- Член од
- 6 март 2007
- Мислења
- 2.301
- Поени од реакции
- 1.581
Не е до владите, до сите нас е, да сме пописмени и покултурни, да сме повредни и поупорни, и да се почитуваме и разбираме без разлика на која нација и вера да припаѓаме, да се држиме сите како фамилија, на нас нема да ни треба ЕУ, туку ЕУ ке бараат влез кај нас. Нешто слично како кога им завидувале на Југословените,им го ископираа системот на обединети држави, па после ги поделија, за да ја добијат поголема моќ од нив и да можат денес да ги контролираат и да ги вртат на мал прст. Не викам дека било се совршено тогаш, не ни знам 88ма сум роден, ама нема човек кој ке каже дека денес е подобро од тогаш, факт.Епа драги мои додека ние си играме Скопје 2014, Црна Гора си ја отвори вратата кон ЕУ. Не дека сум некој фан на ЕУ, во последно време сум скептик, сепак многу ме иритира нашето назадување или стоење во место додека сите останати балкански држави одат напред.
Епа драги Црногорци нека ви е честито, ние сме далеку и зад вас благодарение на владите кои си ги бираме. Нека ни се вечни, ако не се они нема да знаевме како е 20 години да се чувствуваш како измет.
Ама ние си одбравме да се мразиме, да бидеме ленчуги, и да сакаме прекуноќ да се збогатиме. Е па затоа ке си бидеме последни, сите од политичари до просјаци. Не ни е крива ниедна влада, со тоа само својата вина пробуваш да ја пренесеш на друг. Сите сме криви.
И тоа кукање за ЕУ не е кукање за работа, туку кукање за повеќе пари, со ист менталитет на неработење односно желба за работење само во канцеларија и директорка позиција.