Дали Австриско царство и Австро-Унгарија е исто?
Мислам дека постави тешко прашање. Еве некој факти, па сам заклучи што всушност е вистина.
Австра-Унгарија е формирана 1867 година, со тоа што е реформирано Австриското царство, на тој начин што Унгарците добиле еднаков статус.
Но и Австриското царство не е многу постаро. Формирано е 1804, нешто пред битката кај Аустерлиц1806.
Пред тоа постоело Светото Римско Царство, од 1483; сите, освен еден, Царевите на Светото Римско Царство потекнувале од династијата Хабзбург.
Во склоп на Светото Римско Царство, во кое формално припаѓала цела западна Европа, всушност биле само Германските земји, кои биле меѓусебно одвоени, многу често и во меѓусебни војни и само формално биле едно царство.
Славниот Волтер, за Светото Римско Царство рекол дека тоа ниту е свето, ниту е римско, ниту е царство.
Подобро би можело да се нарече конведерација на германски земји.
Австрија, за време на Светото Римско Царство била позната како Австриско или Хабзбурско Војводство односно Надвојводство иако Хабзбурзите биле Цареви на Светото Римско Царство.