Харе Кришна

  • Креатор на темата makedon^
  • Време на започнување
Член од
24 март 2007
Мислења
5
Поени од реакции
0
ada напиша:
:pos:
Вака, прво малку полека со мавање етикети од типот патетично и слично. Од кај ти побогу знеш дека јас не сум запознена со харе кришна, и дека ми е далечна и непозната, па ме вознемирува?
Да, немам јас друга работа, па идам да плукам нешто што не ми е познато поради мојата малициозност, страв од промени бла,бла...
Итекако имам читано и истражувано околу Харе Кришна, најмногу од причина што пред неколку години сакав да станам дел од неа. А многу блиска личност од мојата фамилија и беше во сектава(за мене е секта, за друг нека биде и едината религија на свет, ама ич не ми е гајле) па имав можност од прва рака да ми бидат пренесени некои факти околу истата. И да, од таму дојдов до "тешкото" обвинување околу манипулацијата, експлотацијата и контролата.
Ако со нешто константно низ годините се занимавам тое е прочувањето на религиите и сектите и нивните учења и сл. Особено сум запознаена со православието, така да нема потреба да ми држиш лекции околу тоа дека не треба да се суди и слично. Зошто ако ти беше толку "широк" ќе го цитираше и ќе се осврнеше и на последниот пасус од мојот претходен пост во кој велам дека секој има право да верува во што сака, и се додека нечие верување не нанесува штета на околината, другите немаат право да му се мешааат у истото. И сега ќе повторам...Ич не ми чује дали некој е у Харе Кришна, дали го манипулираат и слично. Верувајте у што си сакате, перете си го мозокот, правете ма што год ви е драго, ваше право. Се дур не нанесувате штета, живејте си и пуштете ги и другите да живеат. Јас само си го кажав сопствениот став околу Харе Кришна. А ако некој е дел од неа не планирам да го напаѓам, конвертирам или нешто друго. Негов живот, нека прави што сака со истиот.
И за крај, многу некултурно од твоја страна е тоа што си даваш за право да констатираш дека сум мрзлива, површна, закоравена, необразована и сл. па затоа ја напаѓам сектава. Појма немаш кои се и какви се моите познавања околу Харе Кришна, ниту пак дали сум била лично запознаена со неа, а тресеш од ракав заклучоци околу мојата личност и моите знаења. Ако тоа не е закоравено и полно со предрасуди, не знам што е...
Морав да те испровоцирам (да истресам од ракав нешто) затоа што одамна нема сретнато некој толку огорчено да пишува за ова движење. И далеку од тоа дека сакам да ти држам лекции... Значи тоа патетично (и слично) те зачеша.. добро е имаш чувства. Можеш да претоставиш како јас се чувстувам кога некој ќе ме нарече (директно или меѓу редови) секташ, неинтелигентен, лесно заведлив и слично. Но изгледа и двајцата си ја избркавме мувата од капата. Само мислам дека не е ок човек да се прави објективен и либерален, да вели дека секој има право на мислење и верување итн, а пред тоа да истури еден куп тешки обвинувања бидејќи тоа може да биде извор на конфликт (ставот ти е тврдокорен и далеку од тоа дека се обидувам да те премислам). Напаѓаш и нормално е некој содветно да реагира... Ок е да го кажеш својот став но полека... погрешно ќе те сфатат. Жал ми е што си доживеала такво разочарување. Ќе се сложам со тебе дека долго години делувањето, пристапот кон околината на Харе Кришна движењето тука било во голема мера „секташко“ - онака како што народски кај нас тоа се сфаќа (иако пак ќе речам суштниски не е секта). Како што реков тоа е клетвата на западниот човек кој доаѓа во допир и прифаќа ново учење. На исток (во Индија на пример) не се толку фанатични или напорни. Иако можеби ништо нема да ти значи, јас можам само да ти се извинам за тоа што твојот близок (и ти самата) роднина го доживеал.
Ме интересира само (бидејќи веќе го знам твојов став за формата, но и самата рече си сакала да се придружиш) што мислиш за самата филозофија. Јас наоѓам големи сличности со византискава филозофија т.е. нашава православна... баш затоа правев дипломска (на филозофија) во врска со ова и професориве прилично се изненадија од сличноста...

Razorblade Kiss напиша:
Харе Кришна е религија од индиско потекло,создадена мислам во Северна Америка.Кришна е еден од аватарите на индискиот бог Вишнуа,и нивната организација се нарекува со полно име-Меѓународно здружување за свесност на Кришната.Основачот им беше нешто...Прахупада,кој на 17 годишна возраст од Индија дошол во Америка да го проповеда Кришнеизмот.
Мене лично ми се допаѓаат,не прават општи немири,и се додека не си играат `Скокај Ламбе од МРТ`,немам ништо против нив.

Бхактиведанта свами Прабхупада доаѓа 65-та на 69 годишна возраст... да дојде некој на 17 на западот и да основа толкаво движење... уххх... не знам колку е можно тоа.
Скокај ламбеееееее.....
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Taка пишува,на 17 дошол во Америка каде што почнал да ја проповеда религијата Кришнеизам.Може не бев јасна,отишол во Америка на 17,а подоцна еве како што ти велиш на 69 почнал да го проповеда Кришнеизмот:smir:
 
Член од
24 март 2007
Мислења
5
Поени од реакции
0
Razorblade Kiss напиша:
Taка пишува,на 17 дошол во Америка каде што почнал да ја проповеда религијата Кришнеизам.Може не бев јасна,отишол во Америка на 17,а подоцна еве како што ти велиш на 69 почнал да го проповеда Кришнеизмот:smir:
Не, не грешка e... на 17 он е во Калкута... ја имам биографијата негова дома... на неполни 71 (1966) го формира Друштвото... Колку што се сеќавам никогаш не ја напуштил Индија се до 1965...
А каде пишува?
 
Член од
24 март 2007
Мислења
5
Поени од реакции
0
е да... од ова и се плашев... Но шо да се прави Википедија е отворена за сите и секој може да пишува што сака. Ако ја видиш страната на словенски јазик на истава тема пишува нешто сосема друго. Јас ја користам понекогаш, но само ако во одреден текст го препознам она што сум го читал и учел... затоа не ми е меродеавен, веродостоен извор за било што.

KEEP THE FAITH...
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Mudriot напиша:
Морав да те испровоцирам (да истресам од ракав нешто) затоа што одамна нема сретнато некој толку огорчено да пишува за ова движење. И далеку од тоа дека сакам да ти држам лекции... Значи тоа патетично (и слично) те зачеша.. добро е имаш чувства. Можеш да претоставиш како јас се чувстувам кога некој ќе ме нарече (директно или меѓу редови) секташ, неинтелигентен, лесно заведлив и слично. Но изгледа и двајцата си ја избркавме мувата од капата. Само мислам дека не е ок човек да се прави објективен и либерален, да вели дека секој има право на мислење и верување итн, а пред тоа да истури еден куп тешки обвинувања бидејќи тоа може да биде извор на конфликт (ставот ти е тврдокорен и далеку од тоа дека се обидувам да те премислам). Напаѓаш и нормално е некој содветно да реагира... Ок е да го кажеш својот став но полека... погрешно ќе те сфатат. Жал ми е што си доживеала такво разочарување. Ќе се сложам со тебе дека долго години делувањето, пристапот кон околината на Харе Кришна движењето тука било во голема мера „секташко“ - онака како што народски кај нас тоа се сфаќа (иако пак ќе речам суштниски не е секта). Како што реков тоа е клетвата на западниот човек кој доаѓа во допир и прифаќа ново учење. На исток (во Индија на пример) не се толку фанатични или напорни. Иако можеби ништо нема да ти значи, јас можам само да ти се извинам за тоа што твојот близок (и ти самата) роднина го доживеал.
Ме интересира само (бидејќи веќе го знам твојов став за формата, но и самата рече си сакала да се придружиш) што мислиш за самата филозофија. Јас наоѓам големи сличности со византискава филозофија т.е. нашава православна... баш затоа правев дипломска (на филозофија) во врска со ова и професориве прилично се изненадија од сличноста...
Нормално дека немам замерки на самата филозофија. Vaishnavism-от, или поконкретно Gaudiya Vaishnava, како една од главните традиции на Хиндуизмот која ја следат Харе Кришнанците ми се допаѓа(не залудно ме интересираше). Bhakti Yoga-та е воглавно базирана врз Ведските и Пуранските текстови кои се толку универзални и кои секогаш со задоволство ги читам. Особено ми се свиѓа филозофијата на секојдневното живеење кои ја пренесуваат. Сега ова што ќе го кажам е можеби банално, и не се однесува на суштината, туку повеќе на формата, но сеуште имам рецепти и други текстови за исхрана и вежби, кои ми беа дадени од луѓето во Харе Кришна, и кои често ги применувам(инаку сум веганец и веќе две години не конзумирам ништо од животинско потекло). Затоа и итекако се интерсирам и се обидувам да се придржувам на некои Ајурведски принципи кои влечат корен од Бхагавад Гита-та и која ја следат монозинството од Харе Кришнанците.
А што се однесува до допирните точки помеѓу православието и филозофијата на Харе Кришна...Се разбира дека ги има и дека сум ги забележала. Пред се и двете во принцип се монотеистички. Истотака и двете имаат недвосмислена сличност во однос на пораките околу љубовта, прифаќањето, гревовите и искупувањето за истите и сл. Истотака и животот на монасите, во целина, ме потсеќа делумно на животот на brahmacarin-те, како и "обичните" верници и grihasta. Но, тука се и големите спротивности, како на пример реинкарнацијата, која православието, а и сите христијани апсолутно ја отфрлаат, затоа што кај нив нема цикличност, туку праволиниско поимање. Потоа, визуелизацијата на Господ, која кај православците не е препорачлива. Сепак, сличности, и тоа прилично големи, има и помеѓу суштината на будизмот, муслиманството, и др. со христијанството. Затоа и лично најприфатлив ми е Унитарниот Универзализам.
И за крај, неможам да ја апстрахирам формата од филозофското учење. Токму поради тоа имам таков став кон Харе Кришна. А масовното прифаќање на ова учење од страна на " западњаците" го сметам за чин на ескапизам. И не продавам "либералност"...Радо би дискутирала со член на Харе Кришна, исто како и со некој адвентист, јеховин сведок и сл. Но, не можам а да не осетам гнев и да се поставам дефанзивно кога пробуваат да ми го наметнат своето верување. Го почитувам нивниот избор, но не толерирам "агресивно" наметнување на кое за жал сум била сведок. Секоја чест на исклучоците.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Сум чул дека зад називот Харе Кришна се кријат и следбеници на тантристичките и кама сутра методите :) Преобразување на сексуалната во духовна енергија со односи.
Можно е, Американците не викаа дека доаѓаат да го уништат Ирак, Виетнам, СРЈ... туку мир да донесат.
Хм, каде има за поднесување членство? :)
 
Член од
15 октомври 2009
Мислења
249
Поени од реакции
16
џабе пишувате, никој нема да ја прифати освен некои кои ја поштуваат источната филозофија итн... али има исклучоци
 
Член од
18 септември 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
HARE KRISHNA

Bi sakala da mi kazete nesto poveke za ovaa religija ili sekta bideeki se sobiraat vo moeto sosedstvo
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Неверојатно колку е лесно човек да завземе негативен став за она што не му е познато, далечно, што му го вознемирува. Навистина е жално, па ке речам и патетично, твоево излагање (како и оние предходните)... типично македонско закоравено, полно со предрасуди... а се поради тоа што ве мрзи малку подлабоко да навлезете во учењето на одредено духово движење или традиција и да се обидете објективно, колку токлу, да ја сфатите срцевината на тоа учење (можевте барем да го прочитате линкот што ви го пушти Иги). Но и не можам повеќе да очекувам бидејќи критизирањето (а не здравата критика) е карактеристична за секоја затворена култура (каква што е нашата), посебно имајќи го в предвид непозавањето на сопствената православна култура (која не дека секој треба да ја прифати, но дефинитивно треба да ја познава, а кога човек би ја познавал и живеел не би давал вакви коментари). Но тоа и не е толку наша вина...

.............
А она за манипулацијата, екслоатацијата и контролата која се крие зад некаква духовност... е премногу тешко обвинување... и баш ме интересира како дојде до тој заклучок, бидејќи ако лично го немаш искусено, тогаш преиспитај се и подлабоко размисли дали секогаш да веруваш на тоа што ќе го чуеш (со твои зборови некој добро изманипулирал со тебе). Но затоа ќе речам, „мрази го гревот а не грешникот”.

Мудар, дали воопшто прочита што напишав?

За некој да стане лукав, велат требало да јаде многу лук...а за да се стане мудар што се јаде???
 

Kajgana Shop

На врв Bottom