Dave
subcomandante
- Член од
- 15 февруари 2008
- Мислења
- 1.663
- Поени од реакции
- 2.949
Драги пријатели на филмот,
Фестивалот на новиот германски филм од својата премиера во есента 2005 година се разви во омилена манифестација, чијашто популарност, на наша радост, постојано расте. Освен во Скопје, годинава Фестивалот ќе се одржи и во осум други градови во Македонија, во Тетово, Битола, Прилеп, Штип, Кавадарци, Струмица, Велес, и ме радува што оваа година Куманово е деветтиот град што ќе им се придружи. Со Филмскиот фестивал сакаме да дадеме свој придонес во развивањето на кино-културата во некои градови и повторното заживување на затворените кина. Со исчекување го очекувам јубилејот Десетгодишнина од Германскиот филмски фестивал, со кој ќе се одбележи германско-македонското кинематографско пријателство. Овој културен дијалог помеѓу двете наши земји не би можел да се оствари без Вашиот интерес за германскиот филм и Вашата поддршка. Од тие причини би сакала да Ви се заблагодарам пред сè, Вам, на пријателите на германскиот филм. Исто така благодарност сакам да им изразам и на нашите партнери, ПроКредит Банка и МКЦ Скопје, Кино Милениум, Кино Фросина, Центрите на културата во Прилеп, Битола, Кавадарци, Тетово, Струмица, Велес и Куманово, како и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Овој фестивал не би можел да се одржи без заедничкиот ангажман. Се радувам што и оваа година можеме да Ви прикажеме разновиден пресек на најновите продукции на германските кинематографи и на сите нас ни посакувам добра забава и пријатни мигови за време на Фестивалот на новиот германски филм 2013.
Гудрун Штајнакер
Амбасадор на Сојузна Република Германија
Немам никаква врска со организацијата, само сакам да ви кажам дека не е лошо да напраите пауза од американскине серии што ги штанцаат на производна лента како конзерви и малку да си го помачите паметот. Германскиот јазик знае да биде препрека и е малку проблем, ама темите и приказните најчесто се далеку од секојдневните клишеа. Јас сигурно ќе најдам време за некоја проекција.
https://www.facebook.com/pages/Фестивал-на-новиот-германски-филм/143701725674574