Христијанството денес

Член од
30 јули 2014
Мислења
5.220
Поени од реакции
16.735
Православието е најмногу задоено со национализам и политика. Види кои држави, замисли уште броиме држави какви се според религијата, се православни. Полни со национализам и омраза кон другите православни народи (замисли сега пак народ одредуваме според религија).
Ти не го ниту гледаш проблемот... Едноставно не можеш да го видиш.

Тоа не е добро. Тоа води кон неразбирање и омраза, ама битно веруваме дека човекот е спасен. Мхм....

Задолжително, си има ценовник по црквите, за раѓање, венчање, за смрт - ќе платиш, бидејќи и попот мора да јаде. Еден поп, два попа, сето тоа за пари.

Се им се парите во умот и срцето, ајде нека бидат сите сиромашни, само да не вртат пари по црквите .. бесплатно добиле, ако добиле нешто, бесплатно давајте, ако има што да дадат ...

Но ти како дел од православното христијанство, мора другиот да ги има проблемите, вие оригиналната догма ја имате, безгрешни во однос на човекот, животот... Ха
Ti od pravoslavieto nemas nisto loso videno, nitu od pravoslavnite. Samo kaj niv mozes vaka da se praznis i vlakno da ne ti fali. Olabavi malku so omrazata, vakvi ko tebe koga plukaat po hristijanstvoto e siguren indikator deka covek e na prav pat.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.117
Поени од реакции
4.298
Не мора да значи. Треба од некаде да се почне, 2024 е добро време. При овие технички можности и прилики за меѓусебно разбирање не гледам причина зошто не би можело да се направи исчекор во правец на обединување. Од запад ерор од Исток терор, не постои друг ентитет освен христијанството кое може да се исправи пред западната декаденција и исламската закана.
Deus Vult!
Автоматски споено мислење:

Во право си во однос грешките на Евреите кои се пресликале во многу христијански деноминации но тоа и било за очекување имајќи предвид каде се одвивале настаните опишани во Книгата, особено оние од времето на Исус богочовекот.
Време е тие грешки да се исправат!
Автоматски споено мислење:

Дали сметаш дека навистина живееме во последните времиња?
Инаку морам да забележам дека имаш став дека единствена вистинска црква т.е. деноминација е онаа под водство на МПЦ и сите останати христијани се слуги на ѓаволот бидејќи не се под МПЦ. Дали е така или грешам?
Ај по ред:

- Не, не живееме во „последните времиња„, оти да бевме во тие времиња, ќе го видевме и ликот од антихристот, како сурово владее со Светов и со сите кои му се поклониле како на бог и на апсолутен владетел. Од друга страна, Светов неминовно се движи токму кон тие последни времиња, не кон „светлата будуќност„.
- МПЦ-ОА е помесна Црква од Македонскиот народ и неговата дијаспора. МПЦ не е надлежна за другите народи кои исповедаат православие и кои веќе имаат свои (помесни) Цркви и кои исповеадаат иста вера на ист начин. Значи, МПЦ е само дел од „...една, Света, соборна и Апостолска Црква...„, како што вели Симболот од вераата.
- Дали се другите христијани слуги на ѓаволот? Се надевам дека не се. На пример, протестантите имаат свој придонес во побивањето на многу лаги, кои Светов ги прифати како вистинити. А лагите произлегуваат од таткото на лагата.
- Грешиш во дел од твоите погоре изнесени ставови.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.820
Поени од реакции
11.845
Почнете да се заканувате со смрт и да ни фали влакно нам кои не сме христијани. Бидете како проклетите муслимани и нивната потреба од Шеријатски закон!

Кој муабет...

Јас не ти реков на каков пат си, туку да пазете како се однесувате кон другите кои имаат исто свој прав пат. Тоа кажувам...

Не сте единствени, ниту сега ниту во минатото, не може вие да го имате само правиот пат, другите сите по лош пат... Таа клетва фрлете ја под нозете и изгазете ја еднаш засекогаш, доста со тие проповеди и и суптилни сатанизирања на туѓото... Никако да научите.
Не сте свештеници, не ги носете нивните гревови!
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.820
Поени од реакции
11.845
@Хептаграм XI ете секуларноста во државата е нарушена ид исламот, зошто не отвориш тема за Исламот денес?
Не отварам теми, отворете веднаш и почнете да го критикувате исламот... Нема муслимани на форумов си заминаа, мислиш тие се поштедени? Ха :coffee:
Но тоа ќе премине во политика бидејќи старите религии се политика и бараат уредување на држави и општество според дадена догма!
Тоа нема да може!
 
Член од
19 март 2013
Мислења
2.727
Поени од реакции
3.885
Почнете да се заканувате со смрт и да ни фали влакно нам кои не сме христијани. Бидете како проклетите муслимани и нивната потреба од Шеријатски закон!

Кој муабет...

Јас не ти реков на каков пат си, туку да пазете како се однесувате кон другите кои имаат исто свој прав пат. Тоа кажувам...

Не сте единствени, ниту сега ниту во минатото, не може вие да го имате само правиот пат, другите сите по лош пат... Таа клетва фрлете ја под нозете и изгазете ја еднаш засекогаш, доста со тие проповеди и и суптилни сатанизирања на туѓото... Никако да научите.
Не сте свештеници, не ги носете нивните гревови!
Ништо не разбра од тоа шо ти пиша членот, само извади верзија од лоша страна како шо правиш на секое мислење скоро.
Човекот ти кажува дека во тоа што верува е сигурен дека е правиот пат , бидејќи е најнападнато нешто што постои, поголема е цензурата за говор против другите верувања , а со Исус и тие што го сакаат вистински колку сакаш видеа и материјал има. Упорно ограничуваш на групи што се создале после Христа и ги констатираш како негрешни или нивно убедување дека се негрешни. А вистината е Исус , а затоа он е и единствениот безгрешен и патот до исцелување и вечен живот.
Еден е креаторот на земјата , водата , небо , се што живеело , живее и ќе живее. Една е љубовта , верата и надежта во него.
Секој човек што го одбива тој дар Божји , се оддалечува од Бога и таа е единствената поделба. Со него или без него. Слободна воља , све произлегува од нејзе како создадена од Бога.
 
Како што и секој друг верува дека е на правиот пат во однос на божественото.
Тоа не дава за право православните денес да измислуваат секакви приказни и туѓите учења да ги сатанизираат.
Не може така како не разбирате?
Верувај, дејствувај по книгата и тоа е... Зошто мора другото?
Нема потреба.

Вистината е Исус само за христијани и за никој друг. Ние другите може само да се сложиме дека по своја волја некој решил да биде христијанин и да биде дел од тие мистерии и учења. Толку...
Не може ти мене да ми зборуваш само Исус е вистината и за мене и за Стојне од Ресен, но бидејќи не прифаќаме, ние сме на погрешен пат.
Кој фалус си ти како христијанин повикан нечиј пат да го судиш?
Не може така и тоа е тоа... Се лутите кога со иста мера јас така правам и веднаш не сум пожелен тука и омраза ширам, а ако вие тоа го правите се е ок...

Ха , :coffee:
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.548
Поени од реакции
28.979
Не отварам теми, отворете веднаш и почнете да го критикувате исламот... Нема муслимани на форумов си заминаа, мислиш тие се поштедени? Ха :coffee:
Но тоа ќе премине во политика бидејќи старите религии се политика и бараат уредување на држави и општество според дадена догма!
Тоа нема да може!
Бев под импресии дека беше загрижен за секуларност.
Заборавив дека само христијани вистински ти сметаат.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
2.727
Поени од реакции
3.885
Како што и секој друг верува дека е на правиот пат во однос на божественото.
Тоа не дава за право православните денес да измислуваат секакви приказни и туѓите учења да ги сатанизираат.
Не може така како не разбирате?
Верувај, дејствувај по книгата и тоа е... Зошто мора другото?
Нема потреба.

Вистината е Исус само за христијани и за никој друг. Ние другите може само да се сложиме дека по своја волја некој решил да биде христијанин и да биде дел од тие мистерии и учења. Толку...
Не може ти мене да ми зборуваш само Исус е вистината и за мене и за Стојне од Ресен, но бидејќи не прифаќаме, ние сме на погрешен пат.
Кој фалус си ти како христијанин повикан нечиј пат да го судиш?
Не може така и тоа е тоа... Се лутите кога со иста мера јас така правам и веднаш не сум пожелен тука и омраза ширам, а ако вие тоа го правите се е ок...

Ха , :coffee:
Галатјаните 3:28 - Нема веќе ни Евреи , ни Елени , ни роб , ни слободен, нема машко женско ; зашто сите вие сте едно во Христос Исус.

А бидејќи ги спомнуваш цело време и сакаш сите поделби да ги наведеш , додади и муслимани , хинду , будисти , многубожци , православни,католици , протестанти, мормони , педери , лезбејки , црни , бели , жолти , хендикепирани, атеисти, агноистици...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.820
Поени од реакции
11.845
Бев под импресии дека беше загрижен за секуларност.
Заборавив дека само христијани вистински ти сметаат.
Не ми сметаат христијани, догматоици кои сметаат дека поседуваат апсолутна духовна вистина се препрека. Има разлика.
И реков нема муслимани на форум. Но ти сакаш и за нив да се каже дека не чинат да ти се задоволи гладта за тоа како муслиманите се полоши од вас, христијаните.
Полоши се, бараат отворено правен закон на база на догма.
Бараат нешта преку крв и насилств :coffee: о. Вас вековите ве испеглана, ќе дојде и нивното, ве следат во чекор, историски... Нивната ренесанса започнува наскоро
Автоматски споено мислење:

Галатјаните 3:28 - Нема веќе ни Евреи , ни Елени , ни роб , ни слободен, нема машко женско ; зашто сите вие сте едно во Христос Исус.

А бидејќи ги спомнуваш цело време и сакаш сите поделби да ги наведеш , додади и муслимани , хинду , будисти , многубожци , православни,католици , протестанти, мормони , педери , лезбејки , црни , бели , жолти , хендикепирани, атеисти, агноистици...
Ама тоа токму затоа редактирани, за да државата биде еден народ, лесен за управување.
Го знам јас твоето свето писмо, но и историјата... Тебе само романтизмот и догмата те привлекува,ништо друго. Ок е :coffee:
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.538
Поени од реакции
6.041
Ај по ред:

- Не, не живееме во „последните времиња„, оти да бевме во тие времиња, ќе го видевме и ликот од антихристот, како сурово владее со Светов и со сите кои му се поклониле како на бог и на апсолутен владетел. Од друга страна, Светов неминовно се движи токму кон тие последни времиња, не кон „светлата будуќност„.
- МПЦ-ОА е помесна Црква од Македонскиот народ и неговата дијаспора. МПЦ не е надлежна за другите народи кои исповедаат православие и кои веќе имаат свои (помесни) Цркви и кои исповеадаат иста вера на ист начин. Значи, МПЦ е само дел од „...една, Света, соборна и Апостолска Црква...„, како што вели Симболот од вераата.
- Дали се другите христијани слуги на ѓаволот? Се надевам дека не се. На пример, протестантите имаат свој придонес во побивањето на многу лаги, кои Светов ги прифати како вистинити. А лагите произлегуваат од таткото на лагата.
- Грешиш во дел од твоите погоре изнесени ставови.
Значи последните времиња се наближуваат, но сеуште не сме во нив.

Постојат различности и во рамките на православието од една црква до друга но тоа не треба да биде пречка. И католичката црква е света, соборна и апостолска, според каноните првиот понтиф бил Св.Петар итн. па сето тоа не значи дека мора да има ненадминливи разлики, како што наведе погоре членот Камбек со цитатот од Галатјаните, сите сме едно во Христа!
Вољата дадена од Бога ни допушта да ги видиме и сличностите а не да се опседнуваме со разликите. Не разбирам зошто многу верници се запоседнати со минорни разлики а не ја гледаат пошироката слика.
Не гледам ништо освен христијанството како штит од наказните западни идеологии кои веќе се пред портите, помеѓу воук секташлукот и џихадот (кои некако необјасниво се сојузници?!). Па ако можат непријателите да бидат обединети, зошто да не можат и христијаните?
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.117
Поени од реакции
4.298
Значи последните времиња се наближуваат, но сеуште не сме во нив.
Точно. Должност од секој верник е да ги следи „знаците на времињата„ и да има јак осет и увид во кое време живее. Тековно, пред наши очи се случуваат процеси кои се предзнаци дека се ближиме кон крајот од овој Свет.
Автоматски споено мислење:

Постојат различности и во рамките на православието од една црква до друга но тоа не треба да биде пречка. И католичката црква е света, соборна и апостолска, според каноните првиот понтиф бил Св.Петар итн. па сето тоа не значи дека мора да има ненадминливи разлики, како што наведе погоре членот Камбек со цитатот од Галатјаните, сите сме едно во Христа!
Разликите меѓу помесните православни Цркви, за среќа, не се наоѓаат во учењето, кое е едно и исто за сите, туку во некои дејанија, кои се повеќе локално-традицонални влијанија, кои со тек од време се одомаќиле и во нивните Цркви.

Католичката/римската Црква одамна не е света, оти во неа е влезен духот на хуманизмот, а папата, од 19-от век, од првиот Ватикански концил, е прогласен за-безгрешен!

Св. Ап. Петар никад не бил епископ/папа Римски.

Да, сите сме единствени во Христа, но рисмките папи сакаат да бидеме единствени под раководење од папите, не од Христа Бога.
Автоматски споено мислење:

Не гледам ништо освен христијанството како штит од наказните западни идеологии кои веќе се пред портите, помеѓу воук секташлукот и џихадот (кои некако необјасниво се сојузници?!). Па ако можат непријателите да бидат обединети, зошто да не можат и христијаните?
Црквата и верата Христова, ќе бидат единствените „субјекти„, кои ќе бидат напаѓани од сите можни вери и човечки структури по Светов. Воедно, тоа само по себе ќе биде показател за нивната исправност.
 
Последно уредено:

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.362
Поени од реакции
4.718
...проблемот не е во религиите, сите тие имаат убави и поучни мудрости и философии
...проблемот е во луѓето кои истите ги практицираат и застапуваат. Тој проблем е нерешлив, оти така сме скроени. Мал милион војни,страдања и убивања не ни се доволно, после поминати милениуми егзистирање, да научиме дека конфликтите се решаваат со компромиси и разбирање за добро на сите. Не ни е доволно да сме сити туку мора да се прејадуваме, не ни е доволно да имаме покрив над главата и топол дом со семејство кое се радува на плодовите од дадениот труд сето тоа да се донесе во домот. Не ни преставува ништо да плукаме по оние што не мислат како нас, што не се молат на бога како нас, што се послаби од нас. И за крај , од милениумите егзистирање научивме како подобро да навредуваме, како да мислиме само на себе и како сами на себе да си бидеме странци.
...ете каде е проблемот, и се додека е тоа така @Хептаграм XI ќе биде во право за секој збор од неговите коментари, и тоа не затоа што е Телемит туку затоа што ги гледа човечките исконски недостатоци реално и без религиски баласт :)
...вистината е најлесна за гледање кај сите освен кај себе
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.820
Поени од реакции
11.845
Црквата и верата Христова, ќе бидат единствените „субјекти„, кои ќе бидат напаѓани од сите можни вери и човечки структури по Светов. Воедно, тоа само по себе ќе биде показател за нивната исправност.
Црквата со векови суптилно ги сатанизира и поставува туѓите учења како зло, а тие се поставуваат како битен авторитет( а реално не се во однос на духовното на Земјата бидејќи се врзаа премногу со земското), и сега кога некој им плеска во лице дека тие се злото и шират омраза самите верници, слушајќи ги без приговор свештениците, убедени дека само тие најдобро веруваат и имаат најсовршен симбол за постигнување, тоа било знак дека се во право.

Која логика.

Ги убедија дека мора да предизвикаат да бидат гонети заради нивната сатанизирачка политика и тоа бил доказот дека христијанството денес е вистински пат дури и за мене :coffee:

Не е. Прифатете го тоа. Не ги заморувајте луѓето како само вашето е правилно и го имате совршениот идеал и дека важи за сите.

Тешко е тоа нели? Така ќе умре догмата?

Како планира христијанството да опстане на овој пат помеѓу другите? Со крв?
Тоа пробиваат муслиманите, не се враќајте 5 чекори на нивно ниво!
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
18.362
Поени од реакции
9.928
...проблемот не е во религиите, сите тие имаат убави и поучни мудрости и философии
...проблемот е во луѓето кои истите ги практицираат и застапуваат. Тој проблем е нерешлив, оти така сме скроени. Мал милион војни,страдања и убивања не ни се доволно, после поминати милениуми егзистирање, да научиме дека конфликтите се решаваат со компромисии разбирање за добро на сите. Не ние доволно да сме сити туку мора да се прејадуваме, не ни е доволно да имаме покрив над главата и топол дом со семејство кое се радува на плодовите од дадениот труд сето тоа да се донесе во домот. Не ни преставува ништо да плукаме по оние што не мислат како нас, што не се молат на бога како нас, што се послаби од нас. И за крај , од милениумите егзистирање научивме како подобро да навредуваме, како да мислиме само на себе и како сами на себе да си бидеме странци.
...ете каде е проблемот, и се додека е тоа така @Хептаграм XI ќе биде во право за секој збор од неговите коментари, и тоа не затоа што е Телемит туку затоа што ги гледа човечките исконски недостатоци реално и без религиски баласт :)
...вистината е најлесна за гледање кај сите освен кај себе
Како заклучи дека Хепта е во право?
Јас во телемата не видов ништо поучно и мудро......така да од еден телемит не очекувам ништо реално, тотално забегана работа е тоа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom