Црвен телефон во вестите на Телма

Член од
30 јули 2014
Мислења
5.200
Поени од реакции
16.602
Груевски кога го затвораше А1 во 2011та беше барем дупло послаб од Груевски денес. :)
Да, денес Грујо е многу посилен од 2011, благодарение на гумените куршуми. Знае он дека сега е најранлив, баш затоа што се осеќа(ше) толку многу силен.

Но, да не се залетувам, рано е сеуште. Пролетта допрва доаѓа.

Он - Браво за Телма(y)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.209
Поени од реакции
25.947
Според такви критериуми најдобриот сајт на светот е ПорнХаб.
Кога ќе размислиш главните постулати му се скоро идентични, што само Сител не дупи во мозокот.

Аха и Груевски беше многу послаб во 2011 :tvg:...Изгледа Стеф му беше тогаш личен тренер.
За тој што сака да гледа порно, Порнхаб е најдобар сајт. Сител има неверојатно висок процент на лојална публика, што ни нуклеарна експлозија не ја трга од таа фрекфенција. 3-4 пати се погледани од втората телевизија на листата. Затоа и е толку споменувана во политички препукувања.

Јас сум убеден дека ако некој му понуди на Груевски да ја смени сегашнава ситуација со таа во 2011та, ќе му се изнасмее. Ама не мора да се согласиме. Ќе почекаме некој месец, па ќе правиме муабет пак.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.067
Поени од реакции
80.968
Добра телевизија = гледана телевизија. Телма беше далеку од тоа. Сега е на добар пат да стане.
Телма е на пат да стане гледана телевизија. А добра не значи задолжително и гледана, пошто поголемиот дел од гледачите имаат ниски стандарди од аспект, на култура и други тв параметри.
Сител, А1 и Канал5 ретко биле добри телевизии, во нивното постоење, ама биле гледани.
Цеца не е добра музичарка, ама е слушана.

Добра = гледана, важи само од економски аспект.

Патем, Телма и да стане погледана од сега, нема никогаш да биде гледана колку А1,К5 или Сител, се додека не стави храна за пучот - новокомпонирана музика, турски серии и сл. Тоа е, грото од населението бара такви производи со пониски културни стандарди, поприфатливи за менталниот склоп на масата. Длабочината заморува. Телма не била никогаш гледана затоа што не сакала да се приклучи кон мејнстримот. Никаква политичка ориентација, објективност и професионално новинарство, не можат да ја качат до тие височини на гледаност.
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.209
Поени од реакции
25.947
Телма е на пат да стане гледана телевизија. А добра не значи и гледана, пошто поголемиот дел од гледачите имаат ниски стандарди од аспект, на култура и други тв параметри.
Сител, А1 и Канал5 ретко биле добри телевизии, во нивното постоење, ама биле гледани.
Цеца не е добра музичарка, ама е слушана.

Добра = гледана, важи само од економски аспект.
Се согласив уште вчера дека добра не е најсреќно избран атрибут. Успешна е подобро зборче.
 
Член од
3 мај 2012
Мислења
534
Поени од реакции
1.662
Идејата е добра, нема збор (y)

Е сега, јас на ова не се палам и не го величам затоа што откако го спушта црвениот телефон, се јавува на плавиот.

Предалеку е Телма од објективна телевизија (објективност=незавземање страна) :) Но добро, подобро да имаме партиски телевизии и од двете страни, отколку само од една.
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
887
Поени од реакции
2.782
Не трујат со турски серии, со политика.. Немаме домументарни,образовни програми, програма за деца и сл. Народот ни е толку многу слеп,необразован не разбира ништо, затоа и турските серии се најгледани, а немаат никаков квалитет, напротив се срање... И гледам народот секаде се дели не ми јасно како може толку да си заљубен у партија и не можеш реално да гледаш на работите.. Вие не сакате да живеете во нормално општество? Бидејќи ова денеска не е нормално, запрашајте се како е да се живее во држава во која се е преку партија, преку врски, немам квалитет.. Некој учел се труделе завршил и продава пиперки а некој со средно ставен на добра функција.. Тоа за мене не е нормално, затоа и младите со перспектива замина во странство. Но сите нас ни чуе моментално за ситуацијата, кога имаме ќар од неа, не е битно што ќе се дешава у иднина, ако е густо ќе бегаме.. ИЗВИНЕТЕ ЗА :oftopik:НО СУМ ИЗРЕВОЛТИРАН ОД ОВА ШТО СЕ СЛУЧУВА МОМЕНТАЛНО ВО ОВА НАША ДРЖАВА.
 
Ф

Флеш

Гостин
Реално мора да ја спомнеме и Мтв во позитивна смисла,ако веќе сте тргнале да оценувате канали и нивната целовкупна содржина на програма.Кој сака нека јаде трици за Мтв во негативна смисла,ама за мене моментлно се најубедливо најдобри.Најдобра спортска понуда имаат плус домашна продукција на емисии од било кој вид.Ни телма,алфа,шител,анал 5 не пренесуват за фудбал,ракомет,кошарка,одбојка,формула,емисии за патување,документарци,серии и тако даље.Телма до вчера беше мртва телевизија која ја држеше во живо Сериа а.Дури пред еден месец малце живна со малку емисии и редизајн.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Добри се Телма, несекојдневни, се трудат нешто, креативни, и оваа кампања им е интересна, а многу се попалија дека е некаков неоечкуван потег на новинарката :)

Нормално дека нема никогаш да бидат најгледана ТВ, освен ако ептен не го сменат концептот, иако па и тоа не е секогаш решение. Алфа која беше слична на Телма во програмската шема (и политичката страна) откако се промени (структурно и уредувачки) проба со секое дно од индиско, српско, турско и остало срање па верувам дека гледанота не им е ни третина од К5, а за Сител на правиме муабет.

А за МТВ, се имам изјаснето и претходно, џабе им е се, не спорт, не емисии, не документарци, се им е џабе кога имаат такво апла заземање страна, не може тоа бе, национална телевизија за која секој издвојување месчно од својот буџет, не може и не смее, не се ѓубрето што беа пред 2-3 години, далеку се нешто од спектакуларни.

Ако сака МТВ и најјаките фудбалски првенства да ги откупи, секој нов филм од 2014 и 2015 нека го дава секој ден, пак нема да бидат добра тв, оти треба да разберат дека не се приватна телевизија и уредувачката политика не може да им биде правена на ист начин како тие телевизии.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.067
Поени од реакции
80.968
Треба да се има во предвид дека денес "непристрасноста" на МТВ, или Сител или Канал 5, не е ништо поголема од "непристрасноста" на МТВ, или Сител, или А1, кон другата опција, пред едно петнаес-дваес години.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Јас истото за МТВ ќе го зборувам и за 20 години, ако дотогаш имаме друга политичка опција (ама тешко;))

МТВ мора секогаш во своите вести, контактни и дебатни емсии да има дава еднаков простор на сите политички, верски, религиски и разноразни други општестено-социјални групи.

Не е само политиката, ако има ситуација меѓу студенти и професори- ист простор и непристрасно известување и за двете страни, ако има работници и работодавци- истиот принцип, така мора да функционира национална и народна телевизија.

Се затерав јас офтопик за МТВ. :oftopik:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Jас немам доверба ниту во „ црвени “ ниту во „ бели “ ниту во „ мобилни “ ниту во „ политички опции “ ниту во „ лидери.“...
И ова со „ црвените “ телефони е превара - демек некој им се јавувавал а тие не се јавувале демек биле независни и објективни
Како да не, уште да најдат некој да им верува
Политичариве ( читај криминалците ) меѓусебно се прислушкувале па ние да се секираме
Е немаме друга работа
Баталете „политички “ разговори со домашна политика
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.067
Поени од реакции
80.968
Ја не верувам во непристрасноста на Телма. Верувам само дека е понепристрасна од некои провладини медиуми.
Телма ја ценам заради повеќегодишната дигната рачна за шундот. Некад повисоко дигната, некад пониско, али ипак рачна. Кај другиве е спуштена, а кај некои телевизии и ја нема како опција.[DOUBLEPOST=1425575051][/DOUBLEPOST]
И ова со „ црвените “ телефони е превара - демек некој им се јавувавал а тие не се јавувале демек биле независни и објективни
Како да не, уште да најдат некој да им верува
Не верувам дека тоа им била идејата - телефонот да ѕвони дека некој се јавуе у програма за нарачка.
Тоа им е симболично, да покажат дека нема да примаат нарачки. Останува прашањето - од кого?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom