Чоколадна пица во Скопје (сторија)

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
Мала пицерија со голема приказна. Тоа е пицеријата „Мали Џокица“ во центарот на Скопје. За Иван Усовски дознав сосема случајно додека го правев интервјуто со Диадра Бојд, координаторката на агенциите на ООН и прва претставничка на УНДП во Македонија. На масата стоеше брошура на чија насловна страница имаше неколку фотографии од луѓе на кои УНДП им помогнал да почнат свој бизнис. Меѓу фотографиите беше и таа на Иван. Позитивниот лик, насмевката или, можеби, самата разиграност на фотографијата; не знам ни сама зошто неговата фотографија ми привлече најголемо внимание. Ја прашав Бојд, која тој ден си замина од Македонија, кое е тоа момче. Се насмеа и рече дека тој е еден од личностите во Македонија што долго ќе ги памети. Таа ми кажа дека Иван пораснал во Домот за деца без родители и дека му помогнале да отвори своја пицерија.



Неколку недели подоцна стапив во контакт со триесет и петгодишниот Иван. Се најдовме во неговото царство, во пицеријата сместена во близина на гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“. Но, пицеријата не е причината поради која сакавме да го запознаеме Иван. Неговата животна приказна, неговата успешна животна приказна заслужува простор и внимание. Тој не сака многу да зборува за биолошките родители и за тоа што се случувало со нив. Вели дека кога ќе собере доволно храброст да прозбори за тоа, може да направиме уште еден разговор. Писателот Мишко Попов му рекол дека во неговиот живот има материјал за добра книга. Од она малку што успеав да го дознав од него, родителите на неговата мајка се откажале од неа кога останала бремена со Иван. Го родила како самохрана мајка. Ја прашале во болница како ќе се вика детето. Некој викнал Иван и така го добил името, а на тоа тој гледа како на божји глас. Иако семејното презиме му е Усовиќ, колективот во болницата одлучил да биде Усовски. Денес тој е единствениот Македонец со такво презиме.

До седумгодишна возраст живеев во дом-семејство. Таму ги научив хигиенските навики. Ме чуваше една многу фина жена, Слободанка. Потоа бев во Домот „11 Октомври“, каде што и воспитувачката Ники ме научи многу работи. На 17-годишна возраст почнав да го учам занаетот. А, од Домот излегов кога имав осумнаесет години и шест месеци. Занает во дом не ти даваат. Мојата приказна со пицата почна во „Дал-Мет-Фу“ , благодарение на поранешниот министер Александар Димитров. Тој ми е како татко. Тогаш беше директор на „Палер Македонија“. Го запознав како дете кога од Домот ме праќаа да собирам стара хартија од становите и од куќите. Бевме поделени на групи. Бев со уште две дечиња. Одевме по згради и баравме хартија. Имавме некоја добра ѕвезда. Ни даваа сокче, храна, облека, па дури и по некоја паричка. Благодарение на нив растењето во Домот ми беше полесно. Александар Димитров беше еден од оние луѓе што ги запознав така и тој ми стана како татко. Ме фати за уво и ми рече дека морам да учам занает. Не знаев ни што е занает. Ме однесе кај Фуфо и му рече: „Сакам ова дете да биде добар мајстор“. Имаше тројца мајстори, сите различно ме учеа. Јас, веројатно, сум бил надарен за тесто и за пица и успеав да го извлечам најдоброто од сите нив, и на тоа да додадам нешто свое. Јас сум леворак и се приспособувам на тоа – раскажува Иван.



Маката ја создаде чоколадната пица

Чоколадната пица е специјалитет на „Мали Џокица“. Иако имаат и некои други специфични пици и пирошки, оваа пица е она што ги прави различни. Првпат ја направил пицата во 2007 година додека бил на море. Постојано јадел во пицеријата во која работел сакајќи да заштеди пари. Но, му здодеало постојано да ја јаде истата храна. Па, така почнал да си приготвува несекојдневни оброци. Вели дека многу е важна енергијата што ја внесуваш додека готвиш, важно е со колку љубов го правиш тоа што го правиш.
Добивавме паста за сладолед од Италија. Ставив растителен кашкавал, паста, јагода, вишни, киви, па измешав и ставив да се пече. Изгледаше чудно, па додадов и чоколаден прелив. Им понудив на пријателите. Сите се изненадија од вкусот. Им направив снимка како јадат. Си помислив дека, веројатно, нема да им стане нешто лошо. По некое време решив и тука да ја правам. Сакав да му понудам на некој од македонските производители да ми направи чоколаден кашкавал, но сопругата ме премисли. Ми даде предлог да ја правам со „нутела“. Вкусот е фантастичен, но така многу е скапо. Па, заменив со друг крем, го преработив, го усовршив кремот, го усовршив и тестото, а ставаме и бадеми, вишни, киви, банана, и, искрено, многу се троши – вели Иван.



По завршувањето на средното угостителско училиште, заминува во војска. Се враќа и продолжува да работи како пица-мајстор, но во други пицерии. Се научил да работи и на дрва и на плин. Работел и како манекен, фотомодел, снимал реклами, растоварал стока, метел улици, копал, малтерисувал; Работел и во оптика, работел со минерално стакло. Смета дека љубопитноста му помогнала да научи многу работи. По неколку години работа во македонските пицерии, по совет на пријател, заминал на море за да заработи некој денар повеќе.
Почнав да работам во Црна Гора. Ми беше мачно, многу мачно, но се снаоѓав. Бев научен сам да се пробивам и да се снаоѓам. Така почнав секоја година да одам на море и да работам. Пред да ја сретнам Ангела Ангеловска, која сега веќе ми е сопруга, талкав, одев ваму-таму и се борев за преживување. Ќе заработев пари на море, ама трошоците за живот се големи. Живеев во влага, во тешки услови, парите брзо се трошеа. Претходно аплицирав за кредит од УНДП, но неуспешно, не ги исполнував условите. По две години откако се запознавме со Ангела, која е педагог во градинка и потекнува од домаќинско и образовано семејство, стапивме во брак. Таа ми е голема поддршка во животот. Со помош од страна, се запознав со луѓето од УНДП, и во соработка со нив и со Владата земав пари. Ми се наредија коцките, па со парите од свадба и со помош на родителите на сопругата, од кои имам огромна поддршка, ја отворив пицеријата, која функционира веќе две години. УНДП ме поддржува и ден-денес. Сега сакам да земам уште 1.500 евра неповратен кредит во материјали, со тоа што треба да вработам едно лице на најмалку една година. Условите за работа ги имам и мислам дека можам да одговорам на секој предизвик. Работите зависат и од кармата. Јас верувам дека каков човек си во животот, така и ќе ти се одвиваат работите. Јагнето со волк не може да се дружи. Ако си бил лош, не очекувај добро. Веројатно, сум добар човек – со насмевка раскажува позитивниот и харизматичен Иван.

Tој им дал шанса за работа на неговите, како што самиот ги нарекува, браќа и сестри од Домот. Но, не сите знаеле да ја искористат таа шанса или, како што вели, најчесто се изненадуваш негативно од најблиските. Сѐ уште не се откажува од идејата да им помогне на оние на кои, како што вели, припаѓа и самиот.
Тоа што јас сум се снашол во животот не ме прави поголем од оние што растат во исти услови како мене. Никогаш не сум се двоел. Ми подарувале и големи работи, а не барале за возврат. Тоа е божји подарок. Јас сум среќен. Фрли ме мајко на буниште со ксмет. Тоа е мојот живот. Се чувствувам способен. Сега се трудам да му помогнам на Мирослав, момчето што работи кај мене. Тој потекнува од сиромашно семејство од Илинден и сакам да го научи занаетот и да отвори своја пицерија во населбата каде што живее. Го засакав многу, тој ми е и девер на свадба. Она што за мене го направи Димитров, јас сакам да го направам за него. Ќе се обидам да му помогнам колку што можам – вели тој.
Иван смета дека може да се живее од пицеријата, но да се води еден скромен живот, без да се оди на одмор. Ако порано купувал евтини производи, сега може да си дозволи и малку поквалитетни. Ја подобрил својата исхрана и начинот на живот, што повеќе му значи отколку, како што самиот рече, да купи „мерцедес“.
Бог ми дал многу иако ме оставил без родители. Фала му на Бог што сум жив и здрав. Мојата приказна многу ми помогнала и секое лошо гледање на светот од страна е за добро. Се чувствувам како да сум најбогатиот човек на светот. Едноставно, чувството го прави човекот, а мене малите нешта знаат да ме направат многу среќен. Земав стан од државата, оваа власт ми даде стан. Не дека не бев среќен, но кога видов колку моите браќа и сестри се среќни, сфатив дека мојата среќа е премала. Имав некое чувство на незадоволство што сам не сум го постигнал тоа, што сам не сум го купил станот. Денес морам да ја пофалам Владата дека прави многу за децата од Домот. Добиваат можност да студираат и да земаат пари додека студираат. Тоа го имало само на Запад, но еве сега го има и кај нас – задоволно коментира Иван, кој наскоро планира да отвори нова, поголема пицерија.

Превземено од Република


https://www.facebook.com/picamalidjokica?fref=ts

Интересна сторија, браво за дечкото што се снашол во животот. Него, сте ја пробале чоколадната пица?
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
за тие шо ги мрзи да читаат:

мачен живот имал ко дете, трудољубив, не се откажува and all that
направил чоколадна пица (прво) со растителен кашкавал, паста, јагода, вишни, киви, а потоа со крем, бадеми, вишни, киви, банана
 
P

parvati

Гостин
И ке дојде некој Шпон и ке праша дали е сфинска ? : )
Како куде мене на работу Шфицарка прашуе за принц крофне бе дали .... мора да гу цитирам : " A има сфиња у колачи "
Ваљда за мас прашуе...
Или па ке дојде и ке тражи кечап и мајонез сс благу пицу..

Сфи ми иамо мучан живот, без разлику дали праиле благу или слану пицу
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Пица на парче = auto fail, па уште и чоколадна прават LOL.
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Убава пица прават, често јадам тука. Само кечапот и мајонезат треба да го сменат што поскоро. Парче пица капричиоза во август/септември беше 70 денари, сега поевтиниле на 60. Не само, парчиња, имаат убави затворени пици, мексикански сендвичи, хот дози.

 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.294
Поени од реакции
45.839
Ова може и колач да се нарече ама пусто рекламиве за иновации и креативен дух удрија јако кај треба и не треба
 

Indigo

баниран/а
Член од
8 септември 2012
Мислења
763
Поени од реакции
414
Убава пица прават, често јадам тука. Само кечапот и мајонезат треба да го сменат што поскоро. Парче пица капричиоза во август/септември беше 70 денари, сега поевтиниле на 60. Не само, парчиња, имаат убави затворени пици, мексикански сендвичи, хот дози.

Убава пица прават? Убаво е тоа што дечкото од ништо направил нешто, но пицата е една од понеубавите што сум ги јадел.
 
B

babsyy

Гостин
аа, ова кај корчагин така
имам јадено тука, солидна пица прават за тие пари
да не знаеш што попрво да посакаш да изедеш
чоколадната пица или бејбиво со смешак најубав :love:
 

WalterWhiteTheMethKnight

Генијалец
Член од
19 мај 2010
Мислења
407
Поени од реакции
292
Абе џабе пиците не му ги бива ич. Само првиот ден му чинеа, одма ги расипа.
 

mandak

матапрчо
Член од
26 март 2009
Мислења
797
Поени од реакции
524
Претходно аплицирав за кредит од УНДП, но неуспешно, не ги исполнував условите. По две години откако се запознавме со Ангела, која е педагог во градинка и потекнува од домаќинско и образовано семејство, стапивме во брак. Таа ми е голема поддршка во животот. Со помош од страна, се запознав со луѓето од УНДП, и во соработка со нив и со Владата земав пари.

Now i know what you mean !​
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Дечкото многу убав.
А чоколадна пица мене ми е исто како пица бурек. (n)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Баш ќе купам некогаш од чоколаднава пица кога ќе дојдам во Скопје..... би требало да има добар вкус, ама солено си е солено :)

Иначе едно големо браво за човеков кој постигнал една ваква цел во животот :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom