Прегледај го приврзокот 343739
Сонце во Вага
-ова личност има потреба да биде дел на група, сака да биде во друштво и секогаш бара партнерство, ја сака правдата и ја почитува истата и држи до општествени вредности, може брзо да се прилагоди во секое друштво и знае да ја оправда секоја зададена задача.
-слабост на ова личност е дека не размислува доволно, е несериозна, понекогаш дилетант во љубовта и лесно понекогаш може да потпадне под влијание од другите.
Сонце во VIII
-финасиски проблеми се намалуваат после венчавање.
61 Сонце - Месечина
- ова личност е многу витална, обожава јавен живот, популарна е и ценета во друштво, уравнотежена и ненасилна и е во добри односи со своите родители.
58 Сонце - Сатурн
- ова личност сака да работи сам во тишина има смисла за детаљи, сериозна, внимателна, издржлива за тешки задачи што сигурно ќе реши.
25 Сонце– Асцендент (подзнак)
Сонце во Близнаци
-строг интелект, личност која сака книжевност која лесно се адаптира на сите ситуации и различно друштво, обожава работа со јавност, патувања, а понекогаш и литературни обиди.
- недостаток на подзнакот да личноста не е доследна на своите идеи често првртлива во одлуки.
Месечина во IV
- личноста сака фамилијарен живот, мир и тишина, сака да остане во домашен амбиент опкружен со љубов на ближните, посебно акцент на позитивно влијание од мајката.
129 Месечина - Сатурн
- ова личност ги контролира своите чувства, има осеќај на должност, самопочитување, претпазлива, може да се концентрира на долгорочни задачи било да се физички или интелектуални задачи, а посебно сериозна кон тие задачи кои ќе ги прифати.
12 Месечина- подзнак
-личноста има добро влијание од семејството кое посебно го сака и го помага, сака патувања, движење и промени, сака да се договара и е отворена према другите луѓе.
Меркур во Вага
- Меркур преставува комуникација, ова личност со размислување проценува и ги поврзува работите, а со тоа знае добро да се изразува и пред да си го искаже своето мислење прво ги ислушува туѓите мислења, споредувајќи ги со сопствените, па потоа си го искажува своето мислење.
- слабости на ова личност во ова поле е тоа што е безбрижна и флегматична, како сопруг може да биде неверен, а партнерските односи неефективни и неконзистентни.
Меркур во VIII
- ова личност понекогаш има страв од смрт, ама истовремено некако ја проучува, па дури и навечер понекогаш знае да се уплаши, инаку личноста сака да истражува и инвестира, а и добро учи.
109 Меркур - Плутон
- има голема моќ на запазување и брзо проценување на ситуацијата, вешт, суптилен и критичен.
Венера во Лав
- поле за чувства, вредности на размена на чувства и делење со други, личноста има отворени и топли емоции, полна е со нежности, многу очекува од љубовта, сака да живее и да ги задоволи своите страсти и задоволства до крај, склон кон нови пријателства кои истите ги негува и често му излегуваат корисни и ефективни.
- слабости на личноста е дека претерува во задоволствата и забави, понекогаш знае да биде злобна, претенциозна и фалбаџиска личност што понекогаш е извештачена, па понекогаш се докажува на самиот себе дека е атрактивен.
Венера во VII
- судбина на ова личност многу зависи од бракот, се мажи од љубов поради децата има емоцијонални живот.
119 Венера - Марс
- личноста не само што е верна на страстите, сака сензуални и сладострасни задоволства пред се друго, склона е и на ексцеси, неверства и често е незадоволен, па може во иднина да има сериозни семејни кавги.
96 Венера - Уран
- ова личност бара нови сензации во љубовта и често е незадоволна од афери кои наскоро се претвораат во чисто конвенционални односи, сака новости, авантури, ексцентричности му се : несериозност, нестабилност и неверност, па доколку иде кон тој правец бракот не е за оваа личност и ако се впушти во таква авантура, најчесто завршува со отпишан развод како „грешка на младиот човек“, како резултат на многубројните љубовни врски.
61 Венера - Нептун
- професионалниот живот на оваа личност е нестабилен, има чувство за уметност, сонувач е и лесно е под влијание, романтичен, чувствителен и многу сензитивен.
107 Венера - Плутон
- емоционалниот и сексуалниот живот на оваа личност е моќен и богат, навистина живее вистински страсни љубовни врски.
Марс во Шкорпион
- Марс преставува желба за акција и физичка енергија, агресивноста може да ја наведе да се бори против општеството, семејството, неправдата воопшто, а понекогаш може да стане и многу насилна личност, таа е способна да биде лидер на организација или заедница, но агресијата може да се претвори во самоуништување ако нема соодветен излез, но тоа е последното нешто на што ќе размисли ако се најде во неволја или пукне филмот.
- слабости во ова поле, страст, бес, фанатизам и караници.
Марс во IX
- длабоко вкоренети мислења кои можат енергично да се бранат, во одреден период од животот, човекот може да се бори за одреден идеал, но може и целосно да го напушти, станувајќи помалку убеден отколку на почетокот на неговата посветеност, бидејќи сфаќа дека тоа е изгубена битка, можни се и конфликти во странство или со странци.
62 Марс- Јупитер
- личноста има добро чувство за организација, весела е, отворена и искрена, полн е со динамика и невоздржана и изобилна енергија, го сака животот и зема се што и нуди, сака спорт и живот на отворено, успешна е професионално и емотивно, обично има многу деца.
399 Марс - Уран
- личноста има исклучителна енергија, таа е импулсивна, но храбра, се занимава со ризични истражувања за благосостојбата на општеството со сета енергија што ја поседува има голема потреба за независност и сака да дејствува слободно.
Јупитер - во Девица
- Јупитер претставува експанзија на убавина и софистицираност, личноста е методична и практична, сака ред, организација и хармонија и може лесно да поврзе сè.
слабости: има тенденција да се сомнева во околината, не им верува на луѓето.
Јупитер во VIII
- личноста е заинтересирана за окултизмот, може да работи на поле поврзано со смртта, на пример како директор на погребално, бракот му помага финансиски, брачниот другар обично има пари или тоа е некој дарежлив мираз.
103 Јупитер - Сатурн
- личноста е сериозна, внимателна, чесна, достојна за добро владеење, расудување е добро и размислува двапати за работите ги следи своите цели до крај, секогаш знаејќи да го избере вистинскиот момент, доблесна е и го почитува законот.
88 Јупитер - Уран
- оваа личност брзо знае што навистина се случува, жедна за знаење и добар организатор, многу независна, сака да дејствува слободно и е неконформист, со задоволство прифатена во општеството и секогаш е барана.
17 Јупитер - Нептун
- личноста е под влијание, сонувач која дозволува да биде заведена со убави зборови кои не се секогаш искрени, не гледа корупција и често е измамена од луѓето.
Сатурн во Вага
- Сатурн претставува контракција, ограничување и напор, личноста препознава сериозни работи, има морални квалитети, почитувана и свесна личност.
слабости: не е отворен за нови идеи.
Сатурн во VIII
- личноста не е финансиски просперитетен, платата му е просечна, а и брачниот другар не е богат, постои мала можност за наследство што многу би помогнало, личноста ќе има долг живот и природна смрт, ако другите аспекти не велат поинаку.
Уран во Шкорпион
- самиот Уран преставува индивидуалната слобода како и она помалу егоистичната, личноста е фина и интелегентна, обожава да истражува, да се распрашува и открива и е многу сензуална.
Уран во IX
- личноста е заинтересирана за хуманост, а и е хуман, високо интелектуална, многу патува, умот е секогаш буден, дури и кога спие, па за тоа време најчесто ги решава проблемите од претходниот ден.
Нептун во Стрелец
- Нептун преставува обратно од Шкорпион, трансцендентална слобода, како и неегоистичка слобода, личноста сака патувања, странски работи и вода.
Нептун во XI
- пријателствата на ова личност се искрени и несебични.
49 Нептун - Плутон
- Плутон преставува трансформации, мутации и елиминиации.
Плутон во Вага
- носи промени, а куќата е куќа на сопствен идентитет, знакот покажува како личноста постапува во животот, сликата на личноста видена низ очите на другите, како и односот што поединецот го има кон животот.
Подзнак во Водолија
- личноста сака да запознава луѓе и да разговара до раните утрински часови, сака да му се допадне и радосно да вее наоколу, заинтересиран за политика, членува во младински организации или во оние кои се борат за човекови права.
Втората куќа ја претставува областа на материјалното обезбедување и приходот што човекот го заработува со сопствени напори.
II куќа во Риби- личноста лесно успева во професионалниот живот благодарение на неговата интелигенција, генијалност и со помош на неколку пријатели, внимателен со парите, но не е скржав, туку подарежлив.
Третата куќа е област на социјални и интелектуални определби и учење, комуникација и кратки патувања и односи со непосредната околина и роднините.
III куќа во Бик - сепак никаде не е толку добро како дома, нема многу патувања или ненадејни и неконтролирани иницијативи, се е пресметано, а мотото е: „полека, но сигурно“.
IV куќа е област на дејствија и емоции, како и семејната средина од каде што доаѓа личноста, како и односот со мајката.
IV куќа во Близнаци - невозможно е да се остане на едно место, личноста има чести промени на живеалиштето, ако неговата работа е монотона, личноста често ќе ја менува фирмата, идеалната професија ќе биде онаа која нуди низ промени, движење наоколу, запознавање многу нови луѓе, може да се очекува подеднакво чуден или залутан љубовен живот.
V куќа е областа на личните убедувања, љубовта на децата и младенците, спортот и забавата и сцената.
V куќа во Близнаци - сака да им се допадне на другите, може да поминува часови во бањата подготвувајќи се да излезе и надевајќи се дека ќе сретне некого и ќе го шармира со својот изглед, сака бескрајни дискусии со пријателите.
VI куќа е дом на учење низ областа на работа и услуга, а воедно е и дом на секојдневните животни навики и грижа за здравјето и исхраната.
VI куќа во Рак - личноста сака работни места поврзани со јавноста, слаба точка: стомак.
VII куќа е област на социјално и интелектуално дејствување и односи со другите, особено со партнерот или брачниот другар.
VII куќа во Лав - љубовен брак заснован на доверба, искреност и искреност.
VIII куќа е област на емоционална и ментална сигурност и онаа која ја покажува способноста за обновување, страста и силата на еротскиот живот, тоа значи и наследство или туѓи инвестиции.
VIII куќа во Девица - мали наследства, среќна старост, природна смрт.
IX куќа е дом на учење што го обликува идентитетот, како и областа на религијата, филозофијата и возвишеното знаење и далечните патувања.
IX куќа во Шкорпија - личноста сака долги патувања, особено оние по море, да учествува на регати, сака ризик и спорт.
X куќа е област на материјално дејство, зенитот или врвот на хороскопот ја претставува работата што личноста ќе ја постигне во својот живот и местото што ќе го заземе во општеството, тој статус станува поважен како што личноста старее.
Х куќа во Стрелец - работа која вклучува патување, особено во странство и ако е можно, со одреден ризик, уникатна професија.
XI куќа е област на истражување за социјална и интелектуална безбедност и ги претставува пријателите, пензионирањето, како и плодовите на работата на една личност.
XI куќа во Стрелец - повеќе од се сака секакви патувања, авантури и пријатели кои често се од странство.
ХII куќа е областа на образованието и емоциите, како и скриениот свет и сè затскриено и мистериозно, особено потсвеста.
ХII куќа во Јарец - личноста разочарувањата тешко ги поднесува, огорченоста може да трае долго, пред да може позитивно да реагира.
... браос, ти личи, продолжи само така, далеку ќе догураш!