Физиотерапевти

Член од
12 мај 2013
Мислења
28
Поени од реакции
12
Дали е нормално кога еден физиотерапевт вежба пациент, пациентот да доживува болка со плачење?
Дали некој има искуство со физиотерапевти и ако може да го пише искуството особено ако се работи за нозе (колкови, колена, стегнати лигаменти, стегнати тетиви, стегнати мускули) од недвижење поради операција или било што.
Одам во Козле на терапии и имам преголеми болки кога ме вежбаат и ми викаат така треба за да се опоравам а незнам дали е во ред толкави болки да трпам. Пишував на Англински форум, од таму една сестра медицинска со големо искуство ми вика под ниеден случај несмеам да трпам болки.
Затоа решив да прашам некој што има искуство со физиотерапевти и дали таа огромна болка би се исплатела, дали е вистина дека мора да боли толку за да се вратам назад во форма?
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
не сум стручен ама од она малку болно искуство што го имам сметам дека можни се две опции. Едната за жал нешто не е во ред па пробај да направиш нови испитувања зошто закрепнувањето не оди по планот а другото е дека форсираш пред време и треба да оставиш да организмот заздрави повеќе пред физиотерапиите... е сега кое од овие е во твојот случај само ти и стручните околу тебе што се запознати со случајот можат да знаат...
 
Член од
12 мај 2013
Мислења
28
Поени од реакции
12
Имам правено 2 операции на колковите и од самото лежење година дена со некои глупави вежби дојдов најверојатно до ова и од одењето на штаки карлицата ми се искривила па сеа и тоа го исправаме.
Лигаменти, тетиви се тоа е скратено и зглобовите се укочени. Јас знам дека треба да боли и дека се тоа треба да се раздвижи али толкава голема болка мислам дека не е во ред.
Отидов на операции за да ми прекинат болките за да можам да одам нормално а не за сега да плачам од болки од само обични лесни вежби, затоа прашувам дали некој има искуство дали болкиве би се исплателе дали е точно тоа што го зборат дека мора да боли за да оздравам или пак нема врска.
Не за џабе викаат "Не питај ГАТАЛЕЦ, питај ПАТАЛЕЦ"
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
За жал незнам што да речам, можеби како што викаш година дена било премногу за да се започне со поактивана рехабилитација, болката е релативна работа исто како и емоциите, никој не може да знае за друг што чувстува внатрешно. Најбитно не губи надеж и верувај во закрепнувањето и секоко не форсирај наеднаш. Организмот е чудна работа, секој е различен и секој може различно да се однесува во даден момент, сепак само внимателно и со верба...
 
ДИЌЕЛ

EGZIBICIONIST
Член од
17 јуни 2015
Мислења
85
Поени од реакции
28
Дали е нормално кога еден физиотерапевт вежба пациент, пациентот да доживува болка со плачење?
Дали некој има искуство со физиотерапевти и ако може да го пише искуството особено ако се работи за нозе (колкови, колена, стегнати лигаменти, стегнати тетиви, стегнати мускули) од недвижење поради операција или било што.
Одам во Козле на терапии и имам преголеми болки кога ме вежбаат и ми викаат така треба за да се опоравам а незнам дали е во ред толкави болки да трпам. Пишував на Англински форум, од таму една сестра медицинска со големо искуство ми вика под ниеден случај несмеам да трпам болки.
Затоа решив да прашам некој што има искуство со физиотерапевти и дали таа огромна болка би се исплатела, дали е вистина дека мора да боли толку за да се вратам назад во форма?
Студирам на високата школа на m.e.d.f-ukim за физиотерапевт, средно завршив физиотерапевт и разочаран сум што и медицински сестри и со диф факултет ја работат таа работа, а тоа со болката секогаш има безболно решение позз. Подалеку од завод за електротерапијата и.т.н само за специјалистички преглед.Во врска со болка прагот на болка е индивидуален кај секој пациент и јас имам правено терапија и утнаа и кога имав болки си станував и чао пријатно светки гледав од болка.
 
Последно уредено:
Член од
20 декември 2015
Мислења
122
Поени од реакции
40
jas znam deka pragot na bolka ne treba da se premine a tocno e deka toa e razlicno kaj sekoj pacient.isto taka tocno e deka treba da trpis MALKU bolka zasto dokolku pri vezbi ne dojde do toj stepen kineziterapijata nema nekoj efekt.
 
Член од
7 април 2010
Мислења
59
Поени од реакции
1
Некој да не знае има ли во Скопје физиотерапевт кој се бави со физиотерапија на карлично дно ?
 
Член од
22 мај 2014
Мислења
3
Поени од реакции
0
Имам еден проблем, имам изместувано десно рамо пред 10години, не е важно како се случи ми се извади назад, јас од болка го вратив пак го наместив , и не бев на лекар после тоа, од тогаш во почетокот стално ми се вадеше на спиење, потоа немаше проблем, поминаа 2/3 години и пак ми се измести, и така на 2/3 години се случува тоа, или на спиење или кога сум ослободен (лабав), па дали знае некој дали има некаков лек за тоа, или ни операција недај боже не помага...
 
Член од
1 мај 2012
Мислења
153
Поени од реакции
74

Вежбај ја мускултурата на рамото и рамениот појас... без многу форсирање и со стално потпомагање со здравото рамо додека вежбаш. А најголема грешка е што при ваква повреда не си посетил лекар, повреда од ваков тип треба да го стави рамото во мирување од 3-4 недели.
 
Член од
12 октомври 2008
Мислења
1.945
Поени од реакции
89
Дали во мк постои физиотерапевт за карлично дно (пелвис)?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom