F1 - Тимовите масовно се откажуваат од првенството!!!
Кога и најтрофејниот тим во Формула 1 најави дека ќе се откаже од првенството ако продолжи да важи законот со кој на посиромашните тимови им се дава поголема техничка слобода, работите секако не се на добро.
Ферари се придружува на Тојота, која прва најави откажување и на Рено, Мекларен Мерцедес, Ред Бул, Торо Росо и БМВ. Ако навистина се случи ова, наредната година во првенството ќе возат само три тимови од оваа година и тоа Браун, Вилијамс и Форс Индија, нормално ако и некој од нив дополнително не се откаже.
Дали овој притисок ќе ги подразмисли челниците на FIA и сопственикот на циркусот, Берни Еклстоун? Да потсетиме, Ферари нема пропуштено ниту една сезона од 1950 година откога се натпреварува во првенството, што би значело дека нема да ја прослават 60 – годишнината. Тука е и легендарниот Мекларен на чело со Мерцедес, супер финансиски силната Тојота, посветените БМВ и Рено и маркетиншки силниот двоец, Ред Бул и Торо Росо.
Досега со изјавите најсериозни се Ферари и Тојота, кои веќе официјално објавија дека доколку се задржат најавените правила, тие нема да настапуваат наредната сезона. Неофицијално и другите тимови го поддржуваат ова. Новите правила кажуваат дека тимовите кои ќе користат буџет помал од 40 милиони фунти, ќе имаат максимална техничка слобода, додека оние побогатите нема да смеат да користат подвижни крилца, ќе имаат послаб KERS систем и ограничен број на вртежи на моторот.
Оваа најава на тимовите, повторно на маса го става прашањето за правење нова, паралелна серија на Формула 1, во која би учествувале финансиски моќните компании и која би била технички понапредна, следствено и поинтересна за гледачите.
Баричело лут поради фаворизирањето на Батон- ke pocnat problemite i vo Brawn GP
Бразилецот после големиот дел од кариерата поминат во сенката на Михаел Шумахер, повторно во тим со шампионски амбиции се соочува со проблеми со тимскиот колега. Според него, Батон е фаворизиран оваа сезона.
На последната трка во Шпанија, според видувањата на Бразилецот, него му била наметната тактиката со три влегувања, само за Батон да победи на трката. Тој дури изјави и дека ако има тимски наредби, веднаш ќе го напушти тимот: “Искусен сум и немам намера да слушам никакви тимски наредби. Тоа го кажувам сега и нека го знаат сите!” – изјави нервозниот Баричело после трката.
Од тимот на Браун се огласи токму неговиот газда, кој ги демантираше обвинувањата на Баричело дека тие местат победи на Батон. Според Рос Браун, неговиот тим нема приоритети кој да ја земе титулата, а како факт го посочи стартот на трката, каде Рубенс го помина Џенсон Батон, што според него е доволен доказ дека нема тимски наредби.
I poveke od ocigledni bese deka mestat Baton da pobedi