Фонд за иновации

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.344
Поени од реакции
22.641
http://www.utrinski.mk/?ItemID=DE29E8CF698DA54AA1350683B72F552C&arc=1


17.03.2015, 10:03
ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ОТВОРА КОНТАКТНА КАНЦЕЛАРИЈА



Фондот за иновации и технолошки развој воспоставува контактна канцеларија со цел доближување на програмите на Фондот до потенцијалните апликанти и поголема достапност на информациите за првиот отворен повик за инструментот Kофинансирани грантови за старт-ап, спин-оф трговски друштва и иновации, за сите заинтересирани.

Канцеларијата, која е отворена од денеска, ќе работи во рамки на Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија во Скопје.

Соработката меѓу Фондот за иновации и технолошки развој и претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов се воспоставува со намера да се обезбеди уште еден канал за комуникација со граѓаните во врска со можностите за развој на иновативни идеи преку програмите на Фондот за иновации и технолошки развој.

Во просториите на Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија во Скопје, заинтересираните може да се обратат за сите информации во врска со отворениот повик, како и останатите програми и активности на Фондот.

Сите заинтересирани лица може да добијат информации од вработените од Фондот за иновации и технолошки развој секој работен ден од 9 до 17 часот.

Фондот за иновации и технолошки развој го отвори првиот повик за инструментот Kофинансирани грантови за старт-ап, спин-оф трговски друштва и иновации. Инструментот е наменет за финансирање, микро, мали и средни претпријатија регистрирани во Република Македонија, кои постојат најмногу 6 години, а е со цел поттикнување на иновативноста кај претпријатија, имплементирање на иновативни решенија и поддршка на претпријатија кои имаат висок потенцијал за раст. За повикот се обезбедени средства во износ од 600.000 евра и рокот за поднесување апликации е 18-ти април 2015 година.

-------------------------------------------------

Чекор во права дирекција меѓутоа зар требаше 20 и кусур години да чекаме за нешто вакво? 600е? Да не знае човек дали да се смее или да плаче... Ако некој аплицира ве молам споделете искуство, баш ме интресира и би сакал да споредам со други места.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom