Сосема е можна и таа опција. Види што пишува во Библијата:
„И видов друг ѕвер, како излегува од земјата, и имаше два рога, како кај јагне, а зборуваше како змеј. И тој ја вршеше власта на првиот Ѕвер, пред него, и направи земјата и нејзините жители да му се поклонуваат на првиот Ѕвер, чија смртоносна рана беше залечена. И правеше големи чуда, така што и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето. Тој ги заведуваше жителите на земјата со чудата, што му беа дадени да ги прави пред Ѕверот, велејќи им на жителите на земјата, да направат икона на Ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив. И му беше дадено да вдахне дух во иконата на Ѕверот така што иконата на Ѕверот да прозборува, и да направи да бидат убиени оние, кои нема да се поклонат на иконата на Ѕверот.“
(Откровение 13:11-15, Библијата)
Немојте да мислите дека на оваа икона ќе биде насликан некој црвен ѓаол со рогови, опашка и гребло во раката. Во Библијата јасно пишува дека рогатиот се преправа и во ангел на светлината:
„И не е чудно, зашто самиот сатана се преправа во ангел на светлината.“ (2 Коринтјаните 11:14, Библијата)
Нема играчка со ѓаоло. Тој е мајстор за лагата, татко на лагата со милениумско искуство. Ќе те прелаже док си рекао зец. Единствен начин да се заштитиш и одбраниш од него е да Му се приближиш на Бог (тука им се обраќам на христијаните).