Харадинај ослободен од Хаг

Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Меѓународниот суд за воени злосторска , ги ослободи од сите обвиненија Рамуш Харадинај , Лахи Брахимај , Идриз Балај , и нареди нивно ослободување.

Судот во Хаг, утрово го ослободи по сите точки на обвинението за воени злосторства и злосторства против човештвото, поранешниот косовски премиер, Рамуш Харадинај.
М
еѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија, му судеше на Харадинај бидејќи во периодот од 1998 -1999 година во Косово за време на Конфликтот беше еден од командантите на ОВК. Ова е втора ослободителна пресуда за Харадинај од Хаг, откако во 2008 година, Трибуналот изрече ослободителна пресуда по сите 37 точки од обвинението поради како што рекоа недостиг на докази.
Три години потоа, Хашкиот трибуналот почна повторен судски процес по шест од 37 точки од првичното обвинение, откако обвинителството во 2010 ја обжали првичната пресуда, а Апелациониот суд делумно ја поништи.
И додека се чекаше одлуката на Трибуналот, Косово на големо се подготвуваше за прослава во чест на враќањето на Рамуш Харадинај. Повеќе од сигурно е дека во Косово расположението е тој повторно да стане премиер. Таа функција Рамуш харадинај ја извршуваше од
трети декември 2004 година до осми март 2005 година.

http://plusinfo.mk/vest/68662/Hag-po-vtor-pat-go-oslobodi-Ramush-Haradinaj

 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Меѓународниот суд за воени злосторска , ги ослободи од сите обвиненија Рамуш Харадинај
Ќути добро е. Како бев насекиран за овој, не можев да спијам...
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Па нормално....тоа театарот у Хаг е се' само суд не е....
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.379
Поени од реакции
30.806
Браво за Хаг. Па потенцијално ги загрозува луѓето со ослободување на воени злосторници.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Ќе ги памти историјата српските политичари , генерали и војници , како сторители на воени злосторства и геноцид над: словенците , хрватите , бошњаците и албанците.

Додека овие последните се бореа против нив , биле на праведната страна.

Славењето продолжува.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.379
Поени од реакции
30.806
Ќе ги памти историјата српските политичари , генерали и војници , како сторители на воени злосторства и геноцид над: словенците , хрватите , бошњаците и албанците.

Додека овие последните се бореа против нив , биле на праведната страна.

Славењето продолжува.
Да, и не користеа пушки и не правеле брутални гробници туку со цвеќенца се бореле.
Воен злосторник е воен злосторник. Злосторството следи казна, ама албанскиве воени злосторници никако да бидат осудени.
Правдата не е задоволена.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
ВИДЕО: Пукање и огномет, Приштина го слави ослободувањето на Харадинај

Share on facebookShare on twitterShare on emailShare on printMore Sharing Services
Косовските Албанци на плоштадот Мајка Тереза во центарот на Приштина со солзи и со огномет ја дочекаа пресудата за командантот на ОВК, Рамуш Харадинај.
На центаралниот плоштад каде Алијансата за иднина на Харадинај организираше директен пренос од пресудата, во моментот на изрекување на пресудата почна огномет и се слушнаа силни извици.
Огнометот бил поголем и подолго траел од тој пред еден ден за стогодишнината од Албанија и Денот на албанското знаме.

Во текот на прославата се слушнаа и истрели од огнено оружје. Жителите на Приштина носат маици со натпис „Лидер кој си стои на зборот“ и „Чист образ“.
Советникот на Харадинај, Бесник Тахири изјави дека се презадоволни со пресудата и најави свечен пречек и вклучување на Харадинај во политичкиот живот на многу одговорно ниво.
Хашкиот трибунал го ослободи Харадинај
Харадинај, кој за време на конфликтот во Косово меѓу 1998-1999 година беше еден од командантите на Ослободителната војска на Косово (ОВК), беше обвинет за воени злосторства и злосторства против човештвото, заедно со неговите соработници Идриз Балај и Лахи Брахимај.
Судскиот совет заклучи дека Рамуш Харадинај не е виновен за здружен злосторнички потфат. Укажано е дека обвинителството не изнесе докази кои би ги потврдиле наводите дека Харадинај воопшто знаел за случувањата во логорот Јабланица.
Во април 2008 година Харадинај беше ослободен целосно од Хашкиот трибунал по сите 37 точки од обвинението поради недостиг на докази. Обвинителството на Трибуналот ја обжали пресудата, а во јуни 2010 година Апелацискиот совет делумно ја поништи. Судиите истакнаа дека за време на првичниот судски процес постоело заплашување на сведоци.
Во август 2011 година Хашкиот трибуналот почна повторен судски процес по шест од 37 точки од првичното обвинение. За време на процесот беа сослушани 12 сведоци, а сведочењата на уште 44 лица беа претставени во писмена форма. Според обвинителот Пол Роџерс за време на повторниот процес било докажано дека обвинетите биле учесници во заедничко дело, чија цел била жестоко уништување на сите противници на ОВК, претставени како шпиони.
Харадинај беше премиер на Косово од трети декември 2004 година до осми март 2005 година.

http://grid.mk/read/news/114894785/1224965/pukanje-i-ognomet-prishtina-go-slavi-osloboduvanjeto-na-haradinaj


Како слави цивилизираниот Свет, како слават Албанците рататататататататау.

Патем и Србин за убиства на Косово е ослободен во Хаг :
Ослободен Србин осуден за воени злосторства на Косово

Текст: Макфакс
Регион | 29 ноември 2012
Шведскиот суд го ослободи српскиот државјанин Милиќ Мартиновиќ, кој во јануари беше осуден на доживотен затвор поради злосторства сторени на текот на војната на Косово во 1999 година, соопшти шведскиот адвокат Бертил Шултц.

Според адвокатот, Мартиновиќ е пуштен на слобода неколку дена пред завршувањето на жалбената постапка, но сè уште не е објавено образложението за ослободителната пресуда.
Милиќ Мартиновиќ (35) беше уапсен во 2010 година во Шведска, каде што е осуден за тешки злосторства против човештвото, вклучувајќи убиства, обиди за убиства и учествување во убиството на 41 лице во селото Ќушка, на 14 мај 1999 година.
Според изјави на сведоци, тој бил припадник на специјалните полициски единици чија задача била да најдат и погубат „терористи“ во селото.
Мартиновиќ ги негираше сите обвинувања, а неговата одбрана тврдеше дека тој има алиби дека никогаш не бил во наведеното село.

http://kajgana.com/osloboden-srbin-osuden-za-voeni-zlostorstva-na-kosovo

Заклучок: Пушти вода.
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.089
Кој им е крив на македонците и србите што не киднапираат деца, шверцаат органи, дрога, оружје, курви ... се е тоа по заслуга.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom