- Член од
- 18 јуни 2012
- Мислења
- 477
- Поени од реакции
- 612
Пред извесен период Советот на Европската Унија ги усвои насоките за промоција и заштита на уживање на сите човекови права од страна на ЛГБТИ популацијата (Protection of LGBTI human rights officialy part of EU foreign policy). Па, Црна Гора сака да иде во ЕУ - затоа се ориентира проевропски, ако не сака.. нека каже дека нејќе да се придружи во ЕУ и тоа е тоа, никој никого не присилува на ништо. Истиот случај е со Албанија, Србија, Босна, Македонија.. Разликата е што Албанија, Босна и Србија се ориентираат проевроспки, а Македонија не, иако со сите сили пробува да започне преговори за членство во ЕУ.пред 10 сетина дена од подгорица, црна гора имав службени гости 3 дена беа во битола и баш кажуваа со огорчување и револт за наметнатата геј парада која беше закажана. Луѓето беа од државна институција, високообразовани, велеа, дека со наредба, им е наложено на некои министри да се појават на парадата а се ради преговорите со ЕУ. Ова со гејојте испадна фашизам да се воспоставува а не некој “слободен избор, демократија“.
Друга работа е тоа што никој не може да им забранува на ЛГБТи лицата да бидат такви какви што се родени, зашто еве за пример ќе се земам јас и партнерот, ниту јас го присилувам партнерот да прави нешто што не сака, ниту тој мене, а двајцата воошто на никој не наштетуваме.. Нема да се повторувам за ова, зошто на темава е пишувано, докажувано илјадници пати.
Трета работа,
Меѓународни организации за човекови права, како Human rights watch му се обраќаат на премиерот Никола Груевски во врска со нападите и дискриминацацијата на ЛГБТи луѓето во Македонија (Letter to Prime Minister of Macedonia - Писмо до премиерот Никола Груевски), додека нашиот премиер возвраќа со тоа дека во Македонија НЕМА дисркиминација врз било која основа..
Македонија одговори на Human rights watch кажувајќи НЕ за дискриминацијата на "која било основа"
Е сега, мене чисто ме интересира зошто Македонската Влада лаже, и дали мисли дека навистина некој ќе излаже?

Па самата Влада го изјавува ова
Тука е и хомофобијата во медиумитеМинистерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски изјави дека за ВМРО-ДПМНЕ бракот е заедница меѓу маж и жена и отстапки за тоа прашање нема да се прават додека партијата е на власт, и нема да има никакви промени во законот за семејство и нема да се дозволи склучување на хомосексуални бракови во Македонија.
- Не сакам ни да дискутирам за прашањето на хомосексуалните двојки да им се дозволи да посвојуваат деца, затоа што сметам дека едно дете треба да биде правилно развивано, да расте и да се развива во брак во кој што ќе има мајка и татко во вистинска и биолошка форма на зборот - изјави Ристовски.
Тука се и нападите..
Каменувана куѓата на актерот Петар Стојковиќ
...