Целулит

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
10 совети против целулит

1.
Избегнувајте долго седење и настојувајте секојдневно да вежбате. Замолете го фитнес тренерот да ви состави специјални вежби за вашиот облик на тело и редовно вежбајте ги, најмалку половина час на ден.

2. Обидете се да ја контролирате калоричната вредност на продуктите кои ги јадете. Јадете повеќе овошје и зеленчук и избегнувајте маснотии и шеќери.

3. За успешна борба против целулитот потребно е да се пијат многу течности, најмалку литар и пол на ден. Се препорачува да се пие минерална негазирана вода или чај за слабеење, се разбира, без шеќер.

4. Обидете се да го промените начинот на живеење и ако пушите - веднаш престанете.

5.
Регулирајте го варењето со помош на чаеви и билни препарати. Во дневното мени внесете повеќе житарки и зеленчук.

6. Избегнувајте ги стресните состојби кои многу често го нарушуваат редот во организмот и на тој начин го помагаат создавањето на целулитот.

7. Освен цигарите, избегнувајте го консумирањето кофеин, шеќери, сол и алкохол. Наместо црвено месо, подобро јадете пилешко, телешко или месо од мисирка.

8. Купете си антицелулитен крем врз билна основа и редовно нанесувајте го на критичните места од телото во тенок слој. Кремот помага да се разбие целулитот и да се спречи неговото повторно создавање.

9.
Секојдневното стимулирање на циркулацијата со помош на ракавици за масажа направени од природни материјали. Со кружни движења масирајте го телото одозгора, па надолу.

10. Немојте да дозволите многу да варирате со килограмите. Постигнете идеална тежина и потрудете се да ја задржите.
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Фармерки против целулит

Компанијата Мис Сиксти на пазарот лансираше фармерки за кои тврди дека можат да го намалат целулитот. Стручњаците од компанијата тврдат дека нивните фармерки содржат “антицелулитен” серум наречен Скинтекс чија состојка е ретинол, дериват на витаминот А, што се користи за стимулацијата во произведувањето на колагенот.

Според нив, кога жената која ги носи овие фармерки се движи, доаѓа до триење што предизвикува пукање на капсулата со Скинтекс и лачење на кремата што се апсорбира во кожата. Серумот, тврдат стручњаците, останува во материјалот и по 40 перења, но без користење на машина за алишта. Овие фармерки чинат од 60 до 85 британски фунти. Се проценува дека од целулит страдаат 90 проценти од жените постари од 30 години.
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Имате ли вие проблеми со целулитот?
Јас до сега не сум сретнала девојка/жена која немала целулит. Најтрагично е што и мали девојчиња имаат целулит!:ija:
Како вие се борите против целулитот?
Јас пробувам да пијам многу вода...али нешто не ми иде:icon_lol::icon_lol:
 

schtranga

Кратовчанче
Член од
7 август 2005
Мислења
1.295
Поени од реакции
18
celulit uste nemam dobieno ( fala bogu ) mozebi zatoa sto sum vo postojano dvizenje , imam premnogu energija ne mozam da sedam pa samo se vrtkam
kako protif celulitot? pa so postojano dvizenje i vezbanje i se razbira ima sekakvi kremi protiv celulit
 

schtranga

Кратовчанче
Член од
7 август 2005
Мислења
1.295
Поени од реакции
18
gledam deneska nasekade po internet gazot na folk-peackata Ceca :ija:



sto predizvikuva celulit :
1.Losi naviki vo ishranata
2.Zamor
3.Nedovolno pienje voda
4.Nepravilno disenje
5.Predolgo sedenje
6.Nedovolno vezbanje
7.Zagaden vozduh
 
С

Сатори

Гостин
Имам само 16 и да имам целулит, немам мн. ама сепак имам и тоа на газот, ама не се познава мн.
И јас си пијам вода, ама од како почнав да одам на фитнес скоро цело тело ми се обликува и почна се да ми се губи, а имам и рамно стомаче сега, ама исто сум и на диета, не јадам месо, значи без масти, без алкохол, ама од коефин не можам да се откажам.Јадам само диетален црн леб, диетален јогурт(тој со намалена масленост) мн. овошје и тоа само за појадок и ако имам време може ќе ви ги напишам рецептите, мн. вкусни јадења има, ама воопшто не се калорични.
 
Член од
7 март 2006
Мислења
15
Поени од реакции
0
ke vi pisam edna korisna dieta za da go simnete celulitot i toa vo zavisnost kolku vezbate i trcate odnosno trosite kalorii vo denot ke nama lite od 2 pa se do 5kg za dve nedeli. ishranata e sledna:
dorucek; ovesni snegulki 5-6 golemi lazici so obezmasten jogurt,
rucek; salata kolku sakate i edno parce meso po moznost telesko ili riba
i za vecera pak salata. ova da go raspredelite dorucekot da vi bide okolu 8h, rucekot okolu 14h i vecerata vo 18h. a cel den da konzumirate voda od 4-6l. nikako da ne se lazete da jadete posle18h. ne zaboravajte da povezbate vo tekot na denot barem 30min.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.757
Поени од реакции
5.023
Kaj ja najde slikava so CECA mi se zgadi zivot ..........
 
Член од
22 јули 2005
Мислења
2.198
Поени од реакции
11
Pu Pu ne daj boze....nikad ne sum imala nitu pak imam,nema ni da imam zasto ne jadam leb,ne jadam blago,pazam sto jadam i vezbam.
Baska i da se zdebelam nema pak da imam celulit,plivav 8 godini (se otkazav pred 3 godini) i celo telo mi e razvieno eden period se zdebeliv celulit na moeto telo ne ni vidov.
Periodov bev na nekoja si "dieta" i skinav 7 ipol kila,sega ne licam na nisto.sega probuvam da probuvam da se zdebelam ama neuspesno.edvaj jadam,so sila
Inace celulit....BJAK
 

RealGirL

My LiFе...My ST0Ry
Член од
13 февруари 2006
Мислења
2.348
Поени од реакции
19
:bravo: за тебе,како успеваш?!? До пливањето не е,зашто и ја имам пливано толку време!Можеби е до тоа што не јадеш благо и леб!?
Ама кај без тие работи бе,ја барем неможам:toe:
 
Член од
22 јули 2005
Мислења
2.198
Поени од реакции
11
abe ja bev zavisnik od blagoto.nemozav da ziveam.do pred nekoe vreme (5,6 meseci)se zgadiv od se sto e hrana i blago i leb nemam staveno u usta.mi bese gadno da jadam brza hrana,mesa gluposti,grizki...
i do den denes ne ni jadam.samo salati,nisto drugo.
ama toa mi bese greska zasto sega imam problemi so zdravjeto.preeeska dojov do slucaj moite da me molat da izedam edna kriska leb.i edvaj ja izedov.
ti jadi si i leb i blago.ama vo umereni kolic ini.ili jadi samo interglaren leb,a cokoladoto zamenuvaj go so zitarici koi sodrzat sekeri u sebe,no ne kako toj u cokoladoto
i sto e najvazno:bidi fizicki aktivna i nikogas ne legnuvaj posle jadenje.sekogas otkako ke jadam gledam da bidam u dvizenje za da mi se talozi toa u mene.
 

RealGirL

My LiFе...My ST0Ry
Член од
13 февруари 2006
Мислења
2.348
Поени од реакции
19
Уште нешто...колки си висока а колку тешка..ако ти е глупо тука прати ми пп :wink:
 
Член од
20 мај 2006
Мислења
119
Поени од реакции
0
JAS SI JADAM SE VO UMERENI KOLICINI I MISLAM TAKA E NAJDOBRO POSTO NE SE DEBELEES MNOGU A SI JADES SE BEZ DA DRZIZ DIETI
 
Член од
13 март 2006
Мислења
245
Поени од реакции
1
само спортување пиење вода и здрав начин на исхрана инаку неам проблем со целулитот.
 

*princess*

..SiMpLy GorGeOuS..
Член од
17 февруари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
21
Независно дали се слаби или дебели, 90% од жените имаат целулит од кој сакаат да се ослободат. Таа “мечта” не е невозможна, треба добро да се информирате, да имате желба за победа, добри рефлекси и соодветно третирање. Зошто целулитот се појавува само кај жените?
Целулитот претставува резерва на натрупани калории, неопходни за преживување на бебето кое расте во мајката. Природата предвидела сите жени да имаат таква резерва па дури и најслабите за да можат да дојат и да преживеат во студот. Затоа, колку и да е неправедно, од пубертет па натаму вие како жена сте генетски програмирана да складирате масни наслаги во долниот дел на телото.
Некои ќе речат дека не живееме во времето кога облините биле симбол на сексипил. За добро или лошо, се променуваат не само условите за живот, но и каноните на убавината. Денес, ако не друго, сме добро нахранети, живееме на топло и тие масни натрупувања воопшто не ни се потребни. Повеќе би сакале да ги залепат на фрижидер како застрашување.
Но тоа не можете да го промените. Останува утехата дека натрупувањата од масни наслаги штитат од срцеви проблеми во менопаузата и се разбира можноста, кога се има добра волја за лишување од таа “заштита”.
Што е тоа “портокалова кожа”?
Специјалистите обично го нарекуваат целулит оние масни наслаги по нозете и рацете. Тие се наречени гиноиди но не секогаш се трансформираат во целулит. Но под влијание на женските хормони (естроген), обилното подкаснување и заседнатиот начин на живот, можат да се зголемат масните клетки дури и до 60 пати над големината. Притискајќи ги колагеновите нишки, нервите и крвоносните садови, тие зголемени клетки го блокираат крвотокот и лимфниот проток. Како последица на тоа, крвоносните садови испуштат дел од водата и токсините. На тој начин се повредува ткивото и се вшмукува течност, се надува, втврднува и се ги затвора во себе фибрите и клетките. Сето тоа е видливо и изгледа како лушпа од портокал. Од тука и ние ја нарекуваме портокалова кожа.
Зошто кожата ја губи еластичноста?
При преголема употреба на благо и месо а плус и недостаток на овошје и зеленчук, организмот ги преработува отровите во киселински соли кои се разложуваат и водат до загуба на еластичноста на ткивата. Други причини се недостигот на кислород и недостаток на движење. Станува збор не за тешки физички активности туку за лесни вежби и редовни прошетки на чист воздух. Тоа се некои од хипотезите за причините кои водат кон целулит.
Има три фактори кои влијаат на појавата на целулитот - наследност, возраста и начинот на живот.
Ако жените од вашиот род страдале од целулит, тој за брзо ќе се појави и кај вас. За неговата појава помагаат и хормоналните проблеми, нарушувања на функцијата на штитната жлезда, нарушувања во крвотокот, зголемената тежина, неправилното хранење и честите стресови, а можеби најмногу од се играта со тежината (познат како јо-јо ефект, кога постојано се здебелува и отслабнува).
Многу дами не го земаат тој факт во предвид и со промената на тежината успеваат да го направат малиот целулит во безобразно голем целулит.
Се уште нема објективни клинички податоци кои дозволуваат да се спореди ефективноста на различни антицелулитни методи. Во повеќето случаи методи со апарати помагаат подобро од масажите и гимнастиката, посебно за 3 и 4 стадиум. Тие ги зазамаат челните места во програмите за моделирање на телото, но не одговараат за сите. Кога има заболувања на органите, при ендометриоза, ваквите процедури се прават само на колковите. Не се препорачуваат ни при тромбофлебит, влажни дерматити и посебно чувствителна кожа. Запомнете дека целулитот се појавува таму каде мускулите не се активни. Ако не се движите, избегнувате гимнастика и пешачење тогаш сигурно ќе се појави целулит.
Целулитот се зголемува кога долго седите во една поза. Многу корисни се контрастните тушеви и триењето на телото со тврда ракавица. Помага и сувата масажа со четка или сунѓер. Добро дејствуваат и сауната или турската бања, ако нема контраиндикации за нив.


Како можеме да се справиме со целулитот?
Кофеинот има посебен ефект.
Кофеинот го олеснува распаѓањето на маснотиите и помага во нивното исфрлање од масните клетки. Тој влегува во скоро сите антицелулитни производи. Ако се користат специјални ампули со кофеин тогаш само по 2-3 недели, третираните делови стануваат помазни. Средството ја покрива кожата со невидлив филм кој очигледно ја зголемува влажноста и температурата на кожата.
Интегрирана масажа.
Не помалку ефективно средство се масажите и триковите во масирањето. Со секое движење тие создаваат ефект на слаба струја и тоа видливо ја стимулира циркулацијата на крвта.
Антицелулитно обвивање.
Со овој метод лесно може да се намали обемот на колената и колковите со 1-2 см. Тој се состои во следното: со памучни ленти, натопени со сол од Мртво море и глина (се продаваат во аптеките) и силно стегање на неопходните делови.
Тој метод го стимулира разменувањето на супстанциите во организмот и ја снабдува кожата со минерални супстанци и микроелементи.
Редовна масажа.
Најдобро е антицелулитната програма да започне со сува масажа. Потоа кожата многу подобро ги прифаќа активните супстанци. Правете кружни движења од долу на горе.
Хранете се правилно!
Целулитот не секогаш е сврзан со проблеми со тежината, но колку повеќе јадете мрсна храна и благо, толку повеќе се зголемува можноста за зголемување на масните клетки, кое води до целулит.
Докажано е дека вишокот килограми секогаш го стимулира феноменот на портокаловата кожа и жени кои како мали биле пополни, кога ќе пораснат се позасегнати од целулит за разлика од останатите.
За жал, една обична диета не е доволна за да се елиминира затоа што целулитот кој е натрупан на задникот е осигуран со специјални рецептори кои го блокираат топењето на калориите. Се што се трупа во делот под коланот многу тешко се отстранува. Тоа што ќе ја ограничите исхараната нема на никаков начин да ви помогне. Само ќе загубите дел од образите и градите.
Наместо да ја ограничувате целосно исхраната само потрудете се да ги исфрлите благите и мрсни храни а да јадете повеќе овошје и зеленчук.
Според мене најдобар и најздрав начин против целулитот е редовна масажа и вежбање.Така не само што ќе ја одржиме формата на телото,,туку и ќе се чувствуваме здраво.И секако водата која е најдобриот пријател на убавината треба да се конзумира во што е можно поголеми количини.
Кои се вашите методи за борба против целулитот? Или можеби имате некој совет,,некое искуство? Повелете:smir::smir::smir:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom