Форталеза - Бразил

YuZe

Fortune favors the Brave
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.268
Поени од реакции
1.091
Многу интересно место, секогаш со температура 27 - 31 степени целзиусови и излегува дирекно на Атлански океан. Градот има 2.5 милиони жители, има многу интересни места за посета, само огромен проблем е што многу слабо познаваат Англиски. Во ресторани не е многу скапо, Охрид поскапо излегува, ама јадењето е феноменално, прва класа никогаш не сум пробал подобри јадења. Ништо не е средено за туристи од надвор иако местото е туристичко, повеќе е за други Бразилци и излегува како скриен гем што не многу луѓе го посетиле. Скоро сите одат Сао Паоло или Рио, никој не мрднува надвор од тие 2 града, и генерално таму има добро познавање на Англиски јазик и Шпански.

Ако знаете Португалски, би го препорачал местото, добри плажи, убави жени и прекрасна храна. Освен строг центар каде што се туристите, не се препорачува одалечување и одење во фавелите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom