Зошто не може да се зборува за природна селекција и еволуција кај луѓето?
Човековата цивилизација од поодамна ѝ пркоси на природната селекција. За пример - алергии. Во случај медицината да не беше напредната до овој степен - единките што се алергични не би можеле да преживеат доволно долго за нивните гени да ги пренесат на наредно поколение и да добиеме нови единки склони кон одредена алергија. Земи ги предвид и сите болести за кои е докажано дека гените играат улога, па во случај природната селекција да не беше нарушена преку медицината, сега ќе имавме многу „поздрав“, условно кажано, генетски пул и помал процент на луѓе склони кон такви заболувања. Но, природната селекција не ни е „хумана“ и затоа одиме кон развој на медицината за да се намали смртноста предизвикана од вакви болести. Значи, во наредниов период може да очекуваме тотално искоренување на природната селекција кај човековиот род. Е сега, колку е тоа добро колку лошо е ОГРОМНА тема за дискусија.
Во однос на еволуцијата дека е запрена кај човекот не би се сложил, зашто иако природната селекција е нарушена доволно долго време, сепак имаме други видови на селекција што ја замениле неа.
Човекововата цивилизација почнува помалку да наликува на суперорганизам кадешто секој човек ќе има своја улога во целината, па правилата на игра мора да се сменат за да се одржи функционалноста. Неконтролирано размножување е одлика на канцерогените ткива, а канцерот не води баш кон среќен крај (особено не ако се остави на природната селекција).
Сексуалноста сѐ уште се изучува и не баш се знае точно како функционира тој механизам и зошто некои единки ги привлекува едно нешто, а други друго нешто. Да речеме сексуалноста има генетски елемент (да речеме!), општествениот притисок за стапување во брак и имање потомство по секоја цена ѝ контрира на природната селекција, зашто хомосексуални единки се ставени во положба да мора да имаат потомство. И се случува аналогнија на примерот со алергиите горе. Но, ова е во случај сексуалноста да е генетски одредена карактеристика.
Сепак, тоа што различни видови сексуалност постојат и кај животните, организми кај кои природната селекција не е воопшто нарушена значи дека тврдењето „природната селекција ќе ја искорени хомосексуалноста“ не држи вода.