Време не гази,
А сите сме на свои страни
Еј знам,памтиш,но дали ти значи ?
Пуни спомени се тие траки
Па ти текнува на мене
Ко ќе погледаш во тие сиви згради,
Осудени на пропаст,осамени
А само пријател е ноќта,
Каде соништата тонат,
А тоа е мојата дома
И сив е тој свет ко да нема боја.
Е таму сам стојам,осети го студот,
Што да ти кажам друго ?
Убива болест,но убива и љубов.
Па нема интерес и веќе
Ништо не е исто
Те враќам назад
Од каде мајка ти ти дала живот.
Ова е писмо,за да се сетиш како било
Дека веќе денес сменет ни е филмот.
Еј,сети се,какви беа песните,
Осети ги и ако болат,
Сети се на мене кога ќе си одам,
Задржи ме во себе,иако светов вене
Задржи ме во мислите како текст последен,
Како спомен од асфалтот и име на плакатот,
Страјк сум,она чувство старо,градско.
Запамти ме по добро како таков,
Ме памти рапот како копиле што памти татко.
И ако нема никој надвор,ја пак снимам,
За кога ќе те видам музика ја да ти бидам.
А другите види ги глумат,се хард,а ?
Колку се fucked up,а дома живеат во бајка,
Се' што ние не сме биле,така ?
Па тракава заклучи ја во главата ко врата,
Ја знам на кого ќе му фалам,
Ни минута не жалам,
тоа што го видов - кажав,дали ме сфаќаш ?
Поетска правда,сум исто како некад
И не сакам но знам каква иднина не' чека.