Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Што сте во хороскоп


  • Вкупно гласачи
    1.386
Ако си ти стрелец, а типот е бик, многу се мали шансите за конкретен долг спој, бидејќи жената стрелец е многу активна, импулсивна, сака да трага по нештата наоколу, а бикот е поинертен,(во смисла е помрзелив)и тоа може да и пречи на стрелката да ги исполни своите амбиции со него.
Друго-жена стрелец знае да откачи, да се изнервира и да си отиде, убедена дека е во право, а бикот поради својот инает да не ја побара назад, затоа што и тој се чувствува дека е во право. Спој кој носи интересни моменти, ама тешко издржливи. Во љубов-жена стрелец сака некомформизам, возбуда и авантури, а мажот бик е комплетно лојален, дури и посесивен кога е со некого.
Се надевам доволно е?:)
 
Да не знае некој да ми каже карактеристики на дупли Близнак?
Фала однапред.

сите мани и доблести кај дуплиот близнак се нагласени.Овој знак сака комуникација, но е површен во се што прави, па многу луѓе го сметаат за вечно дете и несериозно му приоѓаат. Вистината е дека дуплиот близнак е емотивно лабилен, но не и емотивно празен, него љубовта му треба за да си игра, да сонува и да може да доживее двојни задоволства-бара интелектуално подготвен партнер кој нема да биде здодевен, а и отворен за предизвици и во сексот.проблемот со дуплиот близнак е што многу често се расејува себеси, конфузен е и мисли дека на се пронашол решение, а тоа е поради обемната детска природа што ја носи во себе.треба да внимава на кого му се доверува, бидејќи е секогаш ранлив, а сака да зборува, да има контакт со луѓе, па често работите ги сфаќа премногу лично, и напаѓа со цинизам.
Ок е?:helou:
 
tose bre daaaaaaa de ne gi lazi decata so vija babini devetini. nogu ako znais daj ce doam kaj tebe na rakata da mi gledas
 
Прв хороскоп каде што ми е се погодено.Инаку сум близнак а партнерот е риби..шта каже гатач/гатачка?!:uvo:
 
Медеа ај нешто за јарец и водолија , како функционираат.. ( ми кажале , ама сакам ти да ми кажеш:pipi: )..
И нешто повеќе за водолијата..
Иначе јас сум јарец , он водолија , ако има некаква врска...
 
.Овој знак сака комуникација,многу луѓе го сметаат за вечно дете и несериозно му приоѓаат.во љубовта му треба за да си игра, да сонува и да може да доживее двојни задоволства-бара интелектуално подготвен партнер кој нема да биде здодевен, а и отворен за предизвици и во сексот.сака да зборува, да има контакт со луѓе, па често работите ги сфаќа премногу лично, и напаѓа со цинизам.
близнак сум,не дупли ама ова цитираново не да е точнооо...
 
Медеа ај нешто за јарец и водолија , како функционираат.. ( ми кажале , ама сакам ти да ми кажеш:pipi: )..
И нешто повеќе за водолијата..
Иначе јас сум јарец , он водолија , ако има некаква врска...

Их...тешка комбинација-поради фактот дека јарецот е мноогу пофиксен знак, стабилен, самоосвесен, а мажот водолија е алтруист кој тешко се врзува за било кој-непоправлив индивидуалец, (сепак и подзнакот игра важна улога, но во случајов не знам каков е)кој често ќе ја провоцира жената јарец за само да и докаже дека не е се под нејзина контрола.
Во оваа врска ако има перспектива, тоа би било само под услов мажот да ја збеснува жената јарец со своите малку чудни ставови, зезанции и дури и револуционерност. За една јаричка светот е мноогу традиционално место, и таа тешко се подлегнува на промени, а поготово не ако момчето е толку драстично различно од неа.
Во поглед на сексот, исто така може да нема складност, затоа што жената јарец е прилично воздржана и на моменти ладна, а тоа водолијата не го трпи...Не знам што си во подзнак, инаку вака излегува дека се е негативно...:)
 
Прв хороскоп каде што ми е се погодено.Инаку сум близнак а партнерот е риби..шта каже гатач/гатачка?!:uvo:

интересен спој, прво затоа што ти си таа која му ја црпи енергијата на мажот риби, а тој безрезервно дава, бидејќи колку и да изгледа повлечено, тој е визионер и малку поетски заљублив, а ти си таа која го стимулира неговото тело и емоции...само внимателно,бидејќи рибите знаат и да сочуваат некоја лузна која ги здоболела но никогаш нема да ви ја кажат за да не се најдете во непријатна положба со нив. Интересно е тоа што расеаноста на близнаците е многу слична со мечтаењето на рибата, и затоа овие знаци се надополнуваат. Докажувањето на љубовта е многу битно, бидејќи рипките сакаат да се чувствуваат сигурно покрај партнерот, иако близнакот некогаш тоа го смета за напорен чин:)
 
Близнак , во подзнак водолија , што е работава со ваквиве ????
 
Јас сум вага....кажи и за мене нешто :)
 
Медеа, гледам ти си задолжена за анализа на хороскопските знаци? Ајде што ке кажеш, јас сум овен, девојка ми лав.

Експлозивна спојка, прво зошто и двајцата сте огнени знаци, со тоа што кај вас се оди на правилото:посилниот победува! Во оваа врска има многу страст, но и главоболки, затоа што лавицата сака да биде во центарот на вниманието, опсипувана со љубов, а овенот нема секогаш време за тоа.Динамичен, импулсивен, овенот знае кога цели кон нешто, и тоа го остварува, но затоа им изгледа на другите арогантно-и во љубовта може да се однесува така, доколку најде партнер со енергија слична на неговата. Во случајов, вие двајца сте на раб, секогаш меѓу нервози и страстни бакнежи.Интересен стимулативен спој, кој многу често успева, иако суетноста и горделивоста знаат да ја замрсат љубовната игра и кај двајцата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom