Пример 1.
Амбис на Џејмс Камерон од 1989.
Филм за подводната трка до нуклеарките кои се лоцирани на насуканата на дно американска подморница, потоа средби со вонземјани во морските длабочини, ментално нестабилни ликови, психопати, силен притисок, акција, бенг, бенг и сл. Во овој филм главните актери стигнуваат на дното од океанот со подморница која ако ја споредиме со денешниве подморници кои се користат за поморски истражувања е доста слична, да не речам иста. Да потсетам во 1989 година, ја немавме технологијата за да изградиме навистина така совршено парче со така комплицирани и напредни карактеристики. Роботска рака, систем за брзо спуштање, управување од бродот и сл.
Подморницата од Амбис
Денешните современи подморници за истражување
За да биде уште поинтересен овој вовед, видете ја следната слика... тоа е слика од подморницата со која Џејмс Камерон, дури го снимаше филмот Титаник
се спушташе на локацијата кадешто беше потонал бродот Титаник за да дознае повеќе од местото на злосторот. Значи Титаник ја имаше својата премиера во 1997 година, а пак Амбис ја доживеа својата 8 години претходно.
to be continued.