Центри за социјални работи

  • Креатор на темата експерт
  • Време на започнување

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Едното дете им изгоре, другото ќе им го одземе државата



Семејна драма во прилепското село Штавица каде што пред две недели во пожар изгоре едно и полгодишно девојче
Моника Талеска


Гоце и Марта Кулески од прилепското село Штавица ќе останат и без другото дете ако судот го прифати предлогот на Регионалниот центар за социјална работа за одземање на родителското право, откако пред две недели во пожар ја изгубија едно и полгодишната Билјана.

Стручниот тим на центарот оценил дека родителите не можат да се грижат за својата тригодишна ќерка Ангела. Според нив, не само сиромаштијата туку и менталниот капацитет на Кулески е кочница за да дадат соодветна грижа и нега на нивното дете.

„Во тек е правната постапка. Ние најверојатно предлогот ќе го поднесеме до судот, а тој ќе одлучи врз основа и на вештачење за здравствената состојба на родителите“, вели директорката Снежана Јованоска. Таа е на мислење дека семејството со 40-ина овци може да си обезбеди услови за живот.

„Ако се прават пресметки, и тоа според стручњаци од земјоделство, едно семејство што има 40-ина овци, јас мислам дека може да обезбеди парче леб од тоа. Ние треба да им помогнеме не само финансиски туку и со совети“, вели Јованоска.

Но, таткото Гоце Кулески е категоричен дека нема да го даде детето на државата.

„Детето јас не си го давам! Колку што имаме - толку, ние не сме јаделе и нема да јадеме, ама за детето секогаш имало и ќе има храна. Билјана не умре затоа што немаше за јадење, туку затоа што се случи таа несреќа. Жената беше цело време со децата, но ете во тие 15-ина минути се случи тоа. Не и' го даваме детето на државата за некој друг да биде со него. Што сакаат нека прават, и' кажав и на директорката на Социјално. Еве сега го зедовме детето од кај брат ми за да си ја залечиме малку маката“, вели Кулески.

Тој тврди дека ним им треба само материјална помош, зашто живеат во гола сиромаштија со минимални 1.100 денари социјална помош, а од стадото од 40-ина овци има повеќе трошоци отколку заработувачка. Минималните 20.000 денари што ги добива со предавањето на јагнињата еднаш во годината вели не се доволни за да купат дрва за огрев.

Куќата во која живее тричленото семејство е руинирана, кога врне им капе од сите страни, немаат ни топол кревет ниту ќебиња да се покријат. Нема ниту пари да купат што било за домаќинството. Таткото бара помош од државата. Тврди дека иако го посетиле социјални работници и порано, никаква помош никој не им понудил. Тие сами се мачат да преживеат, а сега треба да се соочат и со големата трагедија што ги снајде.

Без пари Кулески не се во можност ниту да го погребат другото дете, кое по смртта две недели е во Скопје. Гоце и неговата бремена жена по студ и снег завчера пешачеле повеќе од пет километри за да дојдат во градот и да стават потпис во Центарот како согласност тие да го погребаат детето наместо нив.

Едногодишната Билјана изгоре во пожар во моментот кога нејзината мајка Марта била да им даде храна на јагнињата, а таткото цел ден бил отсутен со овците. Во кобниот миг во собата со Билјана била тригодишната Ангела, која си играла на креветот. Детето со тешки изгореници беше пренесено во Градската болница во Скопје, но лекарите не успеаја да го спасат. Тоа по само една ноќ им подлегна на тешките изгореници.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C23A5651E31E34488C5A13A4BA24A700


Според она болдираното во текстот не станува збор само за сиромаштија.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Ало бре кое одземање на деца која логика е да се одземе дете а потоа на згрижувачкото семејство да му се даваат парични средства за издршка во висина од 7800 до 14950 денари ?? кај е логиката што држава е ова да ти ебам државата помочана дати ебам серковци и помочковци лицемери и идиоти што ја водат државава а на истото 4 члено семејство од коешто се одзима детето им даваат 1200 денари кај го има ова бе да им ебам главите шупливи некој да им ја скрши главата ке почнат гомна да течат а не мозок :tapp:
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Нека си најдат работа, нека не чекаат социјална помош.Како што велите дека државата нема право да го одземе детето од здрави родители тогаш како здрави родители нека станат и нека работат.

Еднаш одземеното родителско право не е трајно. Тоа е од времен карактер и тоа може повторно да се стекне. Под услови кои судот ке ги одреди.
 
P

Princ

Гостин
И врз основа на нематеријална обезбеденост државата има право да го одземе детето од родителите да го згрижи во подобри и одговарачки услови, но не и да го одземе родителското право.
Мммммм, не. Државата се грижи за добробитот на своите граѓани. Во секоја земја е така.
Посебно во земјава. Земјава, која е суверена, самостојна, независна, и социјална. Член 1 од Уставот, темелот на Уставот, основот на државава.

Според она болдираното во текстот не станува збор само за сиромаштија.
Ех, сега сигурно од социјални работи ќе установат дека и пенисот на таткото е премногу мал за да биде родител, ама да го оставиме тоа на страна.

Во случајов, гледам голем пропуст на државните служби, а цената за тоа го плаќаат или ќе го платат рандом родители.
Хипотетички случај: родителиве немаат ментален капацитет за да им дадат грижа на децата.
Се поставува прашањето: каде била државата (и социјалните служби) досега? Родителиве немаат едно дете, имаа две а за малку и три ќе имаа.
Башка што стварно не се нормални. Кој нормален би ранел 4 усти со 1.100 денари месечно :)
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Центрите за социјална работа дефинитивно не си ја вршат должноста онака како треба, тоа е институција на лебари. Ако ова семјество е семејство со социјален ризик тогаш каде биле до сега зошто не се превземени мерки.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.088
Доколку го тенчиме текстот и случката, многу нелогичности и недоречености (башка тоа што го споменаа Принц и Бат со социјална држава и соодветни служби)
Стручниот тим на центарот оценил дека родителите не можат да се грижат за својата тригодишна ќерка Ангела. Според нив, не само сиромаштијата туку и менталниот капацитет на Кулески е кочница за да дадат соодветна грижа и нега на нивното дете.
Ние најверојатно предлогот ќе го поднесеме до судот, а тој ќе одлучи врз основа и на вештачење за здравствената состојба на родителите“, вели директорката Снежана Јованоска. Таа е на мислење дека семејството со 40-ина овци може да си обезбеди услови за живот.
Дали може да се оцени и врз која основа за што е некој способен, а за што не е?
Без вештачење стручниот тим на центарот дава оценка дека родителите не можат да се грижат за детето.
Некои дилеми -доколку е стручен тимот зошто претходно нема преземено мерки за да не дојде до оваа трагедија, дали воопшто службите излагаат на терен, дали помагаат или...
Ако службите не си ја вршеле работата со кое лице и оправдание тоа го предлагаат?
Имам и други дилеми и прашања, но тоа понатаму.

Инаку од старите (баби, прабаби) имам слушано дека порано луѓето ги врзувале малите деца/бебиња за да може да завршат работа -полска, домашна, со стоката...а животот на овие луѓе (сигурно не по нивна вина) ми наликува токму како во тие времиња.
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Ех, сега сигурно од социјални работи ќе установат дека и пенисот на таткото е премногу мал за да биде родител, ама да го оставиме тоа на страна.
„Во тек е правната постапка. Ние најверојатно предлогот ќе го поднесеме до судот, а тој ќе одлучи врз основа и на вештачење за здравствената состојба на родителите“, вели директорката Снежана Јованоска. Таа е на мислење дека семејството со 40-ина овци може да си обезбеди услови за живот.
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Мммммм, не. Државата се грижи за добробитот на своите граѓани. Во секоја земја е така.
Посебно во земјава. Земјава, која е суверена, самостојна, независна, и социјална. Член 1 од Уставот, темелот на Уставот, основот на државава.


Да државата си ја исполнила социјалната должност според својот капацитет на богатство и им доделила 1100 денари помош(мизерно), но како така си ја завршила социјалната обврска. Од друга страна се поставува прашањето каде е центарот за соц.раб. зошто ако веќе имале информација за семејството дека е под социјален ризик истото не било под надзор од социјален работник. ЦСР не функционира во нашава држава онака како што треба да функционира.
Благосостојбата на граѓаните на РМ зависи од моногу други работи, вработување, редовни плати, здравствено осигурување, и тн., а не само во социјалната заштита на која има право секој граѓанин во РМ.
 
P

Princ

Гостин
Нека си најдат работа, нека не чекаат социјална помош.
А што, сериозно мислиш дека so 1.100 денари месечно живееле? Знаеш дека 1.100 денари се... 55 леба (доколку 1 леб чини 20 денари).
55 леба поделено на 30 дена му доаѓа 1.8 леб дневно. Ни 2 цели леба. А 3 пати на ден треба да се јаде. И не се јаде само леб, секој ден.
Него, луѓево работеле. Океј, не биле директори, не цепале тендери, не граделе споменици по плоштади... ама се труделе колку што можеле.

Пред две недели во нивната семејна куќа изгоре едногодишното бебе. Мајката тогаш била да ги храни овците, а таткото в поле.
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Доколку го тенчиме текстот и случката, многу нелогичности и недоречености (башка тоа што го споменаа Принц и Бат со социјална држава и соодветни служби)
Дали може да се оцени и врз која основа за што е некој способен, а за што не е?
Без вештачење стручниот тим на центарот дава оценка дека родителите не можат да се грижат за детето.
Некои дилеми -доколку е стручен тимот зошто претходно нема преземено мерки за да не дојде до оваа трагедија, дали воопшто службите излагаат на терен, дали помагаат или...
Ако службите не си ја вршеле работата со кое лице и оправдание тоа го предлагаат?
Имам и други дилеми и прашања, но тоа понатаму.

Инаку од старите (баби, прабаби) имам слушано дека порано луѓето ги врзувале малите деца/бебиња за да може да завршат работа -полска, домашна, со стоката...а животот на овие луѓе (сигурно не по нивна вина) ми наликува токму како во тие времиња.
Способноста се оценува од центар за ментално здравје.

А што, сериозно мислиш дека so 1.100 денари месечно живееле? Знаеш дека 1.100 денари се... 55 леба (доколку 1 леб чини 20 денари).
55 леба поделено на 30 дена му доаѓа 1.8 леб дневно. Ни 2 цели леба. А 3 пати на ден треба да се јаде. И не се јаде само леб, секој ден.
Него, луѓево работеле. Океј, не биле директори, не цепале тендери, не граделе споменици по плоштади... ама се труделе колку што можеле.
што е спорно?

Тогаш како здрави и работоспособни лица треба да одговараат за родителска негрижа. Има органи и институции пред кои треба да се одговара. Може и да ги теретат за убиство од небрежност кој може да докаже дека не се случило тоа.? или убиство со предумисла да си ги скратат маките да не ранат уште една уста.
Затоа ќе одговараат, можеби се сомневаат и во убиство па затоа им го земаат другото дете сметаат дека е небезбедно да живее со родителите
 
P

Princ

Гостин
Да државата си ја исполнила социјалната должност според својот капацитет на богатство и им доделила 1100 денари помош(мизерно), но како така си ја завршила социјалната обврска.
Не ми е јасно зошто се правиш на луда.

Во државава, нешто е труло. Многу работи се трули, ама ај да ја обработиме едната трулост.

Познавам луѓе, што имаат коли, работат, поубаво облечени и од мене се (што работам по 12 саати на ден, уште малку и кинези ќе ми носат вода) - и зимаат социјална помош од преку 4.000 денари месечно.
Што е ова? Пропуст на социјалните служби? Точно, се согласувам. Пропуст на социјалните служби е што овие луѓе зимаат воопшто социјална помош, посебно толку голем износ.
Од друга страна пак, ова семејство со нивното живуркање во шупа, со 2-3 деца, зимаат социјална помош од 1.100 денари.
Пак пропуст на социјалните служби, нели?

И сега Princ вели: зарем поради куп пропусти на социјалните служби да плати семејствово? Сметам дека тоа не е во ред воопшто.

Всушност, не знам ни зошто се замарам на темава. Моја порака до некој што ги познава родителиве е да им шепнат да се повикаат на Членот 1 од Уставот. Ништо повеќе не им треба.

И порака до социјалните служби, посебно вработените од женскиот пол: нека востановат на време дека пенисот ми е премногу мал за да имам деца на време, не откако ќе ги направам. Адреса по ПП.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.088
Способноста се оценува од центар за ментално здравје.



што е спорно?
Тогаш од една страна зошто е потребно вештачење кога веќе ги прогласиле за неспособни.

Од друга страна зошто претходно не си ја вршеле работата туку отпосле -на истурено млеко не се дува. Дали не треба некој да го тужи центарот за социјална работа за небрежност, негрижа, невршење на своите задачи...и така натаму.

Трето, дали во случаите на самоубиство на деца или застранување со одредени забранети пороци (наркоманија, алкохолизам, проституција) за кои е установено дека најголем удел имале семејни проблеми може или треба да се разгледа способноста на родителите за грижа на другите свои деца. Пошто од овие примери може да се заклучи дека и тие како родители се неспособни да ја очуваат здравата семејна атмосфера.
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
ПА И ЈАС ТОА ПИШУВАМ ДЕКА НЕКОЈА ДУНДА У СОЦИЈАЛНО НЕ СЕ ЗАМАРА. ТРУЛО Е ПРИНЦ, НЕ РАБОТАТ, НИЕДНА ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА НЕ РАБОТИ КАКО ШТО ТРЕБА. ОСОБЕНО СОЦИЈАЛНОТО. ТАМУ СЕ ТРГУВА СО ЧОВЕЧКИ ЖИВОТИ.АКО ИМАШ ДА ПЛАТИШ ЌЕ ГИ ДОБИЕШЕ ДЕЦАТ И Т.Н.

ДА ЛУРТЗ ТРЕБА НЕКОЈ ДА ПОКРЕНЕ ТУЖБА ПРОТИВ ЦСР И ГО ЧЕКАМ ТОЈ МОМЕНТ КОГА НЕКОЈ КЕ ГИ ТУЖИ.
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Интересно е што ова сега се актуелизара како да не се знае дека условите за живот во ваквите планински села се скоро слични и тоа со векови, па токму голем дел од нашите родители, баби и дедовци се израснати токму во вакви дури и во полоши услови на живот па никој не пошол да направи психоанализа за менталниот капацитет на родителите и тоа колку се способни да одгледаат дете.
Мене лично ме курчи што ако се случеше ова на некој млад пар каде што таткото е на преговори со ЦЕО на Ејпл додека мајката го уредува станот од 320 квадрати во Фенг Шуи стил тогаш ова ќе беше голема трагедија и несреќен случај но никој воопшто немаше да се посомнева во одговорноста на родителите и нивниот ментален капацитет.
Не се сомневам во релевантноста на психолозите и социолозите за проценката ама мислам дека ако не можат да им помогнат со нешто да ги подобрат условите за живот тогаш нема потреба да им одмагаат со тоа што ќе им ги одземат децата.
 
P

Princ

Гостин
„Во тек е правната постапка. Ние најверојатно предлогот ќе го поднесеме до судот, а тој ќе одлучи врз основа и на вештачење за здравствената состојба на родителите“, вели директорката Снежана Јованоска. Таа е на мислење дека семејството со 40-ина овци може да си обезбеди услови за живот.
На болдот се изнасмеав. Испаѓа ко да се смеам на туѓа мака, не се гордеам со себе :/

Туку: Од каде право на директоркава (да и го начукам јас на неа, да ми простите на израз) да носи таков заклучок, кога нит знае што се овци, нит пак чувала некогаш.
Многу мисли чупево. Де мисли дека семејствово е премногу сиромашно за да има деца, де дека се малку луди, де дека доволни се 40 овци за да си обезбедиш услови на живот (неспорно е дека токму тоа го направиле родителиве - ваљда не чувале 4 усти со 1.100 денари месечно)... Море, државава полна со луѓе што се разбираат од се и сешто, освен од она за кое се платени да се разбираат. А да фати чупево, во контекст со нејзините обврски, да си ја оправди платава, и да им даде на луѓево социјална помош во вредност на потрошувачката кошничка наместо 20 пати помалку од тоа? А, што вели таа со нејзините 2 грама мозок?
Онака, социјална помоч 12-13.000 денари месечно.

Во таков случај:
1. децата ќе ги имаат основните услови за живот
2. родителиве не ќе мораат да чуваат овци и да ораат ниви
3. бебињата нема да им се палат по дома бидејќи нели ќе зимаат 13.000 денари социјална помош, па ќе немаат потреба да чуваат овци/ораат ниви, тоа индиректно значи дека родителите повеќе време ќе минуваат со децата по дома, и ќе се грижат подобро за нив.
Сите среќни бе. Само треба помалку мудра да се прави за се и сешто и да си ја работи својата работа за која е платена најмалку 2 потрошувачки кошнички. Дец ит.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom