Хабзбуршка династија

Член од
20 јуни 2011
Мислења
192
Поени од реакции
13
Ајде да напишеме нешто за .Хабзбуршка држава. Кој бил првиот што ја формирал дршавата,? до каде се просирала. Кое било името што ја наследило оваа држава..
Сакам да ве прашам дали е исто

Хабзбуршка држава и Австриско Царство..
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Ако гледаш Game of Thrones, ќе ти стане појасно.

Хабзбуршка држава не постоела туку тоа било царство на династијата на куќата Хабзбург која го превзела тронот на Австрија, која била дел од Светато Римско Царство на Германија. По одделувањето, Австрија станала најсилна држава во централна Европа за разлика од Германија, која тогаш била поделена на огромен број на мали кралства/кнежества. Во времето на Хабзбурзите, Австрија го добила изгледот на архитектурата, како што го има денес која претставува една од најубавите земји во тој поглед. Еден од најзначајните потези на Хабзбурзите биле крвните спријателувања со другите држави во Европа, каде што се случувале венчавки меѓу кралските семејства со фамилијата Хабзбург. Со тоа не само што си направила мир во куќата, туку и си "инфлитрирала нивна крв" во другите кралски семејства и со тоа можела да влијае преку наследниците за иднината на царството. Династијата биле најдолготрајна и единствен конкурент во историјата, во поглед на влијанието и значењето во Европа биле Медичи, италијанска фамилија. Хабзбуршката лоза постоеше се до 2004та година, кога умре последниот наследник на фамилијата - Otto von Habsburg.
 
Г

Гучи

Гостин
Fun fact:
Целосното име на Otto von Habsburg > Franz Joseph Otto Robert Maria Anton Karl Max Heinrich Sixtus Xavier Felix Renatus Ludwig Gaetan Pius Ignatius von Habsburg. o_O сигурно ни самиот не си го знаел целосно :pos:
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.418
Хабзбуршката лоза постоеше се до 2004та година, кога умре последниот наследник на фамилијата - Otto von Habsburg.
Не заебај, лани умре Ото, знам Хорхе праќаше писма до фамилијата со сочувство.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
Мене Хабсбуршката династија и Австриското царство ми се едни од омилените историски теми.
Иако историчарите на овие простори (екс-ју) ги прикажуваат во лошо светло, јас сметам дека Хабсбуршката династија е една од најпозитивните работи во европа во измитатите векови.

Факт е дека на просторите на таа држава најголем просперитет имало за време на Хабсбурговците.

Подоцнежните генерации на Чесите, Србите, Хрватите, Унагрците, Словаците и др. сигурно горко се каеле што нивните предци се бореле да излезат и да ја растурат таквата унија, со оглед дека од една држава како Австро-Унгарија паднаа половина век во заробеништво на комунистичка русија, која ги уназади за 200 години.

И да, Ото Фон Хабсбург почина лани, беше еден од најителигентните политичари и општо познати личнсти во европа

А ние, каде ли ние ќе бевме да владееше со нас Карло Петти наместо Сулејман Величествениот ;)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Не заебај, лани умре Ото, знам Хорхе праќаше писма до фамилијата со сочувство.
Ау да, утка сум имал. Фала за корекцијата.
Опростeно ми е, ако тоа го пишав од сеќавање од пред 2 години кога учев на факс за тој дел од историјата? :D
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Ако гледаш Game of Thrones, ќе ти стане појасно.

Хабзбуршка држава не постоела туку тоа било царство на династијата на куќата Хабзбург која го превзела тронот на Австрија, која била дел од Светато Римско Царство на Германија. По одделувањето, Австрија станала најсилна држава во централна Европа за разлика од Германија, која тогаш била поделена на огромен број на мали кралства/кнежества. Во времето на Хабзбурзите, Австрија го добила изгледот на архитектурата, како што го има денес која претставува една од најубавите земји во тој поглед. Еден од најзначајните потези на Хабзбурзите биле крвните спријателувања со другите држави во Европа, каде што се случувале венчавки меѓу кралските семејства со фамилијата Хабзбург. Со тоа не само што си направила мир во куќата, туку и си "инфлитрирала нивна крв" во другите кралски семејства и со тоа можела да влијае преку наследниците за иднината на царството. Династијата биле најдолготрајна и единствен конкурент во историјата, во поглед на влијанието и значењето во Европа биле Медичи, италијанска фамилија. Хабзбуршката лоза постоеше се до 2004та година, кога умре последниот наследник на фамилијата - Otto von Habsburg.
Лозата се уште постои(тоj има 7 деца), просто тоj беше последниот жив, неговите деца продолжуват лозата,но никога децата му не са били принцови. И интересно е да се знае,дека тоj е бил во Германиja,Франциja,Португалиja и САД,додека не се откаже от придавката VON, коja се смета за аристократична. Ако не се лажам во Австрија со закон е забрането придавка von.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Факт е дека на просторите на таа држава најголем просперитет имало за време на Хабсбурговците.
Подоцнежните генерации на Чесите, Србите, Хрватите, Унагрците, Словаците и др. сигурно горко се каеле што нивните предци се бореле да излезат и да ја растурат таквата унија, со оглед дека од една држава како Австро-Унгарија паднаа половина век во заробеништво на комунистичка русија, која ги уназади за 200 години.
А ние, каде ли ние ќе бевме да владееше со нас Карло Петти наместо Сулејман Величествениот ;)
На минатото не можеме да влиаеме, туку само можеме да го проучуваме.
Австро-унгарија имаше голем удел во крвавите верските војни протестанти - католици
Не сум чул дека некој се „ кае “што Австро-Унгарија пропаднала.
Во однос на што го спореди владеењето на Карло Петти и Сулејман Законодавецот.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Хабзбурговското племство, кое и денес така-речи владее со Европа, е едно од најподмолните и најрасипани владетелски семејства, кое под превезот на хуманост и демократија го кројат светот по свој терк. Со своите крвни врски во секоја Европска држава ги кроеле границите и народите како што ќе им чинело. Креатори на војни и страдања, тие се едни од најголемите виновници за македонската голгота, и тоа не е сеуште завршено. Иако формално не владеат сепак ги влечат конците од позадина и тоа уште поефикасно отколку во минатото кога биле крунисани и јавно изложени на критика...
 
Член од
20 јуни 2011
Мислења
192
Поени од реакции
13
Дали Австриско царство и Австро-Унгарија е исто?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Дали Австриско царство и Австро-Унгарија е исто?
Мислам дека постави тешко прашање. Еве некој факти, па сам заклучи што всушност е вистина.
Австра-Унгарија е формирана 1867 година, со тоа што е реформирано Австриското царство, на тој начин што Унгарците добиле еднаков статус.
Но и Австриското царство не е многу постаро. Формирано е 1804, нешто пред битката кај Аустерлиц1806.
Пред тоа постоело Светото Римско Царство, од 1483; сите, освен еден, Царевите на Светото Римско Царство потекнувале од династијата Хабзбург.
Во склоп на Светото Римско Царство, во кое формално припаѓала цела западна Европа, всушност биле само Германските земји, кои биле меѓусебно одвоени, многу често и во меѓусебни војни и само формално биле едно царство.
Славниот Волтер, за Светото Римско Царство рекол дека тоа ниту е свето, ниту е римско, ниту е царство.
Подобро би можело да се нарече конведерација на германски земји.
Австрија, за време на Светото Римско Царство била позната како Австриско или Хабзбурско Војводство односно Надвојводство иако Хабзбурзите биле Цареви на Светото Римско Царство.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Дали Австриско царство и Австро-Унгарија е исто?
Австро-Унгарија е држава која настанала после реформите во 19век и побуната на унгарците, таканаречена двојната монархија.Составена е од Австриско Царство и Унгарско Кралство, затоа Франц Јосеф Први носи титула Негово Царско и Кралско Величество.
 
Член од
20 јуни 2011
Мислења
192
Поени од реакции
13
Ако гледаш Game of Thrones, ќе ти стане појасно.

Хабзбуршка држава не постоела туку тоа било царство на династијата на куќата Хабзбург која го превзела тронот на Австрија, која била дел од Светато Римско Царство на Германија. По одделувањето, Австрија станала најсилна држава во централна Европа за разлика од Германија, која тогаш била поделена на огромен број на мали кралства/кнежества. Во времето на Хабзбурзите, Австрија го добила изгледот на архитектурата, како што го има денес која претставува една од најубавите земји во тој поглед. Еден од најзначајните потези на Хабзбурзите биле крвните спријателувања со другите држави во Европа, каде што се случувале венчавки меѓу кралските семејства со фамилијата Хабзбург. Со тоа не само што си направила мир во куќата, туку и си "инфлитрирала нивна крв" во другите кралски семејства и со тоа можела да влијае преку наследниците за иднината на царството. Династијата биле најдолготрајна и единствен конкурент во историјата, во поглед на влијанието и значењето во Европа биле Медичи, италијанска фамилија. Хабзбуршката лоза постоеше се до 2004та година, кога умре последниот наследник на фамилијата - Otto von Habsburg.
Епа значи не постоела Хабзбуршка држава, туку тоа било кралско семејство кое управувало со Австрија....Така?
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Епа значи не постоела Хабзбуршка држава, туку тоа било кралско семејство кое управувало со Австрија....Така?
Не само со Австрија (Австо-Унгарија), туку извесен период и со Шпанија и нејзините колонии и некое време и со Светото Римско Царство. Не постоела држава која официјално била нарекувана Хабсбуршка.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Не само со Австрија (Австо-Унгарија), туку извесен период и со Шпанија и нејзините колонии и некое време и со Светото Римско Царство. Не постоела држава која официјално била нарекувана Хабсбуршка.
Хабзбурзите управувале(аат) со скоро целиот (бел) свет. Со семејни врски се скоро секаде. Преку Максимилијан извесен период управувале и со Мексико.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom