Чикаго помина, што понатаму?

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
^ Е браво, два-три месеци, трчање ко мува без глава, ко куче по коска, е тоа е веќе хардкор лобирање. *аплаудира саркастично*
Само аплаудирај ти и се ќе биде во ред... :facepalm:
 
?

..........

Гостин
Давај ти по X милиони на организацииве, да видиш како одма ќе се смени ситуацијата.
Проблемот е што не сме економски толку јаки за да даваме толку пари, иначе според мене тука лежи зајакот. Вака немаат интерес да се замараат за нас.
Кога државава би била економски моќна, нема потреба да се дават Х милиони на организации заради некој што не се согласува со нашето мислење, кога би биле економски јаки ние ке немаме потреба да станеме член на нато или еу, всушност сега поентата за барање влез во овие организации е токму слабата економија, кога и самите си признаваме дека сме неспособни што воедно е и реалната слика за нас, тоа е потребата за влез во овие организации.
Имаме, тоес немаме кадарни луге во земјава кои можат да направат подобро утре, затоа бараме спас од надвор... бараме пари за леб, а кога ке ги добиеме си купуваме цигари и се жалиме дека сме гладни...преправајки се демек овие другиве нафта пијат и не гледат како политичарите управуват со државата...недомакински, кој стигне краде и бега.....апла крадат и не прават будали, при очи слепи при уши глуви, тоа е возможно кај нас затоа што сме глупави....
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Kakво лобирање народе?

Во државава ние сме си највиновни за се што се случува, направете една анализа на состојбите на внатрешна и надворешна политика одкако Македонија е независна, согледајте ги грешките, за секоја акција има реакција. Натовци Бриселци не се на наша страна? а зошто би биле? од сожалување дека сме глупави? Градиме споменици и одбележја кои ги иритират соседните држави, баш во периодот кога треба да се побара гласот на Грција, земја која има проблем со името на државава и која за жал е одлучувачки глас во евроатланските институции, наместо да градиме економија здраво и принципиелно општество....економијата ни е катастрофа, правата на поединецот се загрозени или истите се купуват со пари, на власт имаме организирана мафија и професионална перална за пари и мозоци..(резултати на дело)
Не знаеме кој сме и што сме, усвари кога ке подразмислам подобро има ли жив човек на светов кој што знае кој е и што е?
Затуцани сме со религии, конзервативност, неедуцираност, некадарност, неспособност за да опстоиме, незнаеме како да направиме подобро општество или не сакаме, секогаш виновни ни се другите, секогаш е заговор против нас, секогаш сме калимеро....
Знаеш преди време читав един аналитичар за Грциja и тоj велеше вака - даjте на грците тоа што сакат - комунизам. Па еве сега почнувам да мислам дека и на РМ мора да се даде тоа што таа сака - прекин на преговорите и антиквизациja тоа е тоа. Секи носи сам крстот си и со грешните си потези мора да се научи на носи последиците от одлуките си.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Само аплаудирај ти и се ќе биде во ред... :facepalm:
Постои ли човек кој мислеше дека тие 2-3 месеци лобирање ќе донесат некаков плод. Јас разбирам дека кај нас се оди по брза постапка, ама пак сериозно 2-3 месеци. Деца одете играјте џамлии пред зграда.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Постои ли човек кој мислеше дека тие 2-3 месеци лобирање ќе донесат некаков плод. Јас разбирам дека кај нас се оди по брза постапка, ама пак сериозно 2-3 месеци. Деца одете играјте џамлии пред зграда.
Фала за советот ТАТО!
 
?

..........

Гостин
Грците имаат поголема дијаспора, многу повеќе и побогати луѓе распрснати насекаде низ светот и замешани во сите сфери па затоа секогаш не победуваат на ова поле.
Или попросто кажано попаметни се од нас, видиш не ни дозволуват да фатиме гага од големиве, а не путат кај нив да им правиме промет како туристи.....ах колку сме глупави:facepalm:
 

Santiago

Cocalero
Член од
4 јуни 2012
Мислења
97
Поени од реакции
31
Moree ogan da gi izgori i cunami da gi odnese !!! ccc....
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Колку повеќе треба да лобираме од ова? Два - три месеци пред самитот на НАТО во Чикаго политичариве трчаа низ Европа и Америка како кучиња по коска обидувајќи се да ги убедат "пријателите" на Македонија да се направат напори за да влеземе во НАТО. Најголем "пријател" на овој самит ни беше Турција, и тоа не дека им е многу битно за Македонија и Македонскиот проблем туку затоа што си имаат они проблем со Грција и се мразат па застанаа да наша страна, да не беше така ќе размислеа двапати. Турчинот почна да зборува за проблемот со името и на крај дури и самиот се нарече Македонец ама џабе. Грците имаат поголема дијаспора, многу повеќе и побогати луѓе распрснати насекаде низ светот и замешани во сите сфери па затоа секогаш не победуваат на ова поле.
Грците лобираат 30 години, ние два месеци пред Чикаго не е доволо. Тоа е грешка, целиот државен врв се надеваше на пресудата од Хаг. Турција е голем играч но не е доволно јак. Треба да се лобира во Совет за безбедност за да може да се донесе резолуција во наша корист со цел да се испочитува правото на самоопределување, но и таму е тешко, џабе е да се добијат Русија и Кина кога останатите Америка, В.Британија и Франција може да стават вето, знаеме кој врски се помеѓу Франција и Грција.
Мојот став е јасен. Јас како држава ќе си имам дипломатски односи и ќе развивам со оние земји од кои имам интерес. Не ми треба никакво членство во организации кои ме тераат да се разобличам. Набрзо ќе дојде времето кога сите тие сојузи ќе пропаднат.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.643
Поени од реакции
35.193
Во политиката особено во онаа која ја водат велесилите како САД, Франција и Германија се е возможно.
Дури можно е да нe ги почитуваат одлуките на меѓународниот Суд во Хаг затоа што таа е спротивна на нивните интереси и тоа истиот оној суд кој тие самите го создадоа, истиот оној суд кој се вика Меѓународен суд за ПРАВДА,,,
Јас минатата година прв пат слушнав дека во судството постоела НЕобврзувачка пресуда, па зошто постои тој меѓународен суд, зошто постојат тужители и обвинети, зошто поротниците донесуваат некаква си одлука, ако таа одлука е НЕобврзувачка, :tapp:
Не ни треба никаква дипломатија, никакво лобирање, дури и врапчињата знаат дека Македонија и Македонците имаат право да се нарекуваат како сакаат, правото на самоопределување е едно од основните човекови права.
Нато и ЕУ е СРАМ на модерниот свет
Грција е посебна приказна, држава во која не се почитуваат правата на малцинствата, држава во која се извршени невидени злосторства врз Македонците, злосторства кои сеуште се прават во 21-от век, а за да биде чудото поголемо, Нато , алијансата оформена за мир и стабилност во светот (така барем се рекламираат) му помага на Гркот, Грција била внатре, членка на алијансата и како таква имала право на заштита од Нато да ја ‘‘тероризира‘‘ Македонија:tapp:
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Грците лобираат 30 години, ние два месеци пред Чикаго не е доволо. Тоа е грешка, целиот државен врв се надеваше на пресудата од Хаг. Турција е голем играч но не е доволно јак. Треба да се лобира во Совет на безбедност за да може да се донесе резолуција во наша корист со цел да се испочитува правото на самопределување, но и таму е тешко, џабе е да се добијат Русија и Кина кога останатите Америка, В.Британија и Франција може да стават вето, знаеме кој врски се помеѓу Франција и Грција.
Мојот став е јасен. Јас како држава ќе си имам дипломатски односи и ќе развивам со оние земји од кои имам интерес. Не ми треба никакво членство во организации кои ме тераат да се разобличам. Набрзо ќе дојде времето кога сите тие сојузи ќе пропаднат.
Бар некој се потрудил да размислува. (y)
Инаку советот за безбедност(на ОН ) нема таква опција и да има не би го направила тоа. Како што самиот кажа, Грција е значаен играч, едно што е традиционален пријател на :Франција, Англија, САД(отворете учебник со поновата историја ќе видете оти), нема веројатно вековното залагање да го отфрлат тек така; Самата позиција на Грција (географски) и далеку поинтересна за НАТО отколку нашата, повторно нема да се "скараат" со Грците и да го изгубат Егејот и Јонското море за нас да ни угодат; Доста пари млати НАТО преку Грција, пред се воени договори и преференцијални транспортни договори. Еве ви го светото тројство. Ние од ова немаме ништо. Да не ја заборавиме и ситницата дека за да влеземе во НАТО потребно е едногласност и со тоа додека не си ги средиме односите со сите членки нема внатре(освен ако не се договориме со некоја/некои значајно влијателна членка да ја притисне за нас спротивната страна и да истурка позитивен исход а.к.а. лобирање, ама не она несериозноно 3 месеци пред самит).
И во право си за интересот, ама и Грција ни е дел од него(околу 10% од трговијата) плус ефектот на солунското пристаниште. Нема желби само потреби, за тоа и си ја траеме ситуацијава и се бориме да влеземе во НАТО (бар така викаме).
Darklady те заборавив за малце, според принципот на суверенитет во меѓународното право, ниедна земја не е супериорна или инфериорна во однос на друга. Така што не постои ентитет кој моше да наложи извршување на правото или да казни одредена земја која го прекршува правото.
 

fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
Абе ајде , големи срања сме преживеале и ова ќе го преживеевме , наши револуционери се надевале од соседи било каква помош да се ослободиме и никој не ни помогна , сами се ослободивме .... и ова ќе го пребродиме , нема никаква сила што ќе не уништи ....
 
B

Black Guard

Гостин
Треба една масовна анкета да се направи, дали да се прекинат преговорите со Грција. Доста убеден сум дека граѓаните ќе кажат да. Мислам редно време е да ги отераме грците у пичку матер и да си ја крпиме државата од внатре пред да шиеме дополнителни ракави.
Каква анкета-па нема потреба всушност сега ние сме странат која на некој начин крши меѓународно право-догговорот од 95-та е невалиден а грците се сопнаа на спрепката од тогашната ни влада е сега договорот е невалиден бидејќи е прекршен од Грција а со тоа што ние преговараме само глумиме лудило-или решение Северна Македонија без чепкање по јазик и идентитет-или КРАЈ.
 
B

Bonux

Гостин
уште ли верувате бе во советот за безбедност, о.нации и меѓународни судови,не заебавајте...watch this !!!
 
B

Black Guard

Гостин
Можеби удрил некоја водка+.

Не е проблем тоа за русите туку човекот има право конкретно за 1244 а ако зборуваме и на глобалнно нивоу резолуцијата на ООН за Либија беше (зло)употребена за бомбардирање на либија токму поради ова и Русија не верувам да дозволи слична резолуција и за Сирија.

Како и да е полека но сигурно како што и мислев НАТО неформално се трансформира во воено крило на ООН.
--- надополнето: 15 јуни 2012 во 02:18 ---
Нато , алијансата оформена за мир и стабилност во светот (така барем се рекламираат)
НАТО е оформен од СТРАВ и тоа СТРАВ од поранешен СССР и ќе напоменам оправдан страв-веќе кога го нема СССР и варшавскиот пакт се губи автоматски и поентата на постоење на НАТО сојузот кој сигурно нема да издржи 10 години без посериозни модификации и адаптирање.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.441
Поени од реакции
18.426
Мојот став е јасен. Јас како држава ќе си имам дипломатски односи и ќе развивам со оние земји од кои имам интерес. Не ми треба никакво членство во организации кои ме тераат да се разобличам. Набрзо ќе дојде времето кога сите тие сојузи ќе пропаднат.
Шо убај приказни му кажуваш на децава :)

Само и тие не се будали, сите сакаат да си одат од тука, само тогаш кој со кого ќе членува и со кого ќе развиваме односи, имаш идеја?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom