- Член од
- 11 април 2012
- Мислења
- 4.289
- Поени од реакции
- 4.694
На хартија е точно дека се наоѓаат многу подобри дехидрати од Оријенот како што наведе со поголема застапеност на месо или со повеќе витамини, протеини, масти, и слично.Аканата не е вториот најдобар дехидрат во светот
Има повеќе дехидрати што се поквалитетни од Acana, а што се скоро исто толку квалитетни како и Orijen, или во најмала рака се премногу блиску до квалитетот на Orijen ... значи на некој начин според квалитетот на составот се помеѓу Acana и Orijen ... а тоа се следниве дехидрати:
- Nutrivet Instinct ... има исто како и Orijen, 80% месо и животински продукти / 20% зеленчук и овошје / 0% житарици.
Дури овој дехидрат Нутривет Инстинкт е појак од Оријен на протеини ... Оријен во сите негови 7 формули има 38% протеини ... а Нутривет Инстинкт во скоро сите формули има 42% протеини, а дури една формула му е со 45% протеини
- EVO ... фантастичен дехидрат, дури и појак од Оријен скоро сите формули им се со 42% протеини.
Али имаат една неверојатна формула со 84% месо и животински продукти / 16% зеленчук и овошје / 0% житарици ... и неверојатни 54% протеини
Останати фантастични Grain-Free дехидрати се:
Instinct, Innova, Taste Оf Тhe Wild, Canidae, Canagan, Wellness Core, Blue Freedom, Go Natural, Earthborn Holistic ... и др.
Инаку, моментално најдобриот дехидрат во Македонија според составот Brit CarniLove ... моментално има 4 вкуса:
1) Chicken
2) Salmon & White Fish
3) Nortrh Sea Fish & Turkey
4) Lamb & Wild Boar (омилениот вкус)
А летово, веројатно во текот на Јули, Brit CarniLove во својата линија ќе додаде уште 4 нови вкуса ... вкупно ќе бидат 8 вкуса
Информацијава ми е директно од увозникот на Брит во Македонија, кога пред 5 дена се видов со увозникот за да земам за мене вреќа, и узпат направивме муабет и за новите 4 линии што наскоро ќе пристигнат и во Македонија
Farmina - Natural & Delicious ти е скапа храна ... вреќа од 12 кг. кошта 5790 денари ... поточно 482 денари испаѓа килограм на вреќа.
А ако не купиш веќа од 12 кг., тогаш цената на посебно на 1 кг. е уште повисока, односно изнесува 510 денари за 1 кг.
Значи отприлика скоро 100 евра кошта вреќава од 12 кг. Natural & Delicious ... а мојата Доберманка како што јаде по половина килограм дехидрат дневно, вреќава мене би ми траела 24 дена ... или со други зборови ни 100 евра во текот на месецот нема да ми бидат доволни за да ја прехранам Доберманката
Али затоа јас никогаш не купувам дехидрат од Пет Шоп, бидејќи многу години сум во овие кучкарски кругови, и ги знам сите цаки ... и затоа што цените на дехидратите им се дигнати до небо, тродупло им се поскапи дехидратите во Пет Шоп, отколку што е цената на вреќите доколку ја набавиш директно од кај увозникот.
Конкретно Brit CarniLove во Пет Шоп исто вреќа од 12 кг. кошта околу 4.500 денари.
Додека пак јас, секогаш си ги набавувам вреќите директно од увозникот на Брит во Македонија, и вреќите ми излегуваат прилично поевтини.
Brit CarniLove кај увозникот вреќа 12 кг. кошта 3.100 и 3.300 ... во зависност од вкусот.
Има 4 вкуса, погоре ги напишав ... 2 вкуса се 3.100, а другите 2 вкуса се 3.300 кај увозникот.
Значи отприкила околу 1.200 - 1.400 денари ти е поевтина вреќата да ја купиш директно од кај увозникот, отколку да ја купиш во Пет Шоп
А за оваа цена од 3.100 и 3.300 нема да најдеш бољи дехидрат во Македонија.
Ама начинот на производство е она што го прави Оријен толку посебен. Го кријат некој нивни револуционерен начин на преработка на состојките, и затоа даваат најдобри резултати.
Инаку да, и овие што се другиве се страшно добри, и кога ќе ги видиш цените искачаат исто како Ројал, Еукануба, Карнилав, НД ... ама мораш да идеш до Бугарија или Грција за да ги купиш.