Цркви во пештери

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Нашата земја изобилува со прекрасни места и градби, меѓу кои се секако уникатните православни цркви кои се архитектонски ремек-дела. Едни поинакви цркви се оние кои се изградени во внатрешноста на пештера, односно во карпа. Тие се еден прекрасен бисер на Македонија и се одлично место за викенд-прошетка.

Некои од градбите се манастири, додека некои се само цркви. Секоја од нив е опколена од прекрасна природа и е вистински извор на мир и убавина. Најбројни се околу крајбрежјето на Охридското и Преспанското Езеро и засега се регистрирани преку 50 пештерни цркви во Македонија.

Св.Стефан, Охрид






Свети Стефан е пештерна црква која се наоѓа под охридското село Шипокно, веднаш над населбата Свети Стефан, Охрид. Тоа е манастирска црква на истоимениот манастир. Кога се градела црквата, пештерата била затворена со голем камен. Малата црква има полукружен таван, сместен на карпи. Дури во 15 век оваа црква добила фрески, но малечката црква во шуплината на карпата постоела од порано. Внатрешноста на црквата е исликана со прекрасен фреско-живопис, но е оштетен.

Св.Архангел и Михаил, Струга






Над селото Радожда се наоѓа уште една црква во природна пештера. Оваа се смета за една од најстарите пештерни цркви откриени на бреговите на Охридското Езеро. Фреските датираат од 13 век а црквата е посветена на Св. Архангел Михаил. Во оваа црква е откриена едно од најстарите претстави на композиција во монументалниот живопис на Византија. Во Втората Светска Војна, локалните жители се криеле во црквата и го избегнувале бомбандирањето, што често се случувало поради блискоста на селото со албанската граница.

Св.Атанасиј, Струга




Црквата Свети Атанасиј се наоѓа во Калишта. Изградена е во 14 век и до неа може да се стигне по скали од камен. Внатрешноста на црквата е многу мала, но полна со фрески од 14 век, а дел се насликани и во 19 век.

Св.Јован Крстител, Велес


Манастирот Свети Јован Крстител се наоѓа на 25 км северно од Велес во близина на патот кон Скопје, на падините под селото Ветерско. Се претпоставува дека манастирот е изграден во 1670 година. Според написите на големиот македонски преродбеник Јордан Хаџи Константинов - Џинот, овој сакрален објект во средината на 19 век, поседувал голема библиотека со ракописии, печатени книги што укажува дека во манастирот престојувале монаси кои препишувале црковни текстови, собирале ракописи и укоричувале книги што се користеле за културно и просветно издигнување на самите калуѓери и месното население.

Св.Еразмо, Охрид


Свети Еразмо се наоѓа на 2км оддалеченост од Охрид, од десната страна на патот што води кон Струга. Се верува дека таа била првата пештера адаптирана за црква. Фреските се насликани на природните карпи на пештерата и се многу добро сочувани.

Сте биле ли во некоја пештерска црква во Македонија и во која?
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Величествената
Не е таа првата на плажата градиште?Пошто има една и таму :)
Едит:Не била таа.
Таа е св.Богородица




Дваесетина километри од Охрид, десно од патот што води кон манастирот Свети Наум, во карпестиот предел на туристичкиот камп Градиште, на источниот брег од Охридското Езеро, се наоѓа пештерната црква Света Богородица.
Иако повеќегодишниот продор на влага во внатрешноста предизвикал процес на распаѓање на колоритот, сепак сочуваниот фреско-живопис претставува најголем сликарски ансамбл што е зачуван воопшто во една пештерна црква на брегот на Охридското Езеро.
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
vakvi crkvi ima na zapadnoto krajbrazje na prespanskoto ezero blisku do granicata so r albanija na potegot od s stenje konjsko i od konsko do granicata so albanija ,a isto taka ima na ostrovot golem grad , manastirot sv spas vo s evla , manastirot bogorodica vo s brajcino i mozda use nekoja koja ne ja znam
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
755
Поени од реакции
356
Нашата земја изобилува со прекрасни места и градби, меѓу кои се секако уникатните православни цркви кои се архитектонски ремек-дела. Едни поинакви цркви се оние кои се изградени во внатрешноста на пештера, односно во карпа. Тие се еден прекрасен бисер на Македонија и се одлично место за викенд-прошетка.

Некои од градбите се манастири, додека некои се само цркви. Секоја од нив е опколена од прекрасна природа и е вистински извор на мир и убавина. Најбројни се околу крајбрежјето на Охридското и Преспанското Езеро и засега се регистрирани преку 50 пештерни цркви во Македонија.

Св.Стефан, Охрид






Свети Стефан е пештерна црква која се наоѓа под охридското село Шипокно, веднаш над населбата Свети Стефан, Охрид. Тоа е манастирска црква на истоимениот манастир. Кога се градела црквата, пештерата била затворена со голем камен. Малата црква има полукружен таван, сместен на карпи. Дури во 15 век оваа црква добила фрески, но малечката црква во шуплината на карпата постоела од порано. Внатрешноста на црквата е исликана со прекрасен фреско-живопис, но е оштетен.

Св.Архангел и Михаил, Струга






Над селото Радожда се наоѓа уште една црква во природна пештера. Оваа се смета за една од најстарите пештерни цркви откриени на бреговите на Охридското Езеро. Фреските датираат од 13 век а црквата е посветена на Св. Архангел Михаил. Во оваа црква е откриена едно од најстарите претстави на композиција во монументалниот живопис на Византија. Во Втората Светска Војна, локалните жители се криеле во црквата и го избегнувале бомбандирањето, што често се случувало поради блискоста на селото со албанската граница.

Св.Атанасиј, Струга




Црквата Свети Атанасиј се наоѓа во Калишта. Изградена е во 14 век и до неа може да се стигне по скали од камен. Внатрешноста на црквата е многу мала, но полна со фрески од 14 век, а дел се насликани и во 19 век.

Св.Јован Крстител, Велес


Манастирот Свети Јован Крстител се наоѓа на 25 км северно од Велес во близина на патот кон Скопје, на падините под селото Ветерско. Се претпоставува дека манастирот е изграден во 1670 година. Според написите на големиот македонски преродбеник Јордан Хаџи Константинов - Џинот, овој сакрален објект во средината на 19 век, поседувал голема библиотека со ракописии, печатени книги што укажува дека во манастирот престојувале монаси кои препишувале црковни текстови, собирале ракописи и укоричувале книги што се користеле за културно и просветно издигнување на самите калуѓери и месното население.

Св.Еразмо, Охрид


Свети Еразмо се наоѓа на 2км оддалеченост од Охрид, од десната страна на патот што води кон Струга. Се верува дека таа била првата пештера адаптирана за црква. Фреските се насликани на природните карпи на пештерата и се многу добро сочувани.

Сте биле ли во некоја пештерска црква во Македонија и во која?
Штета што ги нема сликите.

Еве овде има по нешто за пештерните цркви.
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Св. Илија-„Горни“, во селото Бањани, во близина на св. Никита во Горњане, скопско, вкопана е во карпа и е технички пештерна црква.

 
Член од
2 август 2022
Мислења
192
Поени од реакции
119
Св. Илија-„Горни“, во селото Бањани, во близина на св. Никита во Горњане, скопско, вкопана е во карпа и е технички пештерна црква.

манастир Св.илија Бањани
 

Kajgana Shop

На врв Bottom