Цензура на блоговите, за или против?

Треба ли да се врши цензура на Блоговите?

  • Да

    Гласови: 5 23,8%
  • Не

    Гласови: 16 76,2%

  • Вкупно гласачи
    21

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Во денешно „Време“ осaмнa ваков напис

Време 20.07.2007 напиша:
СО НОВИТЕ ЗАКОНСКИ МЕРКИ
Државата ќе им ја затне устата на БЛОГЕРИТЕ „Какви Роми бе, Роми во Романија, тука ЦИГАН си е ЦИГАН! Ги собраа сите шахти кои можеа да ги извадат”, пишува блогерот на револт.блог.ком.мк. На глобалната мрежа може да се најдат и многу посочни содржини од овој тип, како на пример „УААА Албанци”, „Цркнете Грчишта” и слично. Блогерот Мечето Ушко нашите соседи ги опишува како „... глупите Бугари, дигнатите Грци, препотентните Срби и простите Албанци”.
Иако блогерајот е начин за слободно изразување ставови и мислења, често се злоупотребува и за ширење ксенофобија и национална нетрпеливост. Нашата држава, иако демократска и гарантира слобода на говорот, подготвува законски мерки со кои текстовите на Интернет што шират расизам и ксенофобија ќе се цензурираат.
Досега никој не ги контролирал содржините што се ставаат на Интернет. Меѓутоа ова прашање ќе биде решено со законот за борба против компјутерскиот криминал, како и со одредени измени во Кривичниот законик, кои покрај борбата против компјутерскиот криминал, ширењето вируси, детската порнографија, ќе опфатат и текстови со расистичка и ксенофобична содржина.
Мерките за санкции против ширењето расизам и ксенофобија на Интернет се уште не се формулирани, меѓутоа како можни се наведуваат парични, па дури и затворски казни за некои потешки случаи. Цензурата не се наведува како мерка, но кога станува збор за регулирање на блоговите и сајтовите посветени на ширење национална нетрпеливост, сосема е извесно дека може да биде употребена.
Блогерите сметаат дека нивните блогови се нивен личен простор, дневник во кој ги пишуваат своите размислувања.
- Цензурата е против Уставот, значи ако го носат законот тој ќе се коси со Уставот. Според членот 16 за секој граѓанин се гарантира слободата на јавниот говор и изразување- вели Ивица Антевски кој е сопственик на блогот антипункт. блогспот. цом.
Тој вели дека и казнувањето на блогерите е речиси невозможно бидејќи секој може да отвори колку сака блогови, а процедурата за наоѓање на сопственикот е многу сложена и скапа. Наведува дека во Европската Унија имало само неколку случаи за детектирање на сопственикот на блогот кога станувало збор за информации за индустриска шпионажа.
Контрола на содржините што се ставаат на мрежата сепак постои. Во некои земји од Европската Унија, блогери се дури кривично осудени за тоа што го напишале во својот блог.
Европскиот суд на правдата во 2005 година ја осуди Швеѓанката Линк Вист, вработена во локалната парохија, затоа што на својот блог ставила некои од сочните исповеди на верниците од парохијата и со тоа ја нарушила нивната приватност. Иако блогерката се обидела да се оправда дека блогот бил само „за нејзина душа и очи”, судот & предочил дека со ставање информации на блог тие стануваат достапни и за целата јавност.
Од овој пример се гледа дека и во демократска Европа има граници до каде може да се користи блогерајот како начин за слободно изразување и искажување на своето мислење.
Извори велат дека со новите законски мерки ќе се најде и начин за соработка со другите земји во регионот, за контрола на содржините што доаѓаат од преку граница.
Препукувањата на национална основа преку Интернет се карактеристични за бившите југословенски простори, каде што има посветено и цели сајтови за таа намена, како на пример оној на усташ.ком.хр.
И.Б.
Што мислите, треба ли да се бркаат и затвораат блоговите кои шират ксенофобија и меѓуетничка нетолеранција или сепак правото на слободно изразување е поважно за нашето општество.
Освен тоа колку е изводлива цензурирањето на блоговите со оглед на тоа дека има блогови колку што има и луѓе.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Можно е да се цензурираат само тие на блогерајот од он нет, се друго што е надвор од границите е недостапно. Така да залудно е се ова, само мачкање очи на обичниот граѓанин.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
може да се цензурираат ама за тоа треба и време и пари да се дадат за тие кои што ќе го прават тоа,зборувам за македонскиот(он.нет) блогерај а за блогспот и сл...
а за тоа дека ќе се направи нешто против нив...
а впрочем и со уставот е загарантирано правото на сопствено мислење
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Прво, треба да се дефинира поимот цензура. Понекогаш, се користи многу погрешно и се злоупотребува бидејќи асоцира на нешто страшно, на одземање слобода и слично. Аааа, ме цензурираа - ќе каже некој серко за да добие на популарност, а уствари бил избришан бидејќи крши одредени норми.

Второ - погрешно се сфаќа и слободата на говорот. Ширење ксенофобија и поттикнување омраза е слобода на говор?

Доколку интернетот е медиум, треба и во тој медиум да важат норми на однесување и да се развие култура. Зарем може секоја будала да излезе на телевизија и да тропа што сака бидејќи му е загарантирано правото на говор?
 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
106
Ова е само начин како владата да ја скрие својата немоќ и невештина како да се справи со настаната ситуација. Сфаќам цензура и кинење на блогови ако некој претера со муабетот, ама да не се претера со овој закон во смисол да се забранат некои критики и негодувања во однос на нашата влада па да се вратиме на комунизмот.
Сепак, мислам дека на некој начин ова е против уставно, бидејќи секој си има право на слободен говор, а дефиницијата на самиот блог е место каде што можеш да си кажеш што мислиш а без да натеруваш некој да го чита.
А на нашата влада драга и мила толку ако и е дојдено до "зор" и ако игра на играта попаметниот прв попушта, нека се прошета низ бугарски и грчки форумчиња а богами и некои меѓународни, па да види колку само владите наши комшиски ги боли таквиот за блогерите и за форумџиите и ширењето на нетолеранција. Чисто за пример, пред 3 дена барав хостер на нет на phpBB форум на МК. И чичко Google ми вика: Macedonia is Greece. Е ајде де...
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Верувам во слобода на говорот и медиумите, ама до одредена граница.. голем дел од блогерите не ги гледаат тие граници и си мислат: "ова е мое место, што сакам ќе пишувам, ич не ми чуе ако повредам некого". Ширење на национална/меѓуетничка омраза е казниво по закон. Си имаш блог, пишувај си.. ама ако тресеш глупости како тие наведени во статијата во Време, тогаш стапува закон на сила, и нема што да се буниш.

Не држи тоа "можеш да си кажеш што мислиш а без да натеруваш некој да го чита".. по оваа логика истото важи и за телевизија, радио, весници - никој не е приморан да гледа, слуша, чита. Ама се знае - ако некој од тие медиуми направи таква глупост (објавување содржина која предизвикува револт кај одредена заедница, посебно во ваква кревка држава), одговорните ќе плаќаат отштета и/или ќе лежат затвор.

Ако блогот се смета за медиум, тогаш за него ќе важат истите закони што важат и за останатите медиуми.

Сум за блага цензура на одредени теми.. се` додека не се претера (пр. замолчување опозиција, итн итн).
 
Член од
22 јули 2006
Мислења
1.265
Поени од реакции
36
Верувам во слобода на говорот и медиумите, ама до одредена граница.. голем дел од блогерите не ги гледаат тие граници и си мислат: "ова е мое место, што сакам ќе пишувам, ич не ми чуе ако повредам некого". Ширење на национална/меѓуетничка омраза е казниво по закон. Си имаш блог, пишувај си.. ама ако тресеш глупости како тие наведени во статијата во Време, тогаш стапува закон на сила, и нема што да се буниш.

Не држи тоа "можеш да си кажеш што мислиш а без да натеруваш некој да го чита".. по оваа логика истото важи и за телевизија, радио, весници - никој не е приморан да гледа, слуша, чита. Ама се знае - ако некој од тие медиуми направи таква глупост (објавување содржина која предизвикува револт кај одредена заедница, посебно во ваква кревка држава), одговорните ќе плаќаат отштета и/или ќе лежат затвор.

Ако блогот се смета за медиум, тогаш за него ќе важат истите закони што важат и за останатите медиуми.

Сум за блага цензура на одредени теми.. се` додека не се претера (пр. замолчување опозиција, итн итн).
+1

Сепак не можам да гласам на анкетата :kesa:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom