Добри се Телма, несекојдневни, се трудат нешто, креативни, и оваа кампања им е интересна, а многу се попалија дека е некаков неоечкуван потег на новинарката
Нормално дека нема никогаш да бидат најгледана ТВ, освен ако ептен не го сменат концептот, иако па и тоа не е секогаш решение. Алфа која беше слична на Телма во програмската шема (и политичката страна) откако се промени (структурно и уредувачки) проба со секое дно од индиско, српско, турско и остало срање па верувам дека гледанота не им е ни третина од К5, а за Сител на правиме муабет.
А за МТВ, се имам изјаснето и претходно, џабе им е се, не спорт, не емисии, не документарци, се им е џабе кога имаат такво апла заземање страна, не може тоа бе, национална телевизија за која секој издвојување месчно од својот буџет, не може и не смее, не се ѓубрето што беа пред 2-3 години, далеку се нешто од спектакуларни.
Ако сака МТВ и најјаките фудбалски првенства да ги откупи, секој нов филм од 2014 и 2015 нека го дава секој ден, пак нема да бидат добра тв, оти треба да разберат дека не се приватна телевизија и уредувачката политика не може да им биде правена на ист начин како тие телевизии.