ВМРО
Loved By Few, Hated By Many, Respected By All
- Член од
- 12 септември 2005
- Мислења
- 1.863
- Поени од реакции
- 26
Затвор за директорот на ОХИС Јорго Ќука, судот го осуди на затворска казна од 4 и пол години. За малверзациите со акциите на фабриката во затвор ќе оди и директорот на правната служба Благоја Гичев, тој доби 2 и пол години.
Останатите седуммина обвинети, директорката на финансовата служба и шестмината членови на Управниот одбор се осудени на три години условно, или една година затвор ако сторат кривично дело.
Ослободените од затворска казна, со лисици на рацете, но со насмевки на лицата во судницата си ја честитаа слободата. Но, нивните адвокати најавуваат жалби. Очекувале ослободителна пресуда.
„Ќе ги користам сите правни средства што законот ги дозволува, да го докажам тоа“, изјави Димитар Дангов, адвокат.
„Мислам дека на тој начин судот оправда една досегашна постапка која беше незаконита“, рече Стеван Павлески, адвокат.
„Останаа нерасчистени одредени работи и одредени нејаснотии се провлекуваат до денес во самата пресуда“, вели Љупчо Андоновски, адвокат.
Освен пресудата, судот донесе одлука да се конфискуваат заложените акции во „Еуростандард банка“ во вредност од 1 милион евра и да му се вратат на ОХИС.
Во судницата реагираа семејствата, ја прашуваа судијката, тогаш каде е вината ако штетата на фабриката и биде надоместена.
Целото раководство на ОХИС седна на обвинителната клупа, бидејќи донеле одлука да заложат акции во „Еуростандард“ како гаранција за враќање на кредит. Кредитот не бил вратен, а милионот во акции останал во рацете на „Еуростандард банка“.
По три месеци во истражниот затвор, судот до правосилната пресуда им го укина притворот на осуммината осудени. Поради опасност од бегство Јорго Ќука ќе биде во домашен притвор. Сите ќе заминат дома, но повеќе не како директори и водечки фигури на ОХИС.
Додека беа во притвор, акционерите ги сменија своите долгогодишни шефови.