Филмски предвидувања кои се остварија во реалноста!

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.768
Поени од реакции
8.031
Незнам дали има ваква тема, барав... но не успеав да најдам, ако има... ве молам споете :)

Моментално би почнал со Back To The Future: Part II (1989), во кој веројатно има и најмногу остварени предвидени работи. Да почнам... и ве молам бидете трпеливи со сликите, бидејќи се во HD резолуција.


1. Nike Air Mag

Ќе започнеме со најновото остварување. Во филмот Марти облече футуристички модел на патики кои светат и сами се врзуваат. А денеска веќе овој модел го имаме во ограничен број, односно 1.500 пара кои ќе се продаваат на аукција на еBay.

Единствената разлика од патиките кои се појавуваат во Back to the Future 2 е тоа што овие нема да се врзуваат сами, но со оглед дека минатата година Nike ги патентираше „самоврзувачките“ патики, можеби во 2015 година ќе дочекаме и такви, а ќе бидат достапни за пошироката јавност.

За слика од реалните патики Nike Air Mag, кликнете тука. А за видео тука :)


2. Гледање повеќе ТВ канали истовремено

Марти Џуниор, го вклучува ТВ-то и на рамниот екран може истовремено да гледа 6 канали. Ова веќе е завршена приказна за денешното време.


3. Сеприсутното рекламирање

Во градот Марти забележува холограмски екран во кој се прикажува реклама. Се повеќе е ваквото рекламирање, а веќе ваков екран има и во Скопје т.е. на плоштадот.


4. Видео игри без раце

Кога Марти во иднината се наоѓа во една играчница во стил од 1980-те, сакајќи да воодушеви две мали деца, ја игра старата видео игра „Wild Gunman“, а децата не можат да поверуваат дека за тоа е потребно да се користат рацете.

На еден технолошки саем во САД, во јануари 2010 година, беше претставена видео игра со автомобил кој може да се управува едноставно со држење на рацете во воздух. А до 2015 има уште доста време. Којзнае што сè ќе се измисли дотогаш.


5. Камери насекаде

Откако Гриф и неговата дружина се уапсени од страна на полицијата, на небото се појавува летечка камера која ги фотографира за весникот USA Today. А денеска поставувањето на камери ги има се повеќе (се вели дека Лондон е град кој е најмногу покриен со видео надзор во светот).

A тука спаѓаат и камерите од обезбедувањето на влезните врати, банкоматите, па дури и оние на кабелските телевизии кои емитуваат пренос во живо од некоја пешачка зона.


6. Експлозија на употребата на пластичната хирургија

Само што ќе се најдат во 2015 година, Док ја вади неговата маска против стареење и вели: „Бев на една клиника за подмладување и добив природно ’преродување’. Ми отстранија неколку брчки, ми ја подновија косата и ми ја сменија крвта“. Во една друга сцена од филмот, Марти гледа ТВ реклама на која се рекламираат градни импланти.

А кога само ќе помислиме денес на тоа во колкава мера пластичната хирургија е неизоставен дел од јавниот живот (овде мислиме, пред сè, на глумците, моделите, лицата од насловните страници, политичарите итн.).


7. Целно рекламирање

Како една џиновска холограмска ајкула која се појавува во една сцена од филмот е поврзана со денешното и идното рекламирање? Нема никаква разлика со она што се прави на Amazon.com, каде ви се препорачуваат производи врз основа на податоците добиени од вашите претходни купувања.

Исто така, нема никаква разлика со тоа што Google ја скенира вашата е-пошта на Gmail и ви поставува реклами на вашата страница врз основа на податоците добиени од буквите што сте ги напишале преку вашата тастатура. Холограмската ајкула е олицетворение на визуелно-стимулативно прикажување на дрското, таргетирано рекламирање чија цел е поединецот, а не масите.


8. ТВ очила

Во една сцена, за време на вечерата, Марти јуниор и Марлин заедно гледаат телевизија на своите ТВ очила. Е па, овие очила постојат. Се нарекуваат Vuzix. Но овде се отвораат неколку проблеми. Како прво, никој нема да ги носи овие очила поради начинот на кој тие изгледаат на нас. Како второ, бидејќи се работи за експериментална технологија, сликата сè уште е недоволно чиста.


9. Видео конференции

Видео конференциите, всушност, можат да се сретнат во многу книги и филмови кои се занимаваат со предвидување на иднината. Зошто луѓето се опседнати со оваа појава? Најверојатно, од две причини – како прво, така се штедат средства кои се потребни за патувањето за да можеме лично да присуствуваме. Како второ, можеме да користиме Skype облечени само по гаќи, а понекогаш и без нив.


10. Slamball

Во горниот дел од сликата, десно, ќе забележите дека весникот "USA Today" зборува за спортот наречен Slamball, кој не ни постоел во 1989. Но во 2002 година, за прв пат се дебира овој спорт наречен Slamball.

И да, мислам дека имаше уште некои 2/3... но како и да е, споделете и вие нешто... како и за некој други филмови :)
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Интересно...

Уште поинтересно е кога ќе се спомне дека оживеа дел од технологијата на Ѕвездени Патеки... и уште оживува
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Најинтересно што сум прочитал околу ова се подвижните врати на Star Trek. Од првин ги движеле со јажиња луѓе од страна али зашто не било синхронизирано доволно така, решиле да пронајдат начин како. Најмиле научници поврзани со таква технологија и ги измислиле подвижните врати. Ете од потреба за серија, дојдено е до изум кој е глобално раширен.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Имаше едно видео на јутуб како едно дете без раци само со тресење на ногата си ги врзуе врвците на патиките, тоа беше фејк али еве сеа испаднаа Nike патики што сами се врзуваат :icon_lol:
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.768
Поени од реакции
8.031
Имаше едно видео на јутуб како едно дете без раци само со тресење на ногата си ги врзуе врвците на патиките, тоа беше фејк али еве сеа испаднаа Nike патики што сами се врзуваат :icon_lol:
Прочитај поубаво другар :)
Единствената разлика од патиките кои се појавуваат во Back to the Future 2 е тоа што овие нема да се врзуваат сами, но со оглед дека минатата година Nike ги патентираше „самоврзувачките“ патики, можеби во 2015 година ќе дочекаме и такви, а ќе бидат достапни за пошироката јавност.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Мислам дека беше во Стар трек 4. Се спомнуваше нешто проѕирен алуминиум. Во тоа време проѕирен алуминиум бил само мисловен поим, но денес постои проѕирниот алуминиум.
 

JimmyHoFFa

NAVIGATOR
Член од
8 септември 2010
Мислења
1.196
Поени од реакции
482
Интересен пост ама сепак се што е прикажано како изум во Назад во Иднината веке постоело во тоа време можеби не било распострането како што е денес ама сепак постоело и тоа не како идеја туку во пракса односно во реалниот свет, од слика во слика, видео конференции, тв наочари, камери и огромни реклами се тоа веке постоело и било во употреба во америка долго пред да се сними филмот .
Се разбира дека ние тек сега почнуваме тоа да го гледаме во Скопје ама тоа е поради фактот дека ние касниме технолошки 25 години зад западниот свет.
Пак ке речам интересен пост ама Назад во Иднината не е еден од тие филмови кои прикажале идеи кои дотогаш не постоеле.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom