Ми стигнаа леќите без проблем. Поштарот на врата ми ги донесе и само 70 денари ми зеде. Фала Хак уште еднаш
Да прашам сега друго. Дали ако пријател од Америка ми испрати на пример лаптоп или нешто друго по пошта, има начин да се избегне царинава и слични давачки?
За лаптопи разбрав дека немало царина, туку само ддв се плаќало. Се јавив во една шпедитерска фирма и ми рекоа околу 3000 денари ќе биде нивната услуга плус ддв ќе си платам. Дали секогаш кога се царини нешто оди тоа преку шпедитерски фирми и кои се нивниве тарифи.
Ако има некој со искуство, го молам да објасни што се случува и кои се давачките кога треба да се подигне производ што се царини.
За лап топот имаш неколку опции да ти се прати.
1. По обична пошта
2. Брза пошта
3. По некој шо ке иде за македонија
е сеа вака
за 1 ако ти го пратат по обична пошта за лаптопот од таму ке му земат околу $50 Сигурно за шипинг, и пошто е лап топ е вредна роба ке мора да тој од америка купи осигурање за него во слуцај да се оштети или изгуби да може да ве обештетат. Во овој случај лап топот ти ке си го подигнеш тука од поштата и ке платис ддв на сумата на која што е осигурањето и избегнуваш шпедитерски услуги.
За 2 се е исто само што шипингот ке биде ненормално скап.
За 3 тој што ке ти го носи ке плати ддв на аеродромот кај нас по реситот(фискална Сметка) од америка или доколку го нема реситот ке плати по каталошка вредност на царинскиот каталог.
По мене 1 ти е најдобра опција, е сега незнам точно дали за лап топ нема царина мислам дека си грешка, сепак мислам дека се плака царина и на вкупната сума од вредноста на лап топот и царината се пресметува ДДВ-то.
За горниов пост некој???
И уште едно прашање, има ли некој информација кој е најевтин начин за некој да ми прати пари од странство?
Транскација банка банка ти е најевтин начин само тука кај нас во македонија доколку сакаш да не ти наплатат ништо ке требе да ги оставис парите 15 дена да бидат на сметката да не ги вадиш, доколку сакаш да ги подинеш одма 1% ке си платиш на банката од вкупната трансакција.