SuicideMessiah
Советник
- Член од
- 7 јули 2008
- Мислења
- 5.564
- Поени од реакции
- 286
Црвенковски: Ќе му ја исполнам желбата на Груевски да се соочиме на избори
Претседателот Бранко Црвенковски денеска излезе со одговор на обвинувањата од страна на Владата на неговите одлуки за аболиција на струмичкиот градоначалник Зоран Заев и непотпишувањето на шесте закони, истакнувајќи дека се неосновани оти тој единствено го почитувал Уставот, од кој произлегува неговото право да помилува обвинети. Црвенковски истакна дека неговиот единствен и примарен мотив, и покрај, како што рече крупните морални дилеми, за овие одлуки било нормализирање на парламентарната демократија во земјава и враќaње на опозицијата во Собранието.
“Секој оној кој не гледа на ова како на проблем кој треба да се реши, не знае што е демократија и не сака да ја види Македонија во ЕУ и НАТО. Зошто премиерот Никола Груевски не покрена никаква иницијатива и не покажа елементарна загриженост за ваквата состојба“, рече претседателот Црвенковски на денешната прес конференција.
Во однос на обввинувањата за преседани од страна на Црвенковски, претседателот на државата јавно му упати прашање на премиерот Груевски, зошто не го споменува “најгоемиот преседан во историјата на македонското судство кога Судскиот кривичен совет во два наврати преиначи одлука на надлежниот истражен судија?“.
“Господине Груевски, еден поранешен министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во 1998 изјави: ’Сега кога конечно ја грабнавме власта, никој никогаш нема да ни ја земе и ќе владееме во следните 100 години’. Топло ви препорачувам да не влегувате и вие во таков филм, бидејќи бидете уверени дека и вашиот ќе заврши исто како и претходниот“, рече Црвенковски.
Во контекст на јавниот повик од Груевски до Црвенковски да се кандидира на претседателските избори за да се соочат, претседателот истакна дека ќе му ја исполни желбата, но не на претседателски, туку на парламентарни избори.
“Ќе се соочиме на парламентарни избори кога и да се одржат. Ви ветувам дека вистинската политичка битка за вас, допрва почнува “, му порача претсеадтелот Црвенковски на премиерот Груевски.
Тој воедно потврди дека по истекување на неговиот претседателски мандат се враќа и активно ќе учествува СДСМ и ќе стори се што е во негова моќ да ја афирмира политиката на партијата, без неговото враќаќање во редовите на СДСМ да го условува со раководна функција во партијата. Во однос на можноста за надминување на блокадата во Собранието, Црвенковски рече дека спикерот Вељановски на првата наредна седница да ги стави петте спорни закони (Указот за законот за јазици вчера веќе претседателот го потпишал) и парламентарното мнозинство да ги изгласа повторно.
“Истиот ден јас ќе ги потпишам указите“, рече Црвенковски.
Тој и спикерот на Собранието денеска ќе одржат средба на оваа тема, но претсеадтелот на државата не сакаше однапред да дава коментар. Во врска со, како што рече, медиумската кампања против него и хистеријата во изминатите две недели од страна на досега непознати т.н. невладини организации, претседателот порача:
“Ако имате намера да ме уплашите, ако имате намера со ваков притисок да ме замолчите се обраќате на погрешна адреса. Баталете ја таа работа, не губете време, не трошете пари и енергија залудно. Оваа политика која ја спроведувам е политика во која верувам и од која јас нема да отстапам“.