Фолна киселина и нејзината улога во бременоста

Дискусија во форумот 'Бременост' започната од IvanaCento, 23 февруари 2017.

  1. IvanaCento

    IvanaCento

    Член од:
    13 февруари 2017
    Мислења:
    7
    Допаѓања:
    6
    Здраво Кајганџи(к)и :) Како што забележав, нема тема за фолната киленина на овој форум, па затоа ја отворам (ако сум грешка корегирајте ме). Според она што имам читано, фолната килена игра голема улога во бременоста и во планирање на истата (ситуација во која сум токму и јас :) ) ...
    помага во создавање на нови клетки и ткиво кај мајката а со тоа и кај фетусот, намалува ризик од деформации на невралната туба итн.

    Кое е вашето искуство со таблети или капсули фолна киселина, која ја користите и какво ви е искуството... што би ми препорачале?

    Благодарам однапред :)
     
    На Ines R, The Goddess и Смрт за зони и пајак воз. им се допаѓа ова.
  2. Acid

    Acid Администратор

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    33.200
    Допаѓања:
    23.547
    Фолната киселина е и тоа како битна - но, внимавај да биде во АКТИВНА форма.
    Дискутиравме за ова и во една друга тема, каде го препорачавме Prenatas како одличен додаток за сите оние кои планираат да останат бремени, за бремени жени и за доилки. Содржи активна форлна киселина, железо и сите останати витамини и минерали кои ти се потребни. И тоа само во една капсула (на ден) - без да се замараш за некакво „дозирање“. Најбитното, според она што го кажа жена ми - нема никаков непријатен (метален) вкус како што имаат слични други производи и не предизвикува мачнина.

    Ти препорачувам да пробаш и ти посакувам лесна бременост! :)
     
    На IvanaCento и Смрт за зони и пајак воз. им се допаѓа ова.
  3. Psyside

    Psyside Nocturnal

    Член од:
    30 јануари 2009
    Мислења:
    14.552
    Допаѓања:
    13.571
    Сериозен недостаток на фолна киселина, од аспект на штетно дејство, е споредлив со изложеност на радиација - така да не си играјте.
     
    На Смрт за зони и пајак воз. му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Moon Child

    Moon Child

    Член од:
    12 декември 2009
    Мислења:
    3.621
    Допаѓања:
    9.516
    Јас ја користев Фемибион 1 првите 3 месеца, после тоа ја прекратив многу ми се гадеше и повраќав од неа.
    Покасно се префрлив на други витамини за трудници, Натал комплекс и пиев Ферум за железо. Успат користев и шумливи Калциум и витамин Ц.
    Родив две деца едното 2.300, другото 2.600, ги износив до терминот.
     
    На Смрт за зони и пајак воз. му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Psyside

    Psyside Nocturnal

    Член од:
    30 јануари 2009
    Мислења:
    14.552
    Допаѓања:
    13.571
    Шумливи не, прашак од Виола витамин ц ако морате од тука.
     
  6. igla

    igla

    Член од:
    5 февруари 2005
    Мислења:
    99
    Допаѓања:
    39
    Каде ги има Prenatas и која е цената?
     
    На Acid му/ѝ се допаѓа ова.
  7. janicka

    janicka

    Член од:
    10 јануари 2017
    Мислења:
    5
    Допаѓања:
    4
    Женска, активната фолна киселина е можеби најбитниот фактор за забременување и добра бременост.
    Јас пијам Prenatas, ми го препорачаа и матичниот гинеколог и тука на форумот и супер сум задоволна со резултатите - на последната контрола имаше значително подобрување во крвната слика. Буквално земаш по 1 капсула на ден и не се замараш - соджи се што ти е потребно.

    Леле многу пријатели се жалат од мачнини при пиење на капсули со железо, ама со Prenatas немав никаква мака. Ниту има вкус, ниту прави тежина - го препорачувам на сите што планираат бременост или бремени како мене! :backa:
     
    На Acid и IvanaCento им се допаѓа ова.
  8. Moon Child

    Moon Child

    Член од:
    12 декември 2009
    Мислења:
    3.621
    Допаѓања:
    9.516
    @janicka пренатал и мене ми беа препишани, а Натал комплекс е исто само поефтина варијанта.
    Железото го пиев до крај на бременоста.
     
  9. Смрт за зони и пајак воз.

    Смрт за зони и пајак воз.

    Член од:
    20 септември 2011
    Мислења:
    8.140
    Допаѓања:
    8.481
    Kако што прочитав фолна киселина има во спанаќ и слично
    https://mk.wikipedia.org/wiki/Фолна_киселина

    Најдобар извор на овој витамин се непреработените зеленчуци - салатите, спанаќот, гравот, магдоносот, брокулите, како и лебот. Фолната киселина ја има во црниот дроб, меките сирења, агрумите, овесните зрна и пченичниот зародиш.
     
    На The Goddess му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Psyside

    Psyside Nocturnal

    Член од:
    30 јануари 2009
    Мислења:
    14.552
    Допаѓања:
    13.571
    Се тоа е само теорија. Најсигурен извор е суплементација со активна фолна киселина, има луѓе кои имаат проблем со конверзија на не-активната форма во активна без разлика дали ја има во храната, па тука доаѓа и вариацијата од плод до плод, дигестивен систем, оксалати "анти нутриенти" итн.
     
    На Смрт за зони и пајак воз. му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Смрт за зони и пајак воз.

    Смрт за зони и пајак воз.

    Член од:
    20 септември 2011
    Мислења:
    8.140
    Допаѓања:
    8.481
    Морам да ти верувам
    Имаше еден докуметарен филм, за еден лекар кој сам на себе експериментираше што ќе му се случи ако јаде само преварени работи - преварено кокшоје месо , па кренвиршли преварени, никако не јадеше нешто зелено и свежо. И по неколку месеци оболе и тоа сериозно
    Мислам дека е добро бремениве жени да јадат многу зелено и нека пијат и таблети. Бидејќи кој може да гарантира дека во таблетата сигурно има фолна киселина, можеби во фабриката направиле грешка
    А дали има предозирање?
     
  12. Psyside

    Psyside Nocturnal

    Член од:
    30 јануари 2009
    Мислења:
    14.552
    Допаѓања:
    13.571
    Гарантираат брендовите со реноме, затоа не купувам ништо од МК или скоро ништо кога се работи за суплементи.
     
  13. Ines R

    Ines R

    Член од:
    2 јули 2009
    Мислења:
    333
    Допаѓања:
    381
    А дали е потребно да се зема фолна киселина и при планирање на бременост или само за време на бременост?
     
  14. Psyside

    Psyside Nocturnal

    Член од:
    30 јануари 2009
    Мислења:
    14.552
    Допаѓања:
    13.571
    Секогаш е потребно да се пијат суплементи, дури и да ја имаш најдобрата диеата во свет. Но истите мора да бидат квалитетни, во активни форми, со што помалце филери и инхибитори на абсорција. Нема гаранција никаква, што, како, дали и колку има во храната, се е само теоретски !

    https://youtu.be/ZVQmPVBjubw?t=9m51s
     
  15. The Goddess

    The Goddess

    Член од:
    10 февруари 2008
    Мислења:
    3.907
    Допаѓања:
    2.007
    Мене матичниот и гинекологот и двајцата ми препорачаја да пијам пренатални витамини со фолна.
     
    На Смрт за зони и пајак воз. му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: