Цени на станови во Скопје? Колку се реални?

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.729
Поени од реакции
897
Стан во Скопје чини исто како во Берлин или Будимпешта

Да се купи денеска стан за многумина е невозможна мисија. Нискиот животен стандард, малите плати, тешко достапните банкарски кредити со високи камати ја прават уште подалечна желбата на луѓето што сакаат да го решат станбеното прашање.

Но освен со овие, граѓаните, особено овде во главниот град, се соочуваат со можеби најголемата блокада ако сакаат да купат стан. Секако тоа е цената. Според некои истражувања квадратен метар во центарот на Скопје е на исто ниво или пак вреди многу повеќе од цената во голем број светски и европски метрополи.
Од 1100 до 1600 евра чини квадратен метар станбена површина во строгиот центар на македонската метропола. Во делови од центарот на Берлин стан може да се најде и за цена од 1000 евра за квадратен метар.

Во Будимпешта најевтините станови во центарот се купуваат и за 1080 евра за квадрат. Во регионот, во Македонија по Хрватска и Црна Гора становите се најскапи.
„Становите што се продаваат се со многу високи цени и сите купувачи очекуваат цената да падне, се јавува парадокс, кога се јавува продавач не сака да ја спушти цената, а потоа кога се јавува како купувач бара намалување на цената на квадратен метар.
-За да се намали цената на квадратен метар не е потребно да се намали ддв-то, потребно е да се намалат комуналиите при градба, цената на земјиштето што ја дава градското Собрание, данокот на промена на недвижност и права кој изнесува 3 проценти“, вели Сашо Поп-Илиоски, агенција за недвижности.

Сепак и покрај давачките бизнисот со недвижности се уште важи за најпрофитабилен сектор. Станбен квадратен метар се гради за цена од 350 до 450 евра, со сите платени давачки сумата стасува до 700 евра.
Секоја цена над оваа познавачите е чист профит за фирмите. Јавното станбено претпријатие деновиве ќе ја почне продажбата на станови во 70 згради низ државата од кои дел веќе се изградени, а дел допрва ќе се градат. И овој потег тешко дека ќе ја турне цената на другите станови.
„Ние одиме со заработка од 10 проценти или цена од 850 евра, одиме со реална цена“, рече Зоран Мисовски - директор во Јавно Станбено Претпријатие.
„Државата наместо да воспостави амбиент за масовна станбена изградба што ќе ги регулира и намали цените таа ги отежнува условите за градба преку своите коруптивни службеници и на централно и на локално ниво, државата се јавува како наметнат партнер кој на градежните инвеститори им прави еден вид на рекет“, изјави Мирослав Грчев - универзитетски професор.

Во Македонија цената на становите нагло порасна по осамостојувањето. Становите ги поскапе масовната миграција село - град и впечатокот дека инвестицијата во недвижности е со најмал ризик.

Меѓу големата заработувачка на фирмите и високите апетити на луѓето што продаваат станови загрижува и податокот што поради кризата се намали и бројот на новоиздадени одобренија за градба. Тоа значи дека на пазарот има се помала понуда која пак влијае за уште повеќе да се зголеми цената на становите.















----------------------------------------------------------------------
Мислам дека се во Македоиија функционира на лакомост. Да почнеме од становите,производите па се до автомобилите.

Мислам дека дефинитивно се пазар каде што се сака од ништо да се направи нешто! Се додека има луѓе кои сакаат да купуваат станови по нереални цени има луѓе што ќе им ги продадат. Ако никој не ги купува, нема да може да ги држат толку високи цените.

Кога со плата (просечна) од 300 евра јас ќе можам да купам стан од 60 квадрати за 60000 евра?

Самата банка не ми дозволува. Имено Стопанска Банка Скопје за кредит од 30000 евра! бара вкупна плата од 600 евра (еете со сопругата заедно, двата по 300 евра) на 30 години! За да офоромам семејство ми се потребни 60000 евра, а тоа значи 1200 евра вкупна плата и месечна рата од 370 евра.

КОГА/КАДЕ јас ќе ги најдам тие пари? Срамота е ова што се случува. Ај градителите на нови станови, нека си бараат високи цени, ама сопствениците на стари станови кои на времето (до 2001 година) ги купувале за 500 германски марки по квадрат сеа ги продаваат по 2000 марки (1000 ЕУР) е ВИСТИНСКИ срам!
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Не се реални евтини се според мене, на кого не му чини да си се врати во селото од баба му или дедо му :tapp:.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Ич не се реални, вчера имаше вест дека становите во Скопје се исто колку и во Берлин или Будимпешта...алоо:uvo:
Од кога ние сме со стандард како гермаците бе..? :pusk:
 
Член од
11 март 2010
Мислења
46
Поени од реакции
1
Не се воопшто реални затоа што според нашиот стандард треба да се многу поефтини...на пример не само во Скопје да го земеме и Охрид во предвид пошто сум од Охрид и подобро сум запознат со случајов. Овде становите со премногу скапи како што кажуваат некој луѓе Охрид е поскап и од Париз...стварно не е реално.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Цените на становите се нереални, но тоа е можеби резултат на побарувачката која е преголема. Сите сакаат да живеат и да работат во Скопје. Скопје за жал стана единственото место во државава каде што некој има некаква шанса (подобра во споредба со остатокот од РМ) за каков - таков пристоен живот.
Градов почна да метастазира, неприродно да се шири и зголемува, без никаква контрола. Се претвори ве центар на се` што нешто значи во земјава - економско, културно, политичко, државно, образовно средиште, не оставајќи многу можности за другите градови и села, кои со ретки исклучоци полека еродираат. Ако овој процес продолжи за неколку децении картата на РМ ќе изгледа навистина поинаку од денешнава.
Становите се преценети, како што е преценета и живеачката во градот, но од друга страна не се прави ништо за да заживеат малите гратчиња во Западна и посебно во Источна Македонија. Цели региони се запустени за сметка на престолнината. Се додека не се поправат состојбите во остатокот од Македонија, во Скопје ќе биде и прескапо и претесно.
Тоа е проблем што се влече со децении, уште од земјотресот, по кој Скопје беше прогласен за отворен град за секој намерник и потенцијален жител, што во крајна линија и го запусти градот.
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
vo makedonija konkretno vo sk i oh stanovite se mnogu skapi
 

Црвено

Am I pissin' u off-fa-fa?
Член од
12 септември 2007
Мислења
1.227
Поени од реакции
81
Сакате да кажете дека високи цени = нереални цени?
Се повеќе и повеќе луѓе сакаат од провинција да се преселат во големите градови. Тоа значи побарувачката се зголемува, а станови се толку колку што се (ете да речеме може многу малку да се зголеми и бројот на становите со градење на нови згради, ама сепак тој е просторот), понудата е иста. И сакате да кажете вие да имате стан во центарот на градот ќе го продадете за ниска цена, кога вас ви го бараат 20 души, наместо да ја накачувате цената колку што можете? Секако.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
...во целиот цивилизиран свет....различен град има одредена функција во државата ...но во Македонија се е на купче во Скопје....
Скопје е административен центар, економски центар, финансиски, културен,дипломатски, транспортен, образовен и секоја друга функција што може да ја замислите....нормално сите се стремат кон Скопје....сите позначајни работи се случуваат во Скопје....и побарувачката за стамбен простор е голема...

...Скопје како град се гуши...и ниту еден фејслифтинг...ниту еден урбанистички план не го спасува....а цената на становите во блиска иднина нема шанса да се намали

...спасот за Скопје а воедно и а целата држава е целосна децентралиација....односно....

Скопје да биде само административен центар (Председател, Влада, Министерства, Судови)
Штип - обраовен центар (Сите високообраовни институции да се дислоцираат во Штип по пример на универитетските градови низ Европа...на пример Утрех во Холандија)
Битола - дипломатски центар - сите амбасади и дипломатски претставништва
Тетово - финансиски центар
Струмица - земјоделски центар (агро берзи, пазари на големо, откупни пунктови)
Охрид - туристички центар

...доколку се направи ваква децентрализација....Скопје ќе се растерети .....и од пренаселеност и од сообраќаен метеж....останатиот дел од Македонија постепено ќе се равие....ќе се стопира миграцијата кон Скопје....ќе се интензивира транспортот.....и нормално ќе се намалат цените на становите во Скопје....

...со ваква децентралиација....ќе изгубат само оние што идаваат станови и живеет на грбот на студентите и вработените од внатрешноста


...а до тогаш.....ќе живеат по неколку генерации во еден стан....и да нашата генерација нема да добие шанса да обебеди сопствен покрив над глава....
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Кога со плата (просечна) од 300 евра јас ќе можам да купам стан од 60 квадрати за 60000 евра?
Прво, во Берлин стан е 300 илјади евра. Тоа што го направил новинарот е споредил некое труско маало каде што ќе ти ја силуваат жена ти ако не носи бурка со стан во Аеродром и вика аха, ете видете што се дешава.
Второ, цената на стан во Аеродром, веќе 15тина години е 1000 марки/евра од квадрат. Ако станот е во добра состојба, со добра изолација, еркондишни, ламинат, архитектонски добри решенија, луксузно купатило (на пример, џакузи и слично) сигурно дека цената ќе оди и до 1500 евра од метар квадратен.
Во Лондон на пример, каде имам другарче, во вукојебина да си во еднособен стан сигурно е те млатат по 300-400 фунти месечно кирија. Ако скааш во полуксузните маала, ќе си платиш и над 10 илјади фунти за кирија.
Конечно, цената на станот е одредена од побарувачката. И јас не сакам да има 600 илјади луѓе во Скопје, и јас не сакам да немам кај да пракирам ,да се гушам во смог, да не можам да возам 1 минута без да има семафор или да треба да чекам во гужва, но некој од провинција тоа не го сваќа и сака да дојде тука.
Епа братче, стан во Чаир од 80 метри квадратни ти е 30 илјади евра. Бујрум иди живеј таму. Во Арачиново само ти требаат материјали за куќа , не плаќаш ништо само гради и живеј. Ете ти евтини цени. Бујрум.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
http://www.bsinzenering.com.mk/stand.html

Инспириран од веб сајтот... 1500 е/м2

Не се нормални ееееееееееј! Алоууууууу!
Они може се ненормални, ама битно луѓето купуваат. Во зградата до оваа, сите станови успеа да ги напуни со просечна цена од 1100е/м2. Оваа е повеќе замислена како деловна зграда, лошото е што погледот е за никаде, зградата е на раскрсница помеѓу две прометни улици и цело време ќе дишат чад и слушаат бучава, а нема ни да има доволно паркинг места.

Да ти кажам една тајна? :)
Во ваквите згради има доле гаражи, а пред гаражите паркинг места. БС ги шитка паркинг местата по 500 евра, на луѓето од околните згради. Значи збориме за обично поле, ограничено со бели линии. Па сега види ти кој бизнис си прави газдата. :)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Цените на становите во скопје беа од 500 до 800 марки, т.е денешни евра, пред да дојдат UN силите, тогаш нагло скокнаа нормално, заради тоа што тие луѓе зимаа за тоа време плати од 3000-4000 марки
во тој период, скокна буквално се во Скопје, било каков производ, дупла цена од помалите места. И кога UN силите си заминаа, цените нормално ќе останат исти, бидејќи никој не се симнува од коњ на магаре.
Дека цените се нереални се, и дека Скопје е пренатрупано е, меѓутоа има многу луѓе кои и онака нема што да прават во градот, како на пример пензионерите кои живеат во згради, невработени лица кои живеат грбот на мајка му и татко му и ред други. Јас, а и сите кои се дојдени во Скопје сме дојдени поради маката, работа или факултет, никој не е дојден да го окупира Скопје, сигурно полно луѓе ќе си одат дома ако го имаат тоа за што се дојдени во Скопје.
А и доколку би купувал дом во Скопје, тоа би било во некое приградско селце, далеку од целата гужва пред се заради мир и тишина, а нормално и поефтино ќе ме фати.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
264
Поени од реакции
72
Цените на становите во скопје беа од 500 до 800 марки, т.е денешни евра, пред да дојдат UN силите, тогаш нагло скокнаа нормално, заради тоа што тие луѓе зимаа за тоа време плати од 3000-4000 марки
во тој период, скокна буквално се во Скопје, било каков производ, дупла цена од помалите места. И кога UN силите си заминаа, цените нормално ќе останат исти, бидејќи никој не се симнува од коњ на магаре.
Дека цените се нереални се, и дека Скопје е пренатрупано е, меѓутоа има многу луѓе кои и онака нема што да прават во градот, како на пример пензионерите кои живеат во згради, невработени лица кои живеат грбот на мајка му и татко му и ред други. Јас, а и сите кои се дојдени во Скопје сме дојдени поради маката, работа или факултет, никој не е дојден да го окупира Скопје, сигурно полно луѓе ќе си одат дома ако го имаат тоа за што се дојдени во Скопје.
А и доколку би купувал дом во Скопје, тоа би било во некое приградско селце, далеку од целата гужва пред се заради мир и тишина, а нормално и поефтино ќе ме фати.
Taka e, penzioneri da se streljaat na kej, a nevraboteni skopjancinja sto ziveat na grb na majka im i tatko im da idat na nizenje tutun u prilepsko, za provincijalci da imaat poeftina kirija.

wtf...
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Taka e, penzioneri da se streljaat na kej, a nevraboteni skopjancinja sto ziveat na grb na majka im i tatko im da idat na nizenje tutun u prilepsko, za provincijalci da imaat poeftina kirija.

wtf...
Може пензионерите да си ги продадат становите, и да живеат мирен живот во некој планински град, како на пример, Берово или во добрите топли краишта на Гевгелија, Дојран, а не да седат во Скопје и да го дишат смогот, и да ги малтретираат сите одред во Петок, затоа што тогаш имаат бесплатно возење, бидејќи во Скопје пензионер и нема баш каде да шета се е премногу далеку.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom