Финансиската состојба за иднината

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Насловов ептен економски делува ама друго е муабетот :)

видете. искачате у град си фаќате дечко/девојка се е океј супер идете нема никакви пречки никакви проблеми. - доаѓа моментот кога теба да се каже судбоносното да, ама сите знаеме дека тоа ДА вклучува многу нешта нели. Утре ден кога ке живеете заедно ке дојдат и децата на свет ке дојдат и проблеми и давачките нормално а знаеме дека скоро за се денеска се плаќа, Прашањето ми е Дали некогаш сте размислувавле за иднината гледано од финансиска гледна точка.

еве како што е редот ја прв нели. Од љубов и убавина само не се живее тоа неможе никој да го оспори.. фала боги не сум некој да пита за леб ама не си ну некој што може да се расфрла со пари и да си овозможи се што ке посака. Моите нема што да ми остават многу жими една куќа ама и таа не ја бива баш нај нај - старо си е старо па здравје боже ке гледам да успеам понатака ако ништо више барем да им овозможам некои ра боти на децата мои кои ја не сум ги имал или па сум немал таква прилиика за нив
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ако разбрав за што е темава убиј ме.
Работава е дали воопшто да се зема човек ако нема многу пари?
Или само скриена тема за тоа дали се луѓето спонзоруши во душа?
 

The_Freelancer

Хиперактивен интелект
Член од
7 октомври 2008
Мислења
438
Поени од реакции
16
Па токму поради таквото размислување јас станав кариерист и материјалист, и да ти кажам право, во вакво материјално општество во кое се се плаќа никогаш не би се менувал. Точно дека на сите нас ни треба љубов, врски и пријатели, но не се опстанува од убавина. Повеќето помлади луѓе што ги знам имаат нула толеранција кон родителите ако овие не можат да им овозможат некакви кејфови, абе и сопствените деца не те сакаат ако немаш пари. Баш поради тоа, со моите 23 години ни на крај памет не ми иде за брак и деца, барем во следните 10 години. Прво да си застанам здраво на сопствена нога, да си изградам некаква кариера, некаква заштеда, па после ке видам за семејство. Јас куче не земам бидејќи немам услови, а не како шо гледам луѓето денес прават фамилии па после му ја мислат. Дебили
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Дали да се одлучиш за брак или дали да се одлучиш за личноста(гледајќи ја за 10 години напред) ?

или не сфатив....
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Изгледа како се гледате во иднина со вашиот партнер, од финансиско гледна точка. Звучи малку чудно.
Што се случува со вас кога сами ке треба да се издржувате да си плакате за стан, струја, вода, храна, деца..
Нешто у тој стил изгледа.
Ајде изјасни се поубаво.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Изгледа како се гледате во иднина со вашиот партнер, од финансиско гледна точка. Звучи малку чудно.
Што се случува со вас кога сами ке треба да се издржувате да си плакате за стан, струја, вода, храна, деца..
Нешто у тој стил изгледа.

Ајде изјасни се поубаво.
баш у тој стил.. поточно Што кога треба да влезете во брак а не сте доволно финансиски способни ни машката страна ни женската..
малку сум се изгубил у воведот извинете ама збркан сум целиот деновиве.. пусто полагање.. ај се надевам дека сега се малку појасни работиве
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
Јас имам доволно. Една на мајка сум:pipi: па се што имаат моите на мене останува. Со тек на годините се потрудиле да ми ја обезбедат иднината од финансиска гледна точка.
Токму затоа не ми е важно дали партнерот има *доволно*.
Просто кажано..јас сум таква. И утре да решам да се мажам, не ми е важен фактот што партнерот со неговата плата може само сметките да ги плати (и тоа дали може ако се качи пак струјата:pos:)

Дали некогаш сте размислувавле за иднината гледано од финансиска гледна точка.
Не дека немам размислувано, што ако... па како ќе биде, па ова, па она.
Сето тоа ме доведе до заклучок дека џабе мислам.:toe:
Што кога треба да влезете во брак а не сте доволно финансиски способни ни машката страна ни женската..
Не сум го имала проблемов, па затоа и не сум размислувала кој знае колку.
Но, доколку ни еднниот ни другиот не сме во финансиска можност да формираме брачна заедница и да се носиме со се што иде после тоа (деца, ова она..) најверојатно и нема да има деца, а богами ни брак. Не сакам да родам деца, па да ги израснам во беда. Да молам за парче леб и да се мислам дали ќе можам да му дадам на детето 10 денари за во школо. А да не збориме што тие деца треба да се облечат, да се испраќаат на курсеви итн итн итн...
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Сум размисливала за некои работи, меѓутоа тоа се само желби и размислувања, никој не може да ти каже што ке се случи утре.
Не сакам да стапам во брак се додека барем едниот од нас не работи. Да можеме колку толку сами да се изджуваме да не зависеме од нашите родители. Децата би дошле покасно можеби 2-3 години после стапувањето во брак. Прво малку да се стабилизираме.
Не мислам дека треба да имаме и двајцата плата од 40 000-50 000 па тогаш да имаме деца. Ако гледаме така човек никогаш нема да биде задоволен и никогаш нема да биде добро време за деца. Како можеле моите родители да израснат 3 деца, да плакат за факултет и ред други работи со просечни плати.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
додека не се најдам на јахта пушејќи пура гледајќи во хоризонтот со друштво и убава женска до мене нема да се смирам. А тоа што го зацртувам за повеќе или помалце време го остварувам.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Прво, да се разбереме, дека само од љубов и со љубов градење иднина НЕМА!!!
Треба и пари...
Откако ќе се помириме со тој факт, работите одат полесно.
Значи, битно е да се има стабилен приход, па да може да се размислува за самостојност.
Од друга страна, има многу примери каде децата прават деца па свадби...а ништо во животот не работат во тој момент па ги гледаат мама и тато.
Но и тоа не значи дека тоа е трајно... значи дека некогаш ќе се вработи некој, па можеби и двајцата... или љубовта ќе исчезне...
Така да...се е релативно и менливо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom