Во 2002 година, Гери Мек Кинон беше уапсен од британската служба за компјутерски криминал поради неовластено влегување во НАСА и компјутерските мрежи на американската војска. Оттогаш му е забранет пристап на интернет а САД инсистираат на негово судење во Америка на кое би можел да заработи затворска казна до 60 години. Пред судското сослушување за негова евентуална екстрадикција во САД, Мек Кинон отворено зборува за тоа што барал и што се нашол во супер-тајните американски фолдери.
Еве ја листата на обвиненија: сте ја хакирале Армијата, Морнарицата, Воздушните сили, Департментот за одбрана и НАСА, меѓу другите. Зошто?
Мек Кинон: Барав докази за постоење тајни технологии кои јавноста пежоративно ги нарекува НЛО технологии. Мислам дека е тоа најдобро чуваната тајна во светот а е од огромна важност за човештвото. Луѓето не можат да си ги платат сметките за плин и струја, цели земји се напаѓаат за Западот да издејствува поволни нафтени договори а за цело тоа време, тајните служби ја кријат технологијата за бесплатна енергија.
Како ти успеа да влезеш?
Ништо спектакуларно, за разлика од она што медиумите го тврдат. Барав бланк пасворди, напишав мала Перл скрипта која ги поврзува компјутерите на другите луѓе кои го прават истото и така може да се скенираат 65.000 компјутери за само 8 минути.
Сакаш да кажеш дека си наишол на компјутери со администраторски привилегии кои имале несетирани пасворди?
Баш така.
Овие силни системи имале толку слаба одбрана?
Речиси и немаа одбрана. Постојано гледав присуство на хакери од други земји. Ги проверував конекциите од странство за да видам дал не се работи за некоја воена база и - не се работеше за тоа.
Колку време влегуваше во овие компјутери? Само еднаш или неколку недели?
Ох, не. Го правев тоа две години.
Цели две години не те забележале?
Да. Само еднаш ме забележа еден мрежен администратор и малку помуабетивме, што беше доста чудно.
И, што ти рече? Ти што му кажа?
Ме праша "Што правиш ти овде?", и тотално ме шокираше. Му реков дека сум од воената служба за компјутерска безбедност. И ми поверува.
Го најде ли тоа што го бараше?
Да.
Кажи ни.
Постои една група наречена Disclosure Project. Таа консултира околу 400 експерти од разни области и се работи за луѓе со голем кредибилитет. Тие сведочат: да - постои НЛО технологија, да - постои антигравитација, да - постои бесплатна енергија и постојат посетители од други планети и ние им имаме фатено некои летала.
Што најде во НАСА?
Еден од тие луѓе е фотограф на НАСА и таа вели дека во зградата број 8 од Johnson Space Centre постојано се бришат сликите од НЛО на сателитските снимки со висока резолуција.
Земав една таква слика од еден фолдер, запамтете, цело време бев на 56К бидејќи тоа беа dial-up времиња, па морав да го намалам колорот на 4 бита и на најниска резолуција.
Она што излезе на мониторот беше запрепастувачки. Тоа беше кулминација на се што правев. На сликата имаше нешто што дефинитивно не го правел човек.
Тоа беше налик на сателит, над земјината хемисфера, во облик на пура и иако сликата беше со ниска резолуција, можеа да се видат инжинерски детали кои навистина упатуваа дека тоа не е од овој свет.
Направи ли копија од сликата? Ја симна ли на твојот компјутер?
Не, графичкиот прегледник работи фрем по фрем а јава апликација не дава да сочуваш повеќе од фрем одеднаш.
Па имаш ли барем еден фрем?
Не, штом бев исклучен, сликата ја снема.
Некој те исклучил кога даунлодираше?
Да.
Знаеш дека тоа што си го правел е спротивно на законот, нели?
Да, неовластеното влегување е забрането со закон.
Тогаш, што би била вистинската казна за твојот престап?
Поради моите мотиви на упадите, мислам дека сум морално исправен. Иако жалам за тоа што го правев, се уште тврдам дека бесплатната енергија мора да им стане достапна на луѓето.
Чудо од хакер
Што мислите вие на ова?