наоколу и да те зафркаваат сите ??бар така разбрав дека било....види не го оправдувам воопшто али психата е лоша работа,после се што му се случило човекот отишол во неповрат.
Па јас на пример, еве да се разведат моите, ќе бидам многу среќна ако секој од нив си продолжи со животот. Ама тоа сум јас. И баш ме боли што ќе збори некој за нив, за мене.... никој не живее во моја кожа.
Знаеш колкава малограѓанштина е да се мешаш во туѓ живот и уште да се секираш што некој друг рекол за тебе или за твоите блиски?
А каков лик треба да бидеш заради трачарење или секс да одиш и да си ја убиеш сопствената мајка, сестра, девојка?
Не ми е жал за него, зашто мајка му се ,,курвала,, туку што дозволил нечии трачарења или некои негови имагинарни случувања да го доведат до ова.
Таткото е мртов. Животот оди понатаму. Мајка му имала 47 години, не била мртва, жива била.
И многу е можно воопшто да не се ,,курвала,, туку да имала ,,пријател,,.
Ама толку треба во села како Неготино, во село како Македонија.
Болна работа, целото општество е болно, не само овој. Не е само он крив.
--- надополнето: 18 јули 2012 во 00:49 ---
Е сега кога малку размислив заклучив дека можеби ја убил од срам или провокација од некој, а тоа на фб го напишал од мака.
Оти и на вас мајка ви да е секоја вечер со различен маж како ќе се однесувате? Кога некој во очи ќе ти каже синоќа ја е*** мајка ти? Како мали кога нив викаа да ти е*** мајката одма
Има два начини со кои можело да се реши ова: плачење и молење да се смири, да стане домаќинка а не проститутка и вториот начин е да ја убиете/истепате.
Но он се одлучил на вториот начин, во тој момент немало нешто што ќе го спречило во намерата. Не за џабе е поговорката кога си лут не превземај ништо, почекај да помине време за да се смириш.
Вакви работи прават и здравите луѓе.
Имаше една жена во мојот град која нон стоп беше малтретирана од сопругот. Немаше мира ја затвараше да спие со кокошките, а комшиите гледаа и тераа сеир наместо да и помогнат. А сиротата жена мораше да го трпи сето тоа.
Многупати бегаше од дома и се криеше додека он беше на работа, но кога ќе ја најдеше за косата до дома ја влечеше.
На неа и светна и го отру, па потоа со ножот и дел по дел го искасапи и го фрли. Се тоа беше поради гнев, мака, срам..... и заработи 12 години затвор.
ТИ ДАЛИ СИ НОРМАЛЕН?
Постојат два начини за мајка ми да се однесува ЈАС како што сакам (колку години имаш, 5?) да плачам или да ја убијам а?
Мајка ти, мајка ми, мајка му, и било кој човек на светот МОЖЕ И ТРЕБА да се однесува онака како што тој сака, се додека не повредува други. Мајката на овој имала право на свој живот и свои избори, нејзиниот син не е малолетен и таа не носи никаква одговорност за него, да му сметала можел да си оди слободно, а не да живее со неа во НЕЈЗИНИОТ дом.
Здравите луѓе го живеат својот живот и своите мајки не ги нарекуваат ,,курви,, затоа што здравите луѓе не ги интересира сексуалниот живот на нивните мајки. Да го тепала, малтретирала, злоставувала - е тоа е друг муабет.
Мајка му имала секс - како и секое нормално човечко битие.
А таа комшика ти, можела убаво да се разведе.
Навистина многу пореметени размислувања има во Македонија.
Жалосно и страшно!!!