|Volkswagen|
Тастатурата е посилна од мечот!
- Член од
- 21 јули 2009
- Мислења
- 2.729
- Поени од реакции
- 897
Bold-ираното за quote:Ако тие што не сакаат да дојдат во гнасното ни Скопје престанат да купуваат станови од 1000-1400 евра/квадрат и парите ги вложат таму кај што си живеат тогаш ти немаше да се жалиш тука. Со тоа што отвараш теми за цената на становите во Скопје мислам дека е очигледно дека тоа ти смета, а со тоа што тоа ти смета значи дека сакаш да си земеш станче у Скопје ама за поефтини пари.
И само не ја врти темата дека ова е некоја навреда у стилот Скопје vs провинција.
Нема ништо лошо да сакаш да живееш негде на друго место, тоа сепак е лично право на секој.
И ко за крај нема нереални цени. Кога ке се земе фактот дека цената на становите не зависи само од цената на материјалите на градба, туку и од побарувачката се доаѓа до тоа дека цената не е воопшто нереална...
Да имаше поголем број на станови за продажба тогаш може и немаше да биде вака, ама што е тука е
Врати се неколку мислења погоре и други има...така што оваа констатација сама по себе од самите луѓе си се наметнаЕвтино е, дупло таму цената на кирија да порасне оваа година очекувам, додека работните места да ги снема поради кризава и секој да си се врати на нивата своја.
Како и да е,...
Темата е нереалната понуда на м^2/еур.
Како може во голем број на релативно големи европски градови (со големина на Скопје), м^2/еур да биде исто/слично/помалку во споредба со Скопје, а притоа да напоменам дека просечната европска плата е речиси 10 пати поголема од нашата просечна плата.
Значи јас не те обвинувам тебе, друг или трет од форумот за високата цена. Друга работа, за разлика од многу „еманципирани“ форумџии на форумов кои се гордеат да се кажуваат како „интелектуалци“ пишуваат моронски испади како горе наведените и место да го пронајдат вистинскиот виновник за проблемот на високите цени за живеење во Скопје тие се курчат на обичната „раја“ што бара спас за своите егзитенционални проблеми.
И да се навратам на твојата „теза“. Да ги вложат парите таму од каде што доаѓаат?! Во што? Како ќе просперираат во малите градови. Јас сум од Битола и тука не е толку страшно, но моите приватен живот ме натера да живеам во Скопје и ете таму најдов работа и да сакам да си купам таму стан заради Х причини за кои не сакам да ги споделувам на форумов, сепак приватни работи се. Е сега, цената на вложен материјал во новите згради во Скопје е на запрепастувачко ниво. Речиси никаква звучна изолација, лош квалитет на внатрешни материјали кои доаѓаат со станот (да почнеме од влезната врата, плочките, ламинатот,...), фала Богу до сега не сум живеел во стан што се случило ништо страшно, освен пукната цевка (во нов стан, ти се молам) и го изрони пола ѕид направен од гипс плочи со никаква акустична, термо изолација помеѓу ѕидовите. Зошто е тоа така? Каде е градежната инспекција?! Зошто нема сеизмичко тестирање на згради итн.
Има и компании кои прават пресметки за цената на квадратен метар во Скопје. Реално се движи од 500 до 750 евра за метар квадратен. Но, нашите ново печени бизнисменчиња (кои вие индиректно ги браните со напаѓање на луѓето кои доаѓаат од другите градови) сакаат да праат дупли профит. Ако не веруваш за податокот, склорирај по google сигурно ќе најдеш некои анализи за реални цени за метар квадратен во Скопје.