Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Вот и Злате ме просветлија дека очигледно најважна карактеристика на филм, за да добие толку многу номинации и оскари, е да биде забавен/fun.
Не @Anon -че, погрешно си сфатил. Најважна караткеристика за еден филм да добие многу номинации и Оскари е да биде допадлив, т.е. да им се допадне на тие кои гласаат. А гласа филмската фела: режисери, продуценти, актери, сценаристи, кинематографери, монтажери, продукциски дизајнери, костимографи и сл. Зашто филмот што ќе добие најмногу нивни гласови, добива Оскар. Е сега, една од важните карактеристики за да се допадне на поголем број луѓе е и да биде забавен, па веројатно тоа играло улога за да го гласаат исто како што кај нас играше улога да му дадеме 10/10.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Не @Anon -че, погрешно си сфатил. Најважна караткеристика за еден филм да добие многу номинации и Оскари е да биде допадлив, т.е. да им се допадне на тие кои гласаат. А гласа филмската фела: режисери, продуценти, актери, сценаристи, кинематографери, монтажери, продукциски дизајнери, костимографи и сл. Зашто филмот што ќе добие најмногу нивни гласови, добива Оскар. Е сега, една од важните карактеристики за да се допадне на поголем број луѓе е и да биде забавен, па веројатно тоа играло улога за да го гласаат исто како што кај нас играше улога да му дадеме 10/10.
Од друга страна, има многу филмови што филмскиот крем ги понижувал своевремено, а се култ класик.
Blue Velvet на пример.
 
Од друга страна, има многу филмови што филмскиот крем ги понижувал своевремено, а се култ класик.
Blue Velvet на пример.
Точно е и тоа, сакав да го споменам погоре случајот кој е најеклатантен пример за ова - Citizen Kane - секаде се смета за култен класик и ден денес се изучува како пример на филмски школи ширум светот и има огромен број луѓе кои го сакаат нема добиено Оскар за најдобар филм. Таа година Академијата Оскарот го дава на How Green Was My Valley што е ОК филм, ама само ОК, кој денес ретко кој го има гледано и кој не е ни одблизу на нивото на Citizen Kane. Тоа е уште една потврда на тоа што го зборев на @Anon - Оскарот речиси никогаш не се давал на објективно најдобриот филм, или на најпопуларниот или на филм кој подоцна станал популарен, сеедно, туку на оној филм за кој гласале најголем број од членовите. А членовите можеле да гласаат за него и од многу други причини, не само зашто им се допаднал: некогаш зашто филмот бил актуелен, некогаш од политички причини, некогаш заради поголемо лобирање на некои филмови, огромно влијание има маркетингот за филмот од страна на дистрибутерот на филмот во САД и многу други вон-филмски елементи. Во случајот со EEAAO сметам дека елементот на забавата која ја понуди филмот во пост-корона годината и неговата уникатност се најголемите причини зошто филмот бил гласан од членовите на Академијата.
 
EEAAO е гласан за најдобар филм во патетичен обид на академијата да им се умилкува на филмските тиктоктерчиња кој во моментот го хајпаа филмот за ја кренат гледаноста на оскарите, плус дека се кинези, па и од таму да можат црпат поголема гледаност. Поради истата причина оскар доби Michelle Yeon пред Кејт Бланшет која имаше перформанс на животот или Џеки Чен од Али Експрес пред Брендан Глисон и Бари Кеоган кои имаа далеку, далеку подобри актерски перфоманси, Џејми Ли Кертис пред Кери Кондон. :facepalm:

Како и да е, поминаа неколку години од кога е излезен филмот еве скоро никој не зборува за него, а кога ќе поминат доста години идните генерации ќе се чудат како овај филм добил толку оскари, впрочен како и со 70 % од филмовите што излегле во оваа woke епоха.
 
Препотентен филм со милион логички грешки, иако сака да се прикаже како паметен. Псевдоинтелектуален шлајм. Нема потреба ни да се дискутира.
 
Знам дека не треба да се мешам после фајкла пингот и ако признавам уште не сум го изгледал религиозно како што правам секоја година па на сметка на тоа мислам дека некои работи ended up owning me и тоа е мој крст (topical) што треба да го носам, ама морам да сум дел од историјата каде Ио губи несмасно и по службема должност да се појавам на темава на ваква симболична дата. Знам дека на хартија кога препорачуваш филм може да биде must watch И hate/love но тоа во реалноста не е така црно-бело. За EEAAO ќе повлечам паралела со Тарантино - филмовите на Тарантино се сметаат за must watch и знаеме зошто, може да збориме за лични ствари како имерзија итн но тоа евентуално е резултат на нешто мерливо од масите како добра глума, добра скрипта, добра режија, добра камера и уникатена визија. Како што се праша must watch за прошли години така Тарантино се предлага кога немаме временска рамка. Епа тоа е ЕЕААО бидејќи содржи сѐ поназад набројано, затоа и оцените секаде се високи, затоа Оскар и номинации по фестивали и затоа на многу листи за препорака од прошли години. Затоа што е ЗАБАВЕН! Дали МОЖЕБИ некому нема да се допадне? Апсолутно! Но и како што самиот Тарантино одговара на прашањето why the need for so much gruesome, graphic violence? - BECAUSE ITS SO MUCH FUN IO! И можеби Pulp Fiction нема да се допадне секому, но е далеку од love/hate само оти постојат луѓе како Џејн од интервјуто. Колку е поголем филмот толку повеќе хејтери ќе постојат, но love/hate треба да го резервираме за навистина поларизирачки филмови кои поделуваат нации или за артхаус како тие на von trier каде многу нема да сакаат да гледаат како пар го губи своето бебе низ прозор и нивниот психолошки мелтдаун кој се манифестира преку генитална мутилација, но сепак има луѓе што гледаат нешто во таков филм и е ценет од, да употребам твој термин, филмомани. А не да користиме love/hate за филмови кои се мислиме дали се 6 или 8 од 10. Сите филмови тогаш се love/hate оти на крајот на денот судиш колку ти се допаднал, се друго споменато за единица или десетка е само лампиони. Украсено мислење. За филмови како Antichrist, да, може да обвиниш некого ако willy nilly го препорача бидејќи е навистина love/hate и за многу филмомани must watch, а не да му го замериш истото на Злате за филм како ААЕЕО. Злате процедурално седна, одвои време и си го одбрани коментарот. Вие му го ставивте под прашалник вкусот со “everything shit at once” коментари па кога седна човекот и ве школува мислите се лутел. Епа да, за вкусови не се дискутира, ама за невкусови………

И не, не се согласувам кога некој бара препорака од нешто вредно што му се промакнало годиниве во генерална филм тема да му се предлага must watch филм кој би го мразел, но мора обавезно да го изгледа за да се нарече филмоман и влезе во некој таков престижен клуб на рефиниран вкус. ААЕЕО е must watch филм од последните неколку години и не треба да биде со ѕвездичка love/hate, ако не беше до сега јасно. Па Past Lives e обична драма и повеќе се класифицира во love/hate бидејќи на момент ако скролнеш телефон ќе испуштиш поглед, допир, чувство и може да кажеш какви се овие глупави драми а филмот е… сила. ААЕЕО барем ќе те забавува и да не ти се допадне со акционите сцени, со динамиката и хуморот и секако ќе ти остави макар минимален позитивен впечаток ако имаш воопшто трошка љубов за филмови.

Инспириран од како храбро Злате 20v1 си го одбрани коментарот, така и јас ќе се дрзнам дрско да напишам дека секој што мисли ААЕЕО не треба да се препорачува како еден од подобрите последниве 2–3 години може да се пожали на темава, бидејќи препознавам патерн.

Навистина воскресе. :backa:




Не си во право Тегла. Rон го има изгледано цел освен кредитите преку мемиња, клипс и твитер elevator pitch рецензии. Тој Е негативниот белег, врз нас.



Небитно Донев. Ист карактер тогаш и сега може да има различен контекст и да го направи или расипа продуктот. Воук изгоре многу мостови па има ликови што сега дуваат на сѐ друго. Не дека не гледавме и претходно геј ликови но никогаш не биле вистински проблем како сега. Серии како Will and Grace вртеа повеќе од турскиве, или земи ја Last of Us, Бил и Ели се геј уште од пс2 и немаше беклеш, но сега епизодата со Бил беше универзално мразена бидејќи славеше љубов кога светот беше во шифт и сите беа веќе тригер хепи. Мене ми се допадна но не значи дека дека сакам сите продукти да ми се воук, затоа и не обраќам воопшто внимание на новата Снежана и сличните продукти. Има разлика кога некој е геј како што некој е плав но кога некој е наметнато геј и приказната се ориентира само околу тоа иако треба да раскажува друго, кога некој е геј за fan service итн. тогаш тоа се игнорира и не трошам време ниту да мразам. Низ филмски ленс тоа е просто лош напишан лик и штрчи. Рон или ХелоКити не можеш да ги направиш среќни бидејќи никогаш повеќе нема да судат филм низ такви леќи, бидејќи нивната идеологија е многу силна и многу побитна, многу повеќе од желбата да си поминеш супер у Недела со филм. Претходниот пат кога ги карав побарав барем да гледаат филмови пред да го дискутираат нивните квалитети. Останатите мора да филтрираме, да правиме разлика што е воук што е океј и да се надеваме на подобра декада. Историски имавме декада на хорори, на трилери, на суперхерои, на разбудени па се до следното што ќе капитализира на желбата на масите бидејќи како конзумери со моменталниот внимание спан тешко нешто да остане профитабилно подолго, не без нашето внимание, без нашите желби и пари. Не може таков модел да опстои.

И последно, Ели.

Прегледај го приврзокот 449290

Повеќето сакаат вака да изгледа Ели, но мене многу ми се допаќа кастот со Бела Рамзи. За каде оди приказната, каков лик е Ели и што следи мене ми е одлична бидејќи едно знае да глуми а друго го има тој тешко-да-се-убие rugedy момент во неа. Јас не ја сакам Ели како лик и пишав во гејминг околу приказната, ама кастингот не би го променил и може да се карам со сите тука што се fluid in memes.

Та.

Вот, не се вреѓај одма. Геј ликовите единствено се прифатливи како comic relief. Нешто у ситком да им дадеш улога као оној у Преспав. Све освен тоа да им го гледаш животот и како праење возови е кул е тешка пропаганда на перење мозоци.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Во случајот со EEAAO сметам дека елементот на забавата која ја понуди филмот во пост-корона годината и неговата уникатност се најголемите причини зошто филмот бил гласан од членовите на Академијата.
Не, него затоа што темата е за жена, која не е белкиња. Да беше потполно истиот филм за бел маж, кур поголем ќе добиеше.

Не добиваат нит најдобри, нит најзабавни филмови, него филмови кои се во склад со јавниот наратив кој сакаат да го воспостават.
А тоа е круцијално нарушување на основнииот концепт на уметноста - уметничката слобода.

Па така имаш црно на бело, официјално усвоени и објавени документи, правила за тоа каков треба да биде филмот кој се пријавува за наградата. Колку посто од причата треба да биде за дебели, педери, црнци, жени. Колку посто од екипата треба да бидат црнци, дебели, жени, педери... Дали со кола доаѓаат на сет или со електричен тротинет, колку прдат кравите на сетот во природа и слични ставки, скроз неповрзани со параметрите за оценка на едно уметничко дело.

Е сега, кога све такви филмови ќе се соберат, кој ќе добие награда од нив, ме боли курац, пошто не се правени од луѓе кои се бирани примарно ради нивната артистичка експертиза, него примарно затоа што се истакнати активисти.
Затоа и Оскарите се денес битни у светот колку Макфест.
 
@wot, @Zlatikevichius може да си го брани мислењето а дали си го одбранил или не е субјективно мислење. Нити овој филм, нити корејскиот пред некоја година требаа да освојат нешто. Се ти е денес хајпнато, diversity, азиски пазар, нови граници, ти реков ми рече. Вие можеби сте во право, а можеби и се палите лесно на вакви фори. Јас можеби стареам, но сметам дека сум доволно искусен да видам дека стигнавме од сторителинг (Шошенк, Форест, и стотици други) до ајде да правиме некои глупости да биде нешто поразлично, па ќе го хајпаме.

Било како било, ние не зборувавме за правото некому да му се допадне или не одреден филм, туку за тоа што е must watch филм.
 
Било како било, ние не зборувавме за правото некому да му се допадне или не одреден филм, туку за тоа што е must watch филм.
Секако. Прво:
Секако дека ќе им се допадне на некои, но ти го предлагаш како „must watch movies“.
Потоа:
ЕЕООУУ можеби е must watch за тие на кои им се допаднал и секако, ако некому му се допаднал нека го предложи.
Значи муабетот тргна од таму дека не требало да го предложам како a must watch, за потоа сам да кажеш дека е сосема ОК ако некому се допаднал да го предложи како a must watch. Значи го исцрпивме муабетот, дојдовме до моето :pipi:, не знам зошто дискутираме уште. :cool:
 
Секако. Прво:

Потоа:

Значи муабетот тргна од таму дека не требало да го предложам како a must watch, за потоа сам да кажеш дека е сосема ОК ако некому се допаднал да го предложи како a must watch. Значи го исцрпивме муабетот, дојдовме до моето :pipi:, не знам зошто дискутираме уште. :cool:
Затоа што не ме разбираш: кога предлагаш ваков филм во must watch филмови, стави една ѕвездичка и напомени дека филмот е something completely different, дека влегува во категорија hate it or love it филмови, или нешто слично. Кажи им на тие што им го предлагаш дека им предлагаш филм во кој потенцијално си го губат времето.

Филмот е must watch за тебе, но кога го предлагаш, стави им до знаење дека не е вообичаен филм. Ова ти е типичен филм на кој публика си оди на пола, да не се преправаме сега.

Постои разлика помеѓу што е тоа must watch филм за тебе а што навистина е must watch филм. Овој филм не е must watch филм по ниедно мерило. Никому нема да му фали како филмско искуство. Никаде на ниедна маса никој нема да отвори муабет за филмот, или да каже виц со референца од филмот кој другите би го разбрале или треба да го разберат. Никаков импакт нема овој филм за да биде must watch. Кој го цитира тој филм и каде? Колку луѓе воопшто никогаш и не слушнале за филмот? Колку луѓе не слушнале за Кум, Шошенк, Гудфелас, Лорд оф д Рингс, Форест, Инсепшн, Интерстелар, Стар Ворс, Бек то д фјучр... тоа ти се must watch филмови.

Сега пред да кажеш дека е нов филмот и му треба време, стави ме во букмарк и пиши ми после 5-10 години дали се променило нешто или и понатаму no one gives a fuck за филмовите што го форсирате денес.

Не сум ти лут тебе, @wot џубрето ме нервира, Интер изгуби пред сат време, морам да се испразнам некаде.
 
Целиов муабет ме потсеќа на тема тематика што ја начнавме пред година две баш во оваа тема. Еве Ио веќе во неколку коментари и must watch филмови спомнува филмови од пред 20-30 години.
Имаме ли некој критериум што спаѓа под must watch? Или ајде поконкретен да бидам, што за вас е must watch од последниве 10-20 години? Кој филм би оставил белег како Кум, Шошенк, Гудфелас, Форест итн. Инсепшн и Интерстелар се единствени што би ги предложил на било кој и да ме праша.
 
Или ајде поконкретен да бидам, што за вас е must watch од последниве 10-20 години?
Типчето што се појави беше уште поконкретно - бараше A Must Watch филмови од последните 3 години. Нормално, му ги предложив тие кои јас сум ги оценил со осмици, деветки, десетки, зашто како инаку објективно можеш да предложиш некому a must watch филм од последни 3 години? Го издржал тестот на времето, цитиран бил, кур се тресе у ладна вода. Бебето уште незадоено, ние на факултет ќе го праќаме. Јас 3 години носам аватар од филмот, сум го цитирал и на фејсбук, ако тоа се важи, за мене тоа е доволно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom