B. Boop
Princ: Најозбилна...
- Член од
- 19 мај 2006
- Мислења
- 1.302
- Поени од реакции
- 263
Едното дете им изгоре, другото ќе им го одземе државата
Семејна драма во прилепското село Штавица каде што пред две недели во пожар изгоре едно и полгодишно девојче
Моника Талеска
Гоце и Марта Кулески од прилепското село Штавица ќе останат и без другото дете ако судот го прифати предлогот на Регионалниот центар за социјална работа за одземање на родителското право, откако пред две недели во пожар ја изгубија едно и полгодишната Билјана.
Стручниот тим на центарот оценил дека родителите не можат да се грижат за својата тригодишна ќерка Ангела. Според нив, не само сиромаштијата туку и менталниот капацитет на Кулески е кочница за да дадат соодветна грижа и нега на нивното дете.
„Во тек е правната постапка. Ние најверојатно предлогот ќе го поднесеме до судот, а тој ќе одлучи врз основа и на вештачење за здравствената состојба на родителите“, вели директорката Снежана Јованоска. Таа е на мислење дека семејството со 40-ина овци може да си обезбеди услови за живот.
„Ако се прават пресметки, и тоа според стручњаци од земјоделство, едно семејство што има 40-ина овци, јас мислам дека може да обезбеди парче леб од тоа. Ние треба да им помогнеме не само финансиски туку и со совети“, вели Јованоска.
Но, таткото Гоце Кулески е категоричен дека нема да го даде детето на државата.
„Детето јас не си го давам! Колку што имаме - толку, ние не сме јаделе и нема да јадеме, ама за детето секогаш имало и ќе има храна. Билјана не умре затоа што немаше за јадење, туку затоа што се случи таа несреќа. Жената беше цело време со децата, но ете во тие 15-ина минути се случи тоа. Не и' го даваме детето на државата за некој друг да биде со него. Што сакаат нека прават, и' кажав и на директорката на Социјално. Еве сега го зедовме детето од кај брат ми за да си ја залечиме малку маката“, вели Кулески.
Тој тврди дека ним им треба само материјална помош, зашто живеат во гола сиромаштија со минимални 1.100 денари социјална помош, а од стадото од 40-ина овци има повеќе трошоци отколку заработувачка. Минималните 20.000 денари што ги добива со предавањето на јагнињата еднаш во годината вели не се доволни за да купат дрва за огрев.
Куќата во која живее тричленото семејство е руинирана, кога врне им капе од сите страни, немаат ни топол кревет ниту ќебиња да се покријат. Нема ниту пари да купат што било за домаќинството. Таткото бара помош од државата. Тврди дека иако го посетиле социјални работници и порано, никаква помош никој не им понудил. Тие сами се мачат да преживеат, а сега треба да се соочат и со големата трагедија што ги снајде.
Без пари Кулески не се во можност ниту да го погребат другото дете, кое по смртта две недели е во Скопје. Гоце и неговата бремена жена по студ и снег завчера пешачеле повеќе од пет километри за да дојдат во градот и да стават потпис во Центарот како согласност тие да го погребаат детето наместо нив.
Едногодишната Билјана изгоре во пожар во моментот кога нејзината мајка Марта била да им даде храна на јагнињата, а таткото цел ден бил отсутен со овците. Во кобниот миг во собата со Билјана била тригодишната Ангела, која си играла на креветот. Детето со тешки изгореници беше пренесено во Градската болница во Скопје, но лекарите не успеаја да го спасат. Тоа по само една ноќ им подлегна на тешките изгореници.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C23A5651E31E34488C5A13A4BA24A700
Според она болдираното во текстот не станува збор само за сиромаштија.