Цитерал - Искуства

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.637
Поени од реакции
34.836
Цитерал, Ципринол „ciprofloksacin“

(Цитерал фабричко име производство Алкалоид), инаку генеричко име на антибиотик е ципрофлоксацин со различни фабрички имиња како системска употреба (таблетарна и ампуларна форма) Цитерал, Ципро 500/250мг, Ципрофлоксацин 500/250мг, Реципрокс 500/250мг, а и како инхалациона примена или како капки за око и уво.

... сите здравствени работници се запознати (написмено) од нивниот директорски менаџмент или самите треба да следат нови безбедоносни информаци околу лековите кои се нож со две оштрици, па наместо да се излечи пациентот тој ќе се доразболи, така треба и за безбедоносна информацијата за примена на антибиотици од група на флуорокинелони (ciprofloxacin, levofloxacin, ofloxacin, moxifloxacin и norfloxacin),

...така да, дискутабилно зошто сеуште во денешно време се препишуваат овие антибиотици од флуорокинолонска група било од матичен лекар како орален лек, било ординирано интравенски во болнички услови, конкретно станува збор за „ciprofloksacin“ (Цитерал,Ципринол, Реципрокс) како антибиотик како прв избор кога се има вакво написмено званично предупредување од здравствени институции кои ги следат ваквите несакани дејства на лековите, наместо други антибиотици ( спомнато Панцеф т.е.cefiksim), а овој антибиотик САМО во исклучителни оправдани ситуации.

...секогаш да го имате правилото за било кој лек, па и за антибиотик кога се зема прв пат или прва доза, секогаш да се зема најмалата доза, затоа што не знаете дали вашиот организам во моментот ете алергичен токму на тој лек, па со помала доза алергичните реакции ќе бидат послаби и ќе го прекинете лекот на време, може и порано да сте го пиеле тој лек, не значи дека некој ден на прва доза нема да настанат алергични реакции поради Х причини.

...за тие кои ги интересира содржината на безбедоносна информација до здравствените работници за ризикот на овој антибиотик - ciprofloxacin, односно за сите антибиотици од флуорокинолонска група еве извадок, цитирам :

Флуорокинолоните за системска и инхалациона употреба можат да го зголемат ризикот за настанување на аневризма на аорта и дисекција на аорта, особено кај постари лица.

Кај пациенти кај кои постои ризик од аневризма и дисекција на аорта флуорокинолони треба да се употребуваат по детална процена на ризик/корист и по разгледување на останатите можни тераписки опции.

Предиспонирачки состојби на настанување и развој на аневризма и дисекција на аорта вклучуваат аневризматска болест кај фамилијарната анамнеза, претходна појава на аневризма или дисекција на аорта, Марфан-ов синдром, васкуларна форма на Echlers-Danlos ов синдром, Takayasu-ов артеритис, артеритис на гигантски артериски клетки, Behcet-ова болест, хипертензија и атеросклероза.

Пациентите треба да бидат известени за ризикот од настанување на аневризма и дисекција на аорта и за потребата да побара итна медицинска помош во случај на ненадејна остра болка во пределот на абдоменот, градите или грбот.

Флуорокинолони се антибиотици кои се користат за лекување на разни бактериски инфекции вклучувајки ги и животозагрозувачките инфекции.

Податоците од епидемиолошките студии и претклиничките испитувања укажуваат на зголемен ризик за настанување на аневризма и дисекција на аорта по употреба на флуорокинoлони.

Епидемиолошките испитувања укажуваат на приближно двојно зголемен ризик од аневризма и дисекција на аорта кај пациенти кои користат системски флуорокинолони, во споредба со пациенти кои не користат антибиотици или користат други антибиотици (amoxicillin), при што постарите лица се изложени на поголем ризик.

Предклиничкото испитување покажало дека ципрофлоксацин ја зголемува можноста за дисекција и руптура на аорта кај глувци.Овој наод е веројатно класен ефект, сличен каков што флуорокинолоните имаат штетен ефект на ткивото на тетивите и со тоа го зголемуваат ризикот од пореметувања кај тетивите.

Аневризма и дисекција се случуваат ретко и се јавуваат со инциденца од 3-30 на 100.000 луѓе годишно. Фактори кои го зголемуваат овој ризик опфаќаат аневризматска болест кај фамилијарната анамнеза, претходна појава на аневризма или дисекција на аорта, Marfan-ов синдром, васкуларна форма на Echlers-Danlos-ов синдром, Takayasu-ов артеритис, артеритис на џиновски клетки на артериите, Behcet-ова болест, хипертензија и атеросклероза.

Поради тоа флуорокинолоните за системска и инхалациска употреба треба да се употребуваат по претходно направена процена на ризик/корист и по разгледување на други тераписки можности кај пациенти со ризик од настанување на аневризма и дисекција на аорта.

Пациентите треба да бидат известени за ризикот од настанување на аневризма и дисекција на аорта и за потребата да побараат итна медицинска помош во случај на ненадејна остра болка во пределот на абдоменот, градите или грбот.

Збирниот извештај за особините на лекот и Упатството за употреба за сите лекови кои содржат
флуорокинолони за системска и инхалациска употреба ќе бидат ажурирани за да се додаде
информацијата за можен ризик од појава на аневризма и дисекција на аорта“ затворен цитат.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom