Црквата од плоштадот ќе се сели пред Домот на АРМ

Член од
27 јули 2011
Мислења
633
Поени од реакции
241
Црквата од плоштадот ќе се сели пред Домот на АРМ

Платото пред Домот на АРМ на пешачката улица Македонија ќе биде локација на која ќе се гради црквата „Свети Константин и Елена“ планирана на скопскиот плоштад Македонија, дознава „Дневник“. Промената на местото на планираната градба доаѓа како резултат на договор меѓу владејачките политички партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и треба да претставува компромис за излез од проблемите што ги предизвика најавата за градба на овој православен храм. Односно, со ваквата солуција ќе се дојде до решение со кое на главниот скопски плоштад воопшто нема да има верски храмови бидејќи плановите за градбата на оваа црква предизвикаа лавина од барањата на локацијата во близина на Камениот мост да биде обновена и поранешната Бурмали-џамија.

Одлуката навестена и на МПЦ

Ваквата информација ни ја потврди и висок функционер на ДУИ кој рече дека таквата согласност била постигната во текот на преговорите за конституирањето на новата владина коалиција.

- Ние од почеток имавме принципиелен став дека на главниот градски плоштад не треба да има верски објекти и дека секуларноста на државата не би требало да се нарушува на овој начин, рече тој.

Засега не е познато кога би можело да се очекува почетокот на градбата на оваа црква. Во Скопската епархија на МПЦ вчера заради отсуствата на надлежните достоинственици не можеше да се добие и официјална потврда за тоа дека веќе е договорено преместувањето на спорната локација. Неофицијално, се дознава дека ваквото решение веќе му било навестено на поглаварот на МПЦ архиепископот г.г. Стефан кој истовремено раководи и со Скопската епархија. Според сознанијата, се очекува ваквата промена да помине без противење од негова страна и покрај фактот што МПЦ е законски сопственик на парцелата од 1.525 квадрати метри меѓу објектот „Сити-галери“ и познатиот ресторан „Пелистер“. Имено, пред две години кога беше донесена одлука да се гради црква на плоштадот како дел од проектот „Скопје 2014“, Владата ~ дозволи на МПЦ истовремено и да ја откупи конкретната парцела. Така, за износ од по 35 евра за квадратен метар, односно за 53.375 евра црквата ја презеде сопственоста врз локацијата на која досега не се решаваше да ја почне градбата.

Со оглед на ваквата ситуација, промената на локацијата за градба најверојатно ќе се изврши преку замената што државата и Општина Центар ќе ~ ја понудат на МПЦ. Ваквата промена несомнено ќе значи и промена на детаљните урбанистички планови за ова подрачје со оглед на фактот што градбата на црквата веќе е интервентно направена во ДУП „Мал ринг“, а просторот пред Домот на АРМ е предвиден за друга намена.

Повеќе локации биле во игра

Останува неизвесно дали дислокацијата на црквата ќе ги стивне и барањата за обновувањето на некогашната Бурмали-џамија на просторот до Камениот мост, или, пак, решението за неа ќе се бара по сличен терк - одобрувањето на нова локација. По продажбата на две парцели на кои некогаш се наоѓала џамијата на грчкиот бизнисмен Димитрос Кондоминас и практично стана невозможно нејзиното обновување.

Одлуката да се гради верски објект во центарот на градот пред две години предизвика и реакции во јавноста меѓу кои најтежок инцидент се случи кога група млади луѓе беа физички нападнати бидејќи протестирале против градбата на црквата. По овој инцидент Скопската епархија постојано одлагаше да почне со градба, а во меѓувреме се јавија и шпекулации дека се бара друга локација. Во игра биле плановите таа да се гради во паркот кај поштата, спроти „Сити-галери“ или во Паркот на жената-борец, но тие отпаднаа.

Македонската православна црква пред извесно време доби десет милиони евра во обврзници за денационализираниот имот, но с` уште не е познато дали дел од нив ќе се користи за новата градба. Црковната практика, инаку е верските храмови да се градат со донации.
Кале чека дефинитивно решение
Владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ с` уште не донеле дефинитивна одлука каква ќе биде судбината на објектот на црквата-музеј на скопското Кале. Неофицијално, во игра се варијантите за еден изменет објект во кој би било презентирано вкупното археолошко наследство или за три музеи. Градба на три посебни музеи неодамна најави и Паско Кузман, директорот на Управата за заштита на културното наследство. Според него, едниот објект треба да биде посветен на праисторискиот период, вториот на средновековниот период на христијанството и третиот за отоманскиот период.

АБЕ МОЈСЕЈ НИЕ БАРАМЕ ЦРКВА НА ПЛОШТАД А НЕ ПРЕД ДОМ НА АРМ ДО КОГА ЌЕ СЕ ПАЗАРИШ ЗА СТОЛЧЕТО !!!!
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Хахахаха нашите политичари колку се само пичици.............И јас не сум за на плоштадот да има нешто пошто нема место за ништо после да има, ама ја најавуваја црквата па дури тепачки имаше измеѓу МАКЕДОНЦИ што се ЗА и МАКЕДОНЦИ што се за НЕ, и ич кур не им турија па им пуштија специјалци да јадат ќотек двете групи, а сега кога не се согласуваат албанците, овие дури и локација и сменаа на црквата, ебаве мекуши - и после овде ќе имало напредок??? Ќе има за Албанците и тек-тук за Марсовци ако дојдат, а Македонците - робови во своја држава заради оние умрените. :tapp: :mad:
 

Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
Гледам полека луѓето се свестуваат дека се е за пари и интерес, а не за патриотизам! Дека намерно е народот раскаран за полесно да се владее со него!
Не велам дека не постојат потрчковци и газолижачи ама полека полека работите излегуваат на виделина!
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.343
Поени од реакции
79.159
Никој не спомна за локацијата туку само за партискиве лидери.
Партиските лидери истргуваа со локацијата, како и со се што можат. Секако на штета на Македонците.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Како што тргнале за некоја година ќе го селат и Алекснадар Македо... Пардон Незнајниот Воин на Коњ од плоштад на некоја поневидна локација.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Да не му текнува некому која локација ја нудеа архитектите студенти кога протстираа?
 
Член од
27 јули 2011
Мислења
633
Поени од реакции
241
Да не му текнува некому која локација ја нудеа архитектите студенти кога протстираа?
abe kjotek jadoja za crkavata tie, a ovi i zadnikot bi mu go dale na balistite za pusta vlast :))), se vo soglasnost so lazniot patriotizam milenko mirka velinova latas i kompanija .
ako se pravi crkava ce se pravi kade sto bila nekogas na plostad i nikako poinaku koj e gazda na drzavava
ako ne go biva mojsej neka si dade ostavka ima i drugi pokompettni od nego
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
abe kjotek jadoja za crkavata tie, a ovi i zadnikot bi mu go dale na balistite za pusta vlast :))), se vo soglasnost so lazniot patriotizam milenko mirka velinova latas i kompanija .
ako se pravi crkava ce se pravi kade sto bila nekogas na plostad i nikako poinaku koj e gazda na drzavava
ako ne go biva mojsej neka si dade ostavka ima i drugi pokompettni od nego
Тропање глупости не барав.
Барав која локација ја бараа архитектите.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.343
Поени од реакции
79.159
Тропање глупости не барав.
Барав која локација ја бараа архитектите.
Па тоа де.
Не е битно архитектите што бараат.
Црква се гради на избрано место и таму, на тоа место се обновува. А не на кој кај ќе му прдне.
Ако моментално нема таму простор, треба да се создаде.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Па тоа де.
Не е битно архитектите што бараат.
Црква се гради на избрано место и таму, на тоа место се обновува. А не на кој кај ќе му прдне.
Ако моментално нема таму простор, треба да се создаде.
И ти исто. Јас побарав мене некој да ми каже која локација ја нудеа, а не на Грујо или дали тој ги слуша. Јасно е дека ќе градат како што ќе им прдне.

Колку што имам слушано црква не може да се гради на било кое место туку истото треба да е ваковно. Можеби и грешам.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Дечки алал да ви е успеавте од подфорумот да направите поле за партиско препукување и лечење лични фрустрации. Има многу што да се каже по оваа тема од практичен и архтектонски аспект, ама бидејки тоа не му е намерата на оној што ја отворил темата ќе останам воздржан и мислам дека нема поента да се коментира.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom