- Член од
- 3 декември 2007
- Мислења
- 3.718
- Поени од реакции
- 772
Нора Шаќири, Тони Михајловски, Ферус Мустафов се значајни имиња од македонската култура според авторите на учебникот по општество за петто одделение во основното образование.
Колку е непроценлива вредноста токму на овие личности за македонската култура па морале да бидат ставени во учебник не одговори министерот Тодоров, сепак одговорноста за содржината ја префрлува врз рецензентите на учебниците.
„Точно, затоа и тие рецензенти се ставени на корицата, можеме да ги прочитаме нивните имиња и они со нивниот професионален дигнитет и кредибилитет стојат веројатно позади тоа што го рецензирале. Доколку има пропусти, нормално се нарушува и кредибилитетот и професионалниот дигнитет на оние кои што ги рецензирале учебниците“, изјави Никола Тодоров, министер за образование.
Рецензентот на овој учебник професорката Антоанела Петковска од Филозофскиот факултет тврди дека немала ингеренции да се меша во неговата содржина.
Открива дека има низа недостатоци во начинот на рецензија на учебниците и таа најчесто била од технички карактер, се оценувале сликите, застапеноста на темите и слично, а помалку содржината, за неа биле одговорни авторите.
Министерот Тодоров признава дека не го прочитал овој учебник иако е испечатен од неговото министерство, а за содржината не можел да коментира.
„Ниту јас ниту било кој во државата не може да биде стручен и да ја еволуира содржината на секој учебник“, додаде Никола Тодоров, министер за образование.
Потпишани автори на учебникот се Кристина Краљева, Весна Павловиќ, Елена Станојковиќ и Соња Кирковска. Може да се забележи дека авторите меѓу значајните личности за македонската култура не ставиле сликари, музичари и писатели.
Па така нема имиња како Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Тодор Скаловски, Гане Тодоровски.